Саем на книгата

  • Креатор на темата Креатор на темата Emma
  • Време на започнување Време на започнување
Кои 10/15 книги би ги препорачале, кои секок човек би требало да ги прочита? Светска и македонска литература.
Сакам да купам различни книги, да направам колекција, за поклон на драга личност.
Мислам дека ќе ја усреќам. Ако не, шоља и парфем, не ми бега. :D
 
Пак ќе има невидена гужва од ученици кои се таму за да не купат ништо. Не се многу 100 денари, тоа си во право, ама барем да има некакви попусти. А тие преку цела година организираат настани каде продаваат книги со 20, 30, 50% попуст, доаѓа Саем, истите книги се со 7% попуст. Па некои (Антолог, на пример) уште се фалат како имале книги по 150 денари (а тоа останати залихи што никој не ги купува, и што пред 2 години биле 50 денари). Секоја чест за исклучоците (поточно исклучокот - Бегемот). Се останато - повеќе вреди да не одиш на Саем и да ги чекаш нивните фестивали, отколку да одиш и да ги дадеш тие 100 денари само за да гледаш.
Арс Ламина/Либрис ( уште не научив што е разликата со имињата :unsure:) имаат многу добри попусти сега гледав слики по фб групите. Ама не видов ни каталог од нив, ниту опција за онлајн нарачки. :place:
 
Си го испуштил:
АРС ЛАМИНА КАТАЛОЗИ:

Арс Либрис
Либи
Инаку, не ви се пофалив: кога бев на саем во петокот, на два пати од страна на писатели / издавачи / вработени на штандови беше спомнат форумов или конкретно оваа тема, на што си се смешкав под мустаќ додека разгледував. Значи добро е, нѐ читаат! :pipi:
 
Го сакам Набоков, но ова е единствениот негов роман што не можев да го дочитам.
И јас не ја дочитав, ни до пола не стигнав, ја оставив. Ја зедов мислејќи дека ќе биде на ниво на "Лолита" ама се разочарав.
 
Си го испуштил:

Инаку, не ви се пофалив: кога бев на саем во петокот, на два пати од страна на писатели / издавачи / вработени на штандови беше спомнат форумов или конкретно оваа тема, на што си се смешкав под мустаќ додека разгледував. Значи добро е, нѐ читаат! :pipi:
Да те прочита сеа Румена.... ццццц. :D
 
Да те прочита сеа Румена.... ццццц. :D

Тек мене да ме прочита има цел хелсиншки, хера и толпа жени со пола бричена глава, а небричена мишка да ме тужат во Стразбур за повреда на родови чувства и идентитети.
 
Предцрнопеточни попусти на Три:

и на Арс Ламина/Литература/Арс Либрис или како и да им е крајот.

Серијалот Шерлок Холмс е 150 денари книга или цел комплет 9 книги за 1350 денари што е џабал'к. Тоа и Машини Како Мене се препораки од мене.
 
Серијалот Шерлок Холмс е 150 денари книга или цел комплет 9 книги за 1350 денари што е џабал'к. Тоа и Машини Како Мене се препораки од мене.
+и Хари Потер секоја книга е со минимум 30% попуст. Кој сака да го собере серијалот, сега му е мајката.
 
Првите 4 се по 150
Или гледаш некаде друго

Јас па само Шерлок пишувам во search офффффф
 
+и Хари Потер секоја книга е со минимум 30% попуст. Кој сака да го собере серијалот, сега му е мајката.

А не, не се давам така лесно. Ќе си почекам и ќе паднат во мои раце како што јас сакам. Па макар биле оние од Култура. :D

Првите 4 се по 150
Или гледаш некаде друго

Јас па само Шерлок пишувам во search офффффф

:lolzz:Ако ти е за утеха и јас се заебав на истото. Бев излезен кога ми се појави објавата и сакав да ја разгледам дома асално на лаптоп. Најверојатно до мене е ама не се научив да функционирам на смартфон, (држев отпор колку можев и првиот го купив во 2017 до тогаш бев на типки), премало, пренепрегледно, функциите и менијата треба да ги бараш по тие 3 или 4 паралелни линии, кога типкам правам сто печатни грешки оти буквите се збиени една до друга, ужас. И се враќам дома ај асално на голем екран да изгледам цела понуда на раат и гледам не ми го дава цел серијал и ги имаш оние моменти добро не е ваљда да сум ненормален знам што видов во објавата. Ми текна после минута-две.
 
Еве ги и Антолог со црн петок, има такуѓере топ понуди.

Некој ако може да ми ја земе Идол на ѕидот, па за некој месец ќе се раздолжиме. Не ми се плаќа 1500 денари за достава, а само таа ја сакам. :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom