La Liga Santander 2023/24

Шампион?

  • Барселона

  • Реал Мадрид

  • Атлетико Мадрид

  • Реал Социедад

  • Виљареал

  • Реал Бетис

  • зошто не сопрев после Атлетико?


Резултатите може да се погледнат само после гласање.

McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
2.778
Поени од реакции
10.541
laliga-logo-horizontal.png

Добре дојдовте, влезете, не се собувајте. После 7 години, нова тема.

Краток вовед, да видиме што не очекува годинава.

Ова ќе биде 93-та сезона во Ла Лига, најдоброто фудбалско натпреварување во Шпанија. Започнува на 11 август 2023 година и е планирано да заврши на 26 мај 2024 година.
Бранител на титулата е Барселона, откако ја освои својата 27-ма титула претходната сезона.



Годинава, во најелитната фудбалска лига, нема да ги гледаме тимовите на: Елче, Алмерија и Еспањол ( :kuracc: ).
Првите две екипи кои заработија промоција од Сегунда Дивизион беа Гранада и Лас Палмас, кои беа први, односно втори. Гранада се врати во Ла Лига по едногодишно отсуство, додека Лас Палмас се врати по петгодишно отсуство. Третиот и последен тим што беше промовиран беше Алавес, откако победи во финалето на плеј-офот против Леванте на 17 јуни 2023 година, враќајќи се по едногодишно отсуство.


Така, оваа година ке се натпреваруваат:
IMG_20230803_211339.jpg
(Ако не ги знаете тимовите-гуглајте, ме мрзи да пишувам од телефон)

Нема потреба од широк вовед, никој нема да го чита. Трансфер дискусиите може да ги продолжиме во коментари.

Мое предвидување е дека Барса ке успее да ја одбрани титулата.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.970
Поени од реакции
35.607
Така е Мајоре Том, добра одлука. Бев баниран во старата тема, најверојатно ќе бидам и во новата но тоа нема да не спречи да правиме пркос!!!

Виска Бетис.:aplauz:
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.144
Поени од реакции
16.658
Ќе видиме како ќе се одвива трансфер пазарот до крајот ама засега освен шпекулациите за Мбапе во Реал некако тивки се трите клубови.
Појма немам шо да очекувам.
Атлетико има тим да се брка за титула, ги пополни дупките во дефанзива, уште еден везњак да се пазари и ок ќе бидат.
Се зависи и од тоа каков старт ќе имаат, ако нагазат од почеток јако тогаш ќе се брка до последно коло, така вика историјата изминативе години.

Инаку во план сум дербито да го гледам на Метрополитано само да потврдат датата и купвам одма карти :)
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.285
Поени од реакции
22.570
Се надевам а и сакам оваа сезона Валенсија многу порано да си го обезбеди опстанокот.
Инаку покрај Реал и Барселона и Атлетико М. мислам дека Севиља ќе се врати во топ 4. Од сензации прилично досадно ќе биде на врвот.
За опстанок мислам како лани 6-7 екипи ќе висат до последни 2-3-4 кола.
 
Член од
29 април 2015
Мислења
4.059
Поени од реакции
3.843
Меѓудругото, треба да му се ебе матер на Тебас. Сам ја бута вредноста на лигата...
Еден глуп пример, Калибули кој е над 30год, кај арабиве после катастрофа година го наплатија 30 милки, а Кеси, кој стварно го држеше цел Милан неколку сезони и имаше солидна сезона у Барса со титула на 26 години рдвај 15 милиони... али тоа е.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.144
Поени од реакции
16.658
Интересно е шо едниот е член од 2021 година а другиот оваа недела се регистрирал :icon_lol:
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.144
Поени од реакции
16.658
ИдИдиотот цел натпревар пробуваше да го искрши Симеоне, на крајот му успеа.
Му ја сјеба сезоната а баш сакав да го видам во прва лига
Пријателски натпревар, па уште му вика станвај станвај, а овој се витка од болки на трева :mad:
 

McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
2.778
Поени од реакции
10.541
Во петок започнуваме.
IMG_20230808_224403.jpg
Отвараат Алмерија и Рајо Ваљекано. Истиот ден, во покасен час, не' очекува интересен меч, меѓу Севиља и Валенсија.
Дерби на колото - Атлетик Билбао - Реал Мадрид.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom