Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Пак ќе има невидена гужва од ученици кои се таму за да не купат ништо. Не се многу 100 денари, тоа си во право, ама барем да има некакви попусти. А тие преку цела година организираат настани каде продаваат книги со 20, 30, 50% попуст, доаѓа Саем, истите книги се со 7% попуст. Па некои (Антолог, на пример) уште се фалат како имале книги по 150 денари (а тоа останати залихи што никој не ги купува, и што пред 2 години биле 50 денари). Секоја чест за исклучоците (поточно исклучокот - Бегемот). Се останато - повеќе вреди да не одиш на Саем и да ги чекаш нивните фестивали, отколку да одиш и да ги дадеш тие 100 денари само за да гледаш.Што се бе 100 денари? Смешно е за 1.6€ влез на некој настан воопшто да се дискутира.
Подобро да се плаќа влезница и со тоа ете некој попуст отколку да биде невидена гужва од луѓе кои секако нема да купат книга, туку се таму само за да го утепаат времето.
Има карта за 3 влегувања, 250 денари.Не дека се премногу 100 денари иако доста луѓе се побунија особено оние од провинција од каде превоз плаќаат нели, па уште стотка влезница, ама пример некој што сака да се види со повеќе гости-автори кои обично ги распоредуваат во различни денови, треба да купи повеќе карти. Нека е и 150, ама да важи за сите 7 дена на пример.
Секако дека ќе влијае. Оние што се шлепаат за џабе или да се натопорат на инстаграм со некоја корица демек читаат нешто вау ќе ги нема во толкав број.Абе јасно, кој сака да дојде и 500 ќе плати, кој не, тоа ќе му служи за изговор. Ама факт е дека покачувањето на картата неоспорно ќе влијае на бројот на посети, можеби не којзнае колку, ама пак ќе има влијание.
Таа организација на Саемот последниве години не вреди ни 10 денари. Да соберам неколку луѓе ќе организираме ист ваков настан без капка пот. Саемот е на апарати за реанимација во последниве неколку години што и да го нема утре, нема на никој да му недостига. Секако дека е жално тоа, но со сѐ поголема негрижа, и поскапувања на секој чекор, не гледам како би бил релевантен во иднина. Да не бидам разбран погрешно - не е проблем 100те денари,, проблем е што со вакви одлуки се оддалечува саемот од обичниот народ затоа што луѓе сакаат да го посетат повеќе дена.Цела таа организација кошта пари па ферски е и влезница од 100 да платите. Значи збориме за 100 денари. Не за 500-1000. Со 100 денари последен пат кога проверив едвај доручек можев да си дозволам или едно кафе.
Ако сакате вакви настани да се одржуваат секоја година потребен е придонес. Ако само има разгледувачи кои дошле да се шлаат без да купат ништо, брзо ќе му дојде крајот на саемот и после ќе се жалиме како немаме ништо.
Уф, јас бев пресреќен кога не можев да се разминам од гужви и секакви посетители на саемите пред корона. Ми се допаѓаше дека беше баш како кланица. Секако голем процент од посетителите купиле нешто ради-реда, ама еден мал дел нови посетители сигурно доживеале откровение и одвај чекале да се вратат пак. Со тоа што Саемот не нуди попусти како што треба, нѐ дочекува слика на летаргија последниве години - луѓе механички се движат меѓу штандовите (меѓу кои и јас), и купуваат едвај две-три книги мрчејќи за сѐ и сешто. Не очекувам книга да е 100 денари, но очекувам попустот да е поголем од 100. Ми нема смисла книга од 500 денари да е 450 на попуст. Ме фрустрира и ме прави тажен за оние што не можат да си ја дозволат дури ни за овој настан, а не пак по редовна цена.Саемот треба да има друга цел - промовирање на книги, нови наслови, средба со автори, предавања... се' на едно место во исто време. А не кланица као во америчките супермаркети за Black friday. Затоа си имаат индивидуални попусти.
Трето, да кењаш зошто книгата е поскапа од 100 денари и да не ја купуваш, а притоа имаш дозволив буџет за неколку наслови но ете помило ти е да ги спичкаш за викенд во клуб/кафана, не те прави ништо поразличен од оние што воопшто не купуваат книги затоа што не ги читаат.
А како се оправдува поскапувањето на книга што 10 години им стои во магацин на издавачите и фаќа прашина? По која логика треба да го ценам Саемот како настан поради тоа што ми дава можност да купам 10 години стара книга значително поскапа од претходно?Еден ебан хамбургер во седмица, кој патем е двојно намален од претходно кога беше многу поефтин, сега чини 220 денари.
А како се оправдува поскапувањето на книга што 10 години им стои во магацин на издавачите и фаќа прашина? По која логика треба да го ценам Саемот како настан поради тоа што ми дава можност да купам 10 години стара книга значително поскапа од претходно?
книгата треба да биде достапна на секој, а издавачките куќи станаа тешки скалпери после короната