Во петок на бојкот? – Секоја акција може да успее ако има масовност! 31.01.2025

Ќе бојкотирате ли пазарување во Петок?

  • Да

  • Не, не ме интересира

  • Да, но мислам дека нема ефект.


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.752
Поени од реакции
6.170
Зошто? Што ти згрешија банките и пумпите? Знаеш дека имаме едно од поевтините горива во регионот, така?
Види, најголемиот ланец маркети заработил 7 мил. Најголемата банка, 100+ мил.
Викаш, ти смета висок профит. Која е логика да го бојкотираш првиот со 7, а не вториот со 100 мил ?
Ќе повикаш на бојкот и да откажеш кредитна картица, да плаќаш кеш и да одбегнеш провизија?
Автоматски споено мислење:

Зошто? Што ти згрешија банките и пумпите? Знаеш дека имаме едно од поевтините горива во регионот, така?
За пумпи...
Која е логика само Макпетрол да има профит колку 3-те најголеми ланци заедно, и да ти пречи профитот на вториве, а не на Макпетрол?
Знаеш дека Регулаторна дава ограничување само на максимална цена? И дека имаш и бензиски што нудат и гориво со поевтини цени? Значи може и Макпетрол...
Инаку, тој висок профит од гориво, и директно, и индиректно влијае на цени на производи...

И? Ќе повикаш на бојкот на Макпетрол и апел да се форсираат бензиски што даваат пониска цена?
Или притисок на Влада и Регулаторна да ги намали цените?
И ако не, зашто НЕ?
 
Последно уредено:
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.415
Поени од реакции
4.320
Незнам за акцијава денес, дали ке има некој резултат... али сум ги ебал дуќанџииве, не се ни свесни за опасноста која ги демнее, Први Мај се паѓа во четврток, прц затворени дуќаните- промет 0, од 2 мај има да ги спуштат цените и по набавна да продаваат... здравје догодина Водици у понеделник, уште еден здрав удар, па кај и да е мнозина од нив ке залепат на вратата стечај.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.789
Поени од реакции
115.740
Види, најголемиот ланец маркети заработил 7 мил. Најголемата банка, 100+ мил.
Викаш, ти смета висок профит. Која е логика да го бојкотираш првиот со 7, а не вториот со 100 мил ?
Ќе повикаш на бојкот и да откажеш кредитна картица, да плаќаш кеш и да одбегнеш провизија?
И? Како може да споредиш 2 различни правни ентитети од две различни бранши? Тоа е ко сега ја да кажам зашо Алкалоид има 10м профит, а Мајкрософт 20 милијарди...

Не ти ја сфаќам конекцијата на двата муабети најискрено.

Ја сеа може да ти дадам конкретен пример за маалска продавница што има маржи на кои и Тинекс и Веро би подзавиделе па не гледам некој да го бојкотира или да споредува профити.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.931
Поени од реакции
8.291
А зошто баш бојкот последен ден од месецот? Зошто не му текнало на некој бојкот да покрене иницијатива да биде денови пред дочек на нова година или за Бадник ден пред Божиќ?
 

placeb

place_b
Член од
21 јуни 2016
Мислења
3.383
Поени од реакции
3.180
Банките од друга страна се посебна приказна, уште малку ќе почне да наплатуваат и за секое логирање на мобилна апликација
Провизија од една банка во друга за 1000 ден (пред некој ден уплатив)70 ден и тоа кибс за мипс не знам.
Водење на сметка секој месец 40 ден, дозволено пречекорување - топ шоп цена за само 13.5 % - банките треба да се субвенционираат не земјоделците.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.752
Поени од реакции
6.170
И? Како може да споредиш 2 различни правни ентитети од две различни бранши?
Не ти ја сфаќам конекцијата на двата муабети најискрено.
Пријател, ако не можеме да се разбереме дека високите профити/цени на банка и гориво, ДИРЕКТНО прават високи цени на артикли во маркети, илузорно е понатамошна дискусија.

Ви сметаат последиците, а не ви сметаат причините...
 
Последно уредено:
Член од
9 јануари 2021
Мислења
1.032
Поени од реакции
1.092
Луѓе, факт е дека цело поскапување почна од февруари 2022 година, со изговор: војна Русија - Украина.
Заради ова,.заради она, се поскапија, а за жал сето тоа сноси последици врз луѓето.
 
Член од
30 август 2024
Мислења
133
Поени од реакции
620
Никој ништо не ти кажува, ти пишува се во договорот. Втора работа, никој со сила не те тера да го потпишеш истиот, сега бар има избор има 10+ банки во земјава, негде ќе ти се погоди каматата, нели? Трето, ако не го сфаќаш делот со каматата, што е сосема нормално за обичен човек, може да ги прашаш вработените да ти објаснат, ќе видиш тогаш што е варијабилна камата, кој ја контролира, како ја контролира итн итн.
Четврто, банките подлежат на регулатива од НБРМ која МОРА да ја почитуваат.
Петто, секоја банка има свој депозитен основачки влог, своја кредитна политика, свој начин на финансирање и затоа каматите некогаш во една банка се поволни, па потоа се качуваат кога истата банка ќе се изложи кредитно и ќе одлучи да го намали кредитирањето.

И еве што ако протестираш против банки, ќе добиеш нешто? Зависен си од нив, плата мора да земеш преку банка, парите сигурно нема под перница да ги чуваш.

Оваа па Стефи против бензиските пумпи ќе протестирала :pos: Секој со своја дијагноза овде.
Да ти пратам договорот од 25 страни? Не дека некој го чита, јасно ми е. Поентата ми беше околу моментот на променлива каматна стапка.

Никаде не ти пишува дека може да рипне 100%. Но ваљда тоа е нормално и според нив, ние треба да очекуваме дека такво сценарио може да се случи. Ако Банка може да ми зголеми камата од 5% на 10% со само еден емаил и објаснување „па ти потпиша договор дека е променлива“ ... тогаш не гледам причина зошто никој да не си прави што сака во однос на цени/зголемувања/маржи. 10% камата е лихва а не е кредит. За 2 години од сега, повторно ќе правеле ревизија и повторно може да се качи (според нив). А нивното решение е да си го рефинансираш за да ти останела иста камата. Значи може да биде иста, ама ако никогаш не го исчистиш... цел живот да си го враќаш.

Не ме дупи жити се... Класичен школски пример на лихва.

И да, како што си кажа, имам избор ќе идам во друга банка.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.789
Поени од реакции
115.740
Никаде не ти пишува дека може да рипне 100%. Но ваљда тоа е нормално и според нив, ние треба да очекуваме дека такво сценарио може да се случи. Ако Банка може да ми зголеми камата од 5% на 10% со само еден емаил и објаснување „па ти потпиша договор дека е променлива“ .
На кратко, пошо неам многу време.
1. Имаш фиксна камата во банка која е цело време иста и не се менува
2. Имаш варијабилна камата која се состои од ПП (процентни поени) + референтната каматна стапка на НБРМ. Овде променлива ставка е референтната стапка на НБРМ, не процентните поени од банката, па така имаш ситуација кога 2020 или 2021 сеа ме мрзи да проверувам, референтната беше 1,25%, а лани 6,3% ради сите овие срања во светот што ја изместија глобално економијата. Е сеа замисли имаш кредит со варијабилна камата која гласи 1,5 ПП + референтната, и таа била 1,25 во 2021 па така каматата ти била 2,75%, а потоа за година/две ради војните, короната и сите срања во светов рипа на 6,3% и каматата ти е 7,8%, нормално дека тоа те афектира и голема ти е ратата. Само, најлесно е да пцуеш а притоа да не го разбереш моментот со каматите. Запамти, РКС ја дефинира НБРМ, не самите банки.
 
Член од
30 август 2024
Мислења
133
Поени од реакции
620
На кратко, пошо неам многу време.
1. Имаш фиксна камата во банка која е цело време иста и не се менува
2. Имаш варијабилна камата која се состои од ПП (процентни поени) + референтната каматна стапка на НБРМ. Овде променлива ставка е референтната стапка на НБРМ, не процентните поени од банката, па така имаш ситуација кога 2020 или 2021 сеа ме мрзи да проверувам, референтната беше 1,25%, а лани 6,3% ради сите овие срања во светот што ја изместија глобално економијата. Е сеа замисли имаш кредит со варијабилна камата која гласи 1,5 ПП + референтната, и таа била 1,25 во 2021 па така каматата ти била 2,75%, а потоа за година/две ради војните, короната и сите срања во светов рипа на 6,3% и каматата ти е 7,8%, нормално дека тоа те афектира и голема ти е ратата. Само, најлесно е да пцуеш а притоа да не го разбереш моментот со каматите. Запамти, РКС ја дефинира НБРМ, не самите банки.

Другар, пробуваш нешто да објасниш со некој факти и бројки ама не ми ја разбираш поентата.

Банката ми вика ќе ти остане иста камата (значи може ако сакаат да остане иста од 5%) ама само ако го рефинансирам. Ако не рефинансирам, дека кредитот бил со променлива каматна стапка, они одлучиле дека Април 2025та ќе биде 10.75%. Ако рефинансирам на секои 2 години, никогаш нема да го исчистам кредитот и цел живот јас на нив камата ќе им враќам.

Ме разбираш ли што ти кажувам или сеа у круг ќе се вртиме со тотално небитни бројки?

Халк има фиксна од 5% на 8 години па после променлива која не надминува 8% до 8 години.. Шпаркасе 5% на 5 години па променлива до 8.5% до 8години. Да не ги редам сега сите. Стопанска нигде немаат наведено колку им е таа променлива, колку рипа процентуално и на колку точно време/период. Само - променлива.

Тоа „променлива“ толку многу те штити што утре може да си кажат камата ви е 25%. Кредитот почна со 4.5%, го кренаа на 5.5% и сега, преку ноќ, 10.75%. Не знам како да ти објаснам дека ова е поголем проблем во државава а не дали млекото во Кам било 69 а во Тинекс 73.

пс: Една банка има поголем профит од сите можни маркети заедно во цела држава.
Зборувај ми за процентни поени и РКС. Кур се тресе.

GioTlT2XQAAOD82.jpeg
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.789
Поени од реакции
115.740
они одлучиле дека Април 2025та ќе биде 10.75%.
НЕ ОДЛУЧУВААТ ОНИ, КАКО ДА ТИ ОБЈАСНИ ЧОВЕК НЕ ЗНАМ.

Халк на целиот период е фиксна за потрошувачкиот од 5%. Друже поима немаш што збориш, иди утепај се и не ме цитирај веќе. Изгубив пола саат од животот да ти објаснувам, а не сакаш ни да прочиташ што ти пишувам и тераш со глава кроз ѕид. Терај и не замарај.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.571
Поени од реакции
5.616
Наместо да следиме трендови и да бојкотираме маркети на 1 ден, малце само да размислевме и да се договоревме да бојкотираме 1 или 2 ланци на маркети на 1 недела многу повеќе ќе се постигнеше.
Еве бојкотот заврши, топ, сеа за утре што праиме? Во понеделник ќе купиме нешто?

*не, не критикувам, само давам свое гледиште. Треба да се има бојкот, треба да се потрудиме да смениме нешто, но треба да биде ПРАВИЛНО фокусирано, и со 1 ден не праиме ништо. Треба да се најде кој највеќе заслужува и кон него да се фокусира бојкотот недела, две, месец небитно. Вака со 1 ден ништо не се праи.





Стопанска Банка за потрошувачки, каматна стапка од 5.5% ја кажува на 10.75% во Април, 2025 година. После 2 години, значи 2027, повторно ќе ја качеле бидејќи била променлива.

Баш ме интересира ако протестираме против банки дали владава ќе не подржи и излезе со нас.
Те молам дај ми пример како би можеле да протестираме против банките?
Приморан си да ги користиш банките, ако ништо друго за плата мора преку банка да ти иде.
Како ти би направил бојкот на нешто што си приморан да го користиш?
И да не користам ништо, ни кредит, ни минус на плата, буквално ништо да не користам, пак морам плата да зеам преку банка, пак мора пари за милион работи да ги уплатам на нечија сметка во банка, пак сите бизниси мора прометот да го уплатат во банка итн.

Едноставно јас не гледам начин како би можел некој да бојкотира банки. Да, 1, 2 банки може да се бојкотираат ама факт е дека без банкарскиот систем нашето општество не може да фунцкионира, едноставно така е направено во државава а и секаде во светот.



За банките ме мрзи да објаснувам, а не е ни темата за тоа, ама имаш 300 000 механизми за да го избегнеш плаќањето на провизии за услуги. Првиот механизам е да исчезнеш од шалтерите на банките за секоја ебана сметка (не зборам за тебе него општо), потоа полесно е.
Ти го сфаќам болдот во целост, и се сложувам не (само) од финансиски туку од временски аспект но тука има големо ама.

Самите шалтери постојат токму за тоа, да се услужат клиентите на банката, истите тие клиенти кои што веќе си плаќаат за тие услуги, многу неблагодарна работа но мора некој да ја работи и да ги трпи сите тие луѓе што доаѓаат.

Пак ќе кажам, ДА во право си, онлајн е многу по практично и во 99% од случаите мислам дека повеќето од нас го практикуваме нормално кога можеме.

Но ајде да не биде оф топик целосно постов, болдот тука ти е исто како Тинекс на пример да отвори Веб Шоп и да ти каже 1, 2, 5 или 10 денари плус на секоја сметка, за користење на услугите, ако не ти одговара нарачај си онлајн и ќе ти стигне дома - чиста работа. Истото е, и од банките и од маркетите зависиме, само кај маркетите среќа па има многу поголем избор и нормално маркетите мораме многу почесто да ги посетуваме лично.

И не, не би ми било проблем да дадам 50 денари ако вадам пари од шалтер ако знам дека барем 5 денари ќе земе вработениот како бонус од мојата трансакција. Исто е за се што дополнително се наплаќа. Плаќам одржување на сметка, плаќам сите тие ситни работи што сум се сложил, ако веќе ме тераш да платам Х сума бидејки ти го користам просторот, вработениот итн. барем нека земе тој истиот вработен % од тоа што ми го наплаќаш како бонус. Нека види малце ќар и обичниот вработен а не само банката/фирмата да се богати.
Нормално исто како тој што работи на кредитирање што брка таргет, или некој што работи продажба со таргети што си брка таргет така и тој што работи со услужна дејност треба да има некој мотив - доколку нели таа услужна дејност се наплаќа дополнително.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom