Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Член од
22 ноември 2021
Мислења
102
Поени од реакции
76
Со Холандија на поставен напад,мислам дека нема да имаме проблеми.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
4.089
Поени од реакции
10.103
Побрзи да но ни приближно корпулентни во одбрана како маџарите.
Mislam deka protiv Holandezite ke ni bide polesno vo napad, ali poteško vo odbrana pred se zaradi nivnata brzina. Ke treba fokusot da bide skroz na Steins i Smits kolku e toa možno, a da se ostava prostor povekje na drugi pozicii.Nešto slično kao so Ungarija koga se fokusiravme na nivnite pikeri.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
2.600
Поени од реакции
2.670
Побрзи да но ни приближно корпулентни во одбрана како маџарите.
ке бидит жестока утакмица стафан олсон отсекогаш се палел екстра на репки од бивша ју.....полесно ке ни бидит во напад и одбрана но тие ке фураат брз центар и контри и тука да ги спречиме ..главна е тројката кај/лук/дани.....мислам кире ке напрајт измени и близнаците ке добијат повеке шанса ,нека го остает дани да лупат од 9 метри и него да му фатит никучот неколку живи
се надевам на тесна победа
 

madrock

Bogey
Член од
23 април 2014
Мислења
770
Поени од реакции
2.430
Ja da sum kirca ke stavam nekoj nebiten igrac da go cuva Steins i pri prv napad krvnicki da go faulira da go ispotepa makar i u koma da go stavi i normalno crven ke dobie igracot ali so kurac ako e nekoj nebiten :icon_lol:
Па сите се исто "битни", тешка конкуренцијa :icon_mrgr:
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.775
Поени од реакции
115.690
Ja da sum kirca ke stavam nekoj nebiten igrac da go cuva Steins i pri prv napad krvnicki da go faulira da go ispotepa makar i u koma da go stavi i normalno crven ke dobie igracot ali so kurac ako e nekoj nebiten :icon_lol:
Сеа да си до мене како ќе ти залепам еден шамар за ова што го пиша има 3 дена да се чудиш. Говедо едно.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
4.089
Поени од реакции
10.103
Sea koa ja gledav reprizava ušte povekje mi e muka što ne pobedivme. Po mene Tomi ja usra prvata situacija koga beše sam eden na eden so Bodo kade možeše bez problem da mu izbega na desno i čak da realizira od krilo, vo kraen slučaj bi bil penal ili faul. Vtorata šansa vo polsedniot napad Mitev samo sa ja svrteše na levo krilo. Ali jebiga polesno e koga se gleda na tv.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.775
Поени од реакции
115.690
Холандија шо голмани има?
Ништо специјално. Холандија има 2ца светска класа играчи, Смитс и Стеинс, а останатите се просечни играчи кои одлично се вклопуваат во нивниот систем базиран на брза игра и транзиција. Затоа последниве неколку години имаат по неколку ултра срамни порази од поквалитетниве репрезентации, зашо ако им ја запреш транзицијата тогаш не знаат кај тераат.

Како знаеме и умееме мора да умртвиме игра и да ги тепаме повеќе гореспоменатите двајца, а со тоа да ги направиме нервозни. Ме плаши многу Стеинс, нема теорија Мечка и Марковски да го пратат, ќе имаме сигурно доста исклучувања. Од друга страна против Унгарија очајно го браневме нивниот десен бек Илиќ, а сеа на таа позиција го имаме Смитс, еден од најдобрите во свет на таа позиција.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
2.600
Поени од реакции
2.670
Холандија шо голмани има?
имаат добар голман ,во бундеслига бранит и кој ке влезит во ритам ко ландин е,се надевам најлош ден во кариерата да му е против нас
 
Член од
27 јуни 2022
Мислења
222
Поени од реакции
699
Мора да изгинат и утре, да пробаме да изненадиме па во недела да одмараме за главна фаза. Е таму може се да се случи.
 

newcastle

Shearer
Член од
23 декември 2014
Мислења
495
Поени од реакции
395
Дечки Холандија не е Данска, утре ги добиваме 100%, ние кога игравме по првенствата нив ги немаше на мапата сега ги правите велесила.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.393
Поени од реакции
7.041
Денот потоа, со ладна глава...

Потајно очекував дека имаме поголеми шанси со Унгарија отколку што изгледаше на хартија и се покажа точно. Ние традиционално имаме повеќе проблеми со екипи кои играат побрзо, на константна транзиција, брзи бекови опасни на влез, и генерално екипи кои ретко прават технички грешки. Унгарија не е таков тип на екипа, затоа бев релативен оптимист, иако нормално Унгарија сепак е многу сериозен тим, реално за четвртфинале се спремни. Малку ми е жал за изгубениот бод, реално ги имавме, ама што е тука е, мора да се оди натаму.

Објективно ова е една од подобрите партии што сме ги одиграле на првенство во последните години. Целта за ова и следните првенства е да бидеме горе долу на ова ниво на секој натпревар (со по некој блесок на совршен натпревар - како со Фарски во Скопје). Ако го држиме нивото, ќе имаме можности за интересни првенства и реални битки со сите на првенствата, без разлика на исходот. А во принцип тоа е тоа што пред се го бараме - учество и реална борба со сите.

Малку подетално за самиот натпревар што ми фати око:
- Клучот за нас е секогаш во изгубените топки - ако се под 10 имаме шанси, ако се повеќе сме аут. Тоа е горе долу (макар што нормално зависи од бројот на поседи т.е. колку напади ќе има). На овој меч имавме точно 10.
- Ми се допаѓа што квалитетно изротиравме, ќе ни треба свежина и за втората фаза. Единствено го потрошивме вчера Кузмановски, што и се гледаше во финишот, можеби не е лошо посериозно да одмара тој со Гвинеја. Интересен нов детал на статистиките на ИХФ е овој график за кој кога играл и што направил додека играл

MKD - HUN playing time.png

- Правилно поставена одбраната од страна на Кире - високо на лев бек, ептен згуснато на средина околу Банхиди. Тоа нормално значеше дека ќе се остави простор за Илич, што на почетокот тој знаеше да го искористи напаѓајќи меѓу Петар Атанасијевиќ и Лазаревски, но Илич не е сеуште играч од таков калибар за 10тина гола да ни даде. Заради ова бевме на мали детали од добивање на унгарците. Малку паднавме на 2ка во второ во однос на прво полувреме и го разигравме Бодо, ама не може да се очекува совршеност од тоа што го имаме играчки на располагање. Н.Маркоски меч на неговата репрезентативна кариера. Го имав отпишано со години, ама апсолутно ме демантира.

- Кузмановски, man of the match без дилеми, особено изненадувачки е начинот на кој што растури, како класичен бек шутер со еден куп добри удари од 9 метри. Особено неверојатно е што ова ни беше најјака страна на мечот, 13/20 шут, најдобри во првата рунда, а вообичаено ни е најслаба. И тоа против една од највисоките одбрани.

- Митревски имаше солиден ден да, еден од клучните наши играчи, но всушност јас би рекол дека имаше ден каков што имаат во просек топ 15 репрезентациите од Европа. 13/38, 34%, солидно, но за споредба еве ја листата од прво коло:

ГК р1.png

Вака треба на секој меч да бранат голманите, а не еднаш на првенство.

Против Холандија, очекувам многу поразличен меч. За нас и многу потежок, не ни лежат воопшто. Плус сега знаат дека сме опасни и секако нема да не потценат. Веројатно тоа ќе значи и малку поразлична ротација од вчерашната (повеќе минутажа за Павле Атанасијевиќ, можеби и за Стојковиќ/Карасманакис. Помала за Пешевски и Н.Маркоски. Клучен може да е Лазаревски, како и Петар Атанасијевиќ и Џонов на 5ка. Ќе ни треба повеќе дуел игра, без разлика дали ќе играме 6-0 или 5-1 (јас би агресивна 6-0). Мора да се запре транзицијата. А за тоа мислам дека нема да смееме да правиме измени. Тоа не е меч за Пешевски.

Ама за тоа повеќе ќе мислиме утре :)
Автоматски споено мислење:

Ништо специјално. Холандија има 2ца светска класа играчи, Смитс и Стеинс, а останатите се просечни играчи кои одлично се вклопуваат во нивниот систем базиран на брза игра и транзиција. Затоа последниве неколку години имаат по неколку ултра срамни порази од поквалитетниве репрезентации, зашо ако им ја запреш транзицијата тогаш не знаат кај тераат.

Како знаеме и умееме мора да умртвиме игра и да ги тепаме повеќе гореспоменатите двајца, а со тоа да ги направиме нервозни. Ме плаши многу Стеинс, нема теорија Мечка и Марковски да го пратат, ќе имаме сигурно доста исклучувања. Од друга страна против Унгарија очајно го браневме нивниот десен бек Илиќ, а сеа на таа позиција го имаме Смитс, еден од најдобрите во свет на таа позиција.
2ца светска класа, ама имаат уште неколку опасни играчи, особено Бајенс кој ќе игра на лев бек. Ама имаат горе долу една постава. Тие имаат подобра прва постава, ние според мене имаме подобра ротација.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom