Ај вака. Не можеш да кажеш дека не бевме у форма затоа што со многу репрезентации кога отидовме ранг погоре игравме егал утакмици, со таа форма отидовме на Европско, преку најслаба лига да ама им се држевме на Австрија и Украина. Скоро па истата Австрија ја растрти Холандија на Европското годинава. Тука ке ја затвориме таа тема.
Убави спомени и ја имав кога го гледавме Вардар се бори за влез во ЛШ против ЦСКА, Спарта и после Рома. Со татко ми и чичко ми 3 саати баравме карти на црно за да влеземе на било која трибина без разлика на цена. Препрочитај ја реченицата пак. Вардар, влез во Лига на Шампиони, влез во Куп на Уефа, без разлика на цена.
И точно е дека идење на стадион претставува култура, ама за да се изгради таа култура треба фудбалот како таков да те понесе и да те мотивира. 100% поскапа влезница за 200% послаба форма на фудбалери никако не е мотивација, никако не е ни мотивација незалагањето за државниот грб, уште помалку па да ги гледам сељоберите во ВИП што си делат премии меѓу себе а стојко не им чуе за МК фудбалот. Они се тие што треба да го оправат, не ние со плаќање 200 или 400 ден карта.
Живеев неколку години во Ајндховен и директно гледав што значи култура за фудбал, цел град дише за ПСВ, ама кога имаа лоша сезона и се влечеа по терен и губеа веќе добиени утакмици и таму не им идеа да ги гледаат во знак на протест. Ќе се соберат во локален паб, па дури и во самиот паб на стадион, ама на трибина не идеа. И тоа не беше официјален бојкот, едноставно никој неќе да плати за да гледа смешки на терен, затоа се иде у театар.
Не знам како ја повлече паралелата со викенд во Грчка и утакмица. Ако единствена допирна точка ти е цената, тогаш 5 дена нека не се јаде леб ете пари за утакмица. На крајот на денот у Грчка ќе уживаш на море, тука ќе се нервираш на трибина.
Никој не вика дека 400 ден се многу пари, него дека 400 ден за ОВАА МАКЕДОНИЈА против ОВАА ЕРМЕНИЈА, се многу пари. Препрочитај ја реченицава колку пати и да ти треба, дури не ја сфатиш.
На крај на ден ја не ти викам ти да не идеш, твои пари се слободно троши си ги како сакаш. Ама јас за свои пари ќе си искажам свое мислење, истото е засновано на факти и во најмала рака е апсурдно да се нарече циганчење. Од тоа ќути терај има и полошо сме тука кај што сме.
П.С. Најсмешно е што знам дека ни ти нема да отидеш ама ај