Јас мислев сигурна си во победа.
Ех да бев сигурна ќе ставев све на коцка немаше по цицки да се кладам тука
Дека се надевам и верувам во победа да, кој фан не би се надевал, плус Атлетико стварно добро изгледа овој период, кој ги гледал знае, не е тоа никаков курч од моја страна, инаку јас сум прва да ги кудам кога не му оди.
Вака сега Барселона иако не пречекува ослабена оти не игра Јамал кој патем прави огромна разлика на теренот, за тоа говори статистиката со и без него, влегуваат во мини криза, а кај нас пак се е спротивно, Чоло го има цел тим на располагање, играчите се во форма, поготово Аргентинците, не престануваат да полнат мрежи.
11 победи по ред, од кои 6 во лигава
Сите овие факти не се занемарувачки ама сепак е дерби и натпреварот има голема тежина и за двете екипи.
Плус фактот дека Чоло нема победа во Барселона, тоа си стои.
И двата тренери и играчи се свесни за сите овие податоци, тоа и на прес го изјавија.
Ќе видиме утре, нов натпревар, не знајме шо не чека, се надевам добра утакмица со голови ама без инфаркт завршници поради моето моментално стање
Доволно се истресирав изминатиов период
И на последните тренинзи вака изгледа поставата и најверојатно така ќе биди.
Галагер влегува за Лино, тоа е единствената замена од претходните кола.
Ленглет ми е сумлив за со вас ама Ле Норман најверојатно се плашат да почнат со него оти многу мала минутажа имаше откако се врати од повредата на главата.