Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Ada, каква ќе ми биде годинава?:pipi: Фрлај гравчињата таму!
 

Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433
При бидејки услов за да добијам анализа е јас самиот да направам ајде нека се јави некој доброволец и.....head scanning may begin!!!:helou:
 

Antagonist

Systematic Victory
Член од
7 април 2007
Мислења
842
Поени од реакции
41
При бидејки услов за да добијам анализа е јас самиот да направам ајде нека се јави некој доброволец и.....head scanning may begin!!!:helou:
Ај направи ми анализа ќе ти вратам после тоа ..освен ако немаш некоја посебна желба од некој друг:smir:
 

Drama Queen

Sky Catcher
Член од
2 септември 2007
Мислења
1.739
Поени од реакции
65
Е па значи еве ја мојата ветена анализа, бидејќи сега најдов време.

Значи вака: Најпрвин кога те запознав, ми изгледаше малку сериозно, нерасположено а и те немав многу заприметено на форум.
Подоцна почнав да ги читам твоите постови и во многу од нив и се имам пронајдено.
Мислам дека се девојче кое пред се внимава на надворешниот изглед,сакаш секогаш да си средена и ти годат комплиментите кои ги добиваш за твојот изглед.Прилично си самоуверена и јака личност,имаш самодоверба и се сакаш себеси.И не ти е грижа дали некој ќе помисли дека си нарцис.
Ми се допаѓа твојата одлучност.Ако пресечеш нешто или ако одлучиш нешто ,тогаш тоа е дефинитвно и крај.Не си од оние како ветар што ги менуваат своите ставови.
Не провоцираш,не се караш прва,но затоа ако некој ти нагази на нерв,знаеш да бвидеш опасна и импулсивна и избувлива.
Знаеш како да се бориш за себе,знаеш како да се снајдеш и да ги оствариш своите интереси.
Но,сепак мислам дека имаш кревко срце.Сепак имаш и ранлива страна која што малкумина имаат можност да ја видат.Сакаш да се заштитиш себе си од повредување и страдање и знаеш да ставиш ладна маска,но сепак во суштина си многу фино и весело девојче.
Сакаш да веруваш во љубовта.Мечтаеш за човек кој ќе те сака,почитува и кој ќе те третира онака како што заслужуваш.Некогаш имаш премногу високи идеали.Тоа е супер,само што има многу злобни луѓе на светов кој се ќе направат да ги урнат идеалите и да те уништат тебе.
Но,гледајќите и читајќи те,сигурна сум дека си вистински борец и дека сите тие злобни усти нема да дозволиш да те повредат.
А имаш уште да се развиваш како личност.Само продолжи во овој правец и сигурна сум дека уште многу ќе напредуваш.

Анализата е прекрасна а исто и ти!:pipi:Знаев дека во нешто сме слични...си погодила многу работи а најмногу тоа дека кријам што чувствувам и не покажувам слабост.Фала на убавите зборови...:back:
 

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Новогодишни подароци годинава не дадов никому, ама ми текна на еден постар долг.
ВикторГГ
Форумџијата Виктор: Ми се допаѓа како кратко, јасно и разбирливо ги искажува ставовите. Со пластични, конкретни примери.Секогаш интересен и духовит, често знае искрено да ме насмее со некој досетлив пост во негов стил. Кога ке му здодее од монотони и еднолични постови тогаш ја вади од ракав провокацијата како негово силно оружје и тогаш влегува во конфликт со форумџиите.Ама не конфликт кој значи кавгање и расправање туку волево и свесно провоцира дискусија затоа што е љубител на квалитетните и жустри дискусии.
Личноста Виктор:Иако паметен и интелигентен имам чувство дека не е многу трудољубив или амбициозен. Му се допаѓа тој процес на учење, сознавање стекнување и разменување на искуства и знае да се раскомоти во таквата средина па подзаборава на некои здодевни задачи кои некогаш мора и подифолт да се извршат па како да ги подостава и одложува. Понекогаш знае да прозвучи егоцентрично и пресамоуверено за во следниот момент да е полн со прашалници, несигурен и повлечен. Ама тоа е вагата во него, и тој баланс од хиперактивност до флегматичност, од животна желба и енергија до сиви периоди, од импулсивност до повлеченост како постојано да го следат каде е да оди. Искрен е и оваа особина исклучително ја цени и кај другите личности како една не толку застапена карактерна црта во денешно време. Проникливоста и интиуцијата го прават умешен и во полето на психологијата и филозофијата па и тука можеме да го сретнеме како разглобува некоја тематика и тоа успешно го прави благодарение на сопственото животно искуство и познавање на животот и лугето воопшто.
Религиозна определба:Колку што имам забележано- агностик.
Сексуална ориентација:Стрејт (докази има полно).
Партиска определба:/
Патриот не знам колкав е,ама едено е сигурно, бугарски пасош нема да земи.:)

Викса, од мене толку од господ поќе (нели под услов да постои),чекам контраанализа.:smir:
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
хаха добро е ова анализа :pos2: на рака да не гледате
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
хаха добро е ова анализа :pos2: на рака да не гледате
Не на рака...На стаклена кугла обично, а кај акутен интелектуален мањак у комбинација со хроничен недостаток на хумор, доволно е еден ред да прочитаме од некој пост за да направиме пристојна анализа.
Сакаш?:vozbud:
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.136
Поени од реакции
25.669
I za mene od Bob,Divajn, Fortune,Sussaro:nesvest:
Секако. Само мислам дека бојфренд го надбљудува форумот па ќе пазам со зборовите:nesum: .

Лејди

А што има да се каже за девојката којашто е прогласена за една од најмистериозните на форумот. Лејди има 28-29 години. И по годините и по постовите се гледа дека станува збор за девојка со изградени ставови, карактер и особини, тоа не значи дека животните турбулениции нема да постојат како и секогаш меѓутоа персоналните се веќе втемелени со 12-ка арматура и цврст бетон. Си ја сака Анџелина Џоли, сите ние си ја сакаме ама да го погледнеме тоа од женска перспектива. Анџелина Џоли е самоуверена, самостојна личност со врхунска убавина која што самата си ги диктира животните координати, сама поставувајќи си ги напоредниците и меридијаните. Од друга страна е хуманитарка и личност која се бори за општо добро. Си го има Бред Пит и што друго и треба? За Лејди тоа се идеалите што една жена треба да ги има и препоставувам дека и самата таа добар дел од животот си го има наредено така и сега е единка sui generis.
Е сега Дамата е растена во време кога МТВ беше монопол, дневникот почнуваше во 19:30 а хит цртан филм беше Бохоушек поточно Бохоуш а најточно Радован. Сликите на импертаторот биле во секоја училница и тој бил сметан за месаја. Па балканските војни и тешката транзиција. Од таквата позадина претпоставувам дека потекнува и тоа што е малку нефлексибилна како личност со некогаш и крути ставови но никогаш во екстремни граници. Во секој случај знае да го брани своето дури и по цена на непопуларност што ја наведоа на ситни проблеми со форумската админстрација на почетокот. Во социјалната средина е ненаметлива личност сака работите да одат чекор по чекор, треба време за во некого да стекне доверба и да се зближи. Е сега останува прашањето на мистериозноста. Тоа се должи на зачувување на приватноста во симбиоза со благата несигурност и страв што сепак ги поседуваш во умерени количини. Извади 3 слики во галерија па и тоа е напредок нели?
Што се однесува љубов и секс ти припаѓаш во една од тие последни генерации на про-патријархално, лајт-традиционалистички девојки или како што јас милувам на шега да ги наречам-домачици. Не, далеку од тоа секс пред брак не и строго мисионерка ама сепак имаш троа поголеми ограничувања на ова поле што во денешно време не се до толку потребни а особено кога е во прашање избраникот (момакот избран за подолга врска или брак) иако мислам дека во таа положба на интима знаеш да спуштиш рачна кочница и да се препуштиш на отвореноста и зачинетоста. На крајот на краиштата и Џоли во подрумот има...Знам дека ќе бидеш добра мајка вдахнувајќи им на децата солидна база за напредок исто како Олимпија.
Животот е партија покер многу е битен блефот, како и прикривањето на оние пет слики во рака ама кога веќе влогот е ставен и добро промислен не се плаши да ја завршиш партијата.
 

Antagonist

Systematic Victory
Член од
7 април 2007
Мислења
842
Поени од реакции
41
Не на рака...На стаклена кугла обично, а кај акутен интелектуален мањак у комбинација со хроничен недостаток на хумор, доволно е еден ред да прочитаме од некој пост за да направиме пристојна анализа.
Сакаш?:vozbud:

Ada be ....Ме заборави ти:jaj:
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
62
Браво Sussaro, во глобала си го пробил мојот портфолио код:)
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
За сите новајлии...

Потсетување дека за да барате анализа, треба да имате:

1. Над 100 мислења
2. Да имате некого ализирано самите вие.

3. Ако некој се нафати да ве работи без исполнување на овие услови, негова работа... Ако ве начекам да барате анализа а не исполнувате услови, бришам :pipi:
значи:

1. Да сме здравствено осигурани.
2. Да имаме сини картончиња
3. и последно да имаме потпис од матичен....:smir:

епа јас сум осигуран ама немам сини картончиња и потпис од матичен..
па кој е расположен да си играме Фројд нека пише - кој е расположен да го изанализирам ???
 

Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433
АПОКАЛИПТО:vozbud:


Откако ги прочитав поголемиот дел од твоите постови и ги разгледав твојот аватар и потпис за тбе ја оодредувам следнава анализа на твоето онлајн мозочиште:

Прв заклучок за тебе ми беше дека сакаш да даваш кратки одговори во твоите постови и не сакаш премногу да филозофираш.Сакаш работите да ти се јасни,не се замараш многу со сложености!
Генерално за тебе мислам дека си едноставен, онака мирен човек со кој е многу пријатно да се прави муабет, затоа што без оглед на која тема се разговара едноставно ти неможеш а да не дофрлиш некоја заебанција. За мене тоа би било релаксирачки! Отворен си, дружељубив, сигурно имаш многу другари кои стварно те почитуваат.Мегутоа имам впечаток како да не сакаш премногу да се истакнуваш , да се правиш главен, онака како играч од сенка си. Маааалце си несигурен во односите со други луге.
Други работи кои те одбележуваат се дека си страствен навивач на МанЧестер Јунајтед и на фудбалот воопшто, сакаш метали сакаш хумор,иронија и сарказам . Мразиш Италијани и турбо фолк. Се разбираш у компјутери , логички размислуваш така да најверојатно си или на електро или на информатика.
Како твоја најголема слабост би истакнал дека понекогаш си наивен и премногу лесно се нервираш за ситници ама лутината кратко ти трае. Мој совет немој секогаш да ги земаш работите здраво за готово онака како што ке ти ги каже некој. Имај предвид дека лугето секогаш додаваат нешто , лажат и трачарат. Пази на ова зашто таа твоја наивност некој итрец би можел да ја искористи против тебе понатаму во животот.

Во глобала со добар и пријатен момак и дефинитивно би сакал да те запознаам на нредна кајгана собиранка!!!!

Ете ја завршив мојата прва кајгана онлајн психоанализа.Не било лесно еј!!!:nesvest:Ајде чекам коментар. Император вечер ке ти ја направам психоанализата што ја побара.:wink:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom