Македонска фудбалска репрезентација

Член од
9 декември 2012
Мислења
999
Поени од реакции
1.070
Ај вака. Не можеш да кажеш дека не бевме у форма затоа што со многу репрезентации кога отидовме ранг погоре игравме егал утакмици, со таа форма отидовме на Европско, преку најслаба лига да ама им се држевме на Австрија и Украина. Скоро па истата Австрија ја растрти Холандија на Европското годинава. Тука ке ја затвориме таа тема.

Убави спомени и ја имав кога го гледавме Вардар се бори за влез во ЛШ против ЦСКА, Спарта и после Рома. Со татко ми и чичко ми 3 саати баравме карти на црно за да влеземе на било која трибина без разлика на цена. Препрочитај ја реченицата пак. Вардар, влез во Лига на Шампиони, влез во Куп на Уефа, без разлика на цена.

И точно е дека идење на стадион претставува култура, ама за да се изгради таа култура треба фудбалот како таков да те понесе и да те мотивира. 100% поскапа влезница за 200% послаба форма на фудбалери никако не е мотивација, никако не е ни мотивација незалагањето за државниот грб, уште помалку па да ги гледам сељоберите во ВИП што си делат премии меѓу себе а стојко не им чуе за МК фудбалот. Они се тие што треба да го оправат, не ние со плаќање 200 или 400 ден карта.

Живеев неколку години во Ајндховен и директно гледав што значи култура за фудбал, цел град дише за ПСВ, ама кога имаа лоша сезона и се влечеа по терен и губеа веќе добиени утакмици и таму не им идеа да ги гледаат во знак на протест. Ќе се соберат во локален паб, па дури и во самиот паб на стадион, ама на трибина не идеа. И тоа не беше официјален бојкот, едноставно никој неќе да плати за да гледа смешки на терен, затоа се иде у театар.

Не знам како ја повлече паралелата со викенд во Грчка и утакмица. Ако единствена допирна точка ти е цената, тогаш 5 дена нека не се јаде леб ете пари за утакмица. На крајот на денот у Грчка ќе уживаш на море, тука ќе се нервираш на трибина. Никој не вика дека 400 ден се многу пари, него дека 400 ден за ОВАА МАКЕДОНИЈА против ОВАА ЕРМЕНИЈА, се многу пари. Препрочитај ја реченицава колку пати и да ти треба, дури не ја сфатиш.

На крај на ден ја не ти викам ти да не идеш, твои пари се слободно троши си ги како сакаш. Ама јас за свои пари ќе си искажам свое мислење, истото е засновано на факти и во најмала рака е апсурдно да се нарече циганчење. Од тоа ќути терај има и полошо сме тука кај што сме.

П.С. Најсмешно е што знам дека ни ти нема да отидеш ама ај ;)
Одиме и на стадион, Вардар- Тетекс, и го знаеме резултатот..во право си,нема врска цената на картата.
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.001
Поени од реакции
5.635
Ај вака. Не можеш да кажеш дека не бевме у форма затоа што со многу репрезентации кога отидовме ранг погоре игравме егал утакмици, со таа форма отидовме на Европско, преку најслаба лига да ама им се држевме на Австрија и Украина. Скоро па истата Австрија ја растрти Холандија на Европското годинава. Тука ке ја затвориме таа тема.

Не знам како ја повлече паралелата со викенд во Грчка и утакмица. Ако единствена допирна точка ти е цената, тогаш 5 дена нека не се јаде леб ете пари за утакмица. На крајот на денот у Грчка ќе уживаш на море, тука ќе се нервираш на трибина. Никој не вика дека 400 ден се многу пари, него дека 400 ден за ОВАА МАКЕДОНИЈА против ОВАА ЕРМЕНИЈА, се многу пари. Препрочитај ја реченицава колку пати и да ти треба, дури не ја сфатиш.

На крај на ден ја не ти викам ти да не идеш, твои пари се слободно троши си ги како сакаш. Ама јас за свои пари ќе си искажам свое мислење, истото е засновано на факти и во најмала рака е апсурдно да се нарече циганчење. Од тоа ќути терај има и полошо сме тука кај што сме.

П.С. Најсмешно е што знам дека ни ти нема да отидеш ама ај ;)
Вака, за првиот дел, не утепаа на ЕП, мислам дека немало полош настап на Европско од оној на нашата репрезентација од 1996 навака откако пратам. Неспремни, неуиграни, неусогласени... а имаа животна шанса.

За вториот дел, јас се согласувам дека карта од 400 мкд е многу, ама има од 200 мкд, што и не е така многу. Ама била зад гол, како да е битно тоа.

За последниот дел, ако сум во Скопје најверојатно ќе одам да ги гледам.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.694
Поени од реакции
5.918
Некој да не знае нешто повеќе за играчов и дали повиков е за А или за У-21 репрезентацијата?
Мајка македонка, игра за Бреда во Холандија, талентиран играч, играше за у20 Германија и младинците на Штутгарт како и вториот тим на Штутгарт, повикот е за сениори, ако прифати за нас добиваме сериозен играч.
 
Член од
17 април 2024
Мислења
561
Поени од реакции
1.303

Чим настапил за У-20 Германија, тогаш е со сигурност сериозен играч. Дај Боже да прифати :D
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.389
Поени од реакции
85.331
Денеска е 29.08.2024

На 29.08.2023, Езѓан "Џани" Алиоски го имаше последниот натпревар за еден клуб кога тој одигра 90 минути во победата на Ал Ахли над Ал Тае во најквалитетната фудбалска лига на Саудијска Арабија.

Кога Боби Милевски стана селектор, на пресот кажа дека ќе повикува играчи што играат во своите екипи.
Еве, само како пример, интервју што тој го имаше токму за Кајгана. Беше запрашан зошто Илија Несторовски не бил повикан за бараж натпреварите со Италија/Португалија, а одговорот во кратки црти беше "јбг, игра по 10 минути на утакмица и влага од клупа, шо кур да викам луѓе шо не играат" или во долги црти:

1724922588348.png

2024 е престапна година.

Што значи денеска се навршуваат 366 денови од последниот клупски настап на Џани Алиоски.

Денеска Боби Милевски ги објави играчите за следните натпревари од Лигата на Нации.

Никогаш нема да ви се погоди кон што иде овој пост.
(секако дека ќе ви се)

1724922647353.png
 
Прегледај го приврзокот 427827

2024 е престапна година.

Што значи денеска се навршуваат 366 денови од последниот клупски настап на Џани Алиоски.

Денеска Боби Милевски ги објави играчите за следните натпревари од Лигата на Нации.

Никогаш нема да ви се погоди кон што иде овој пост.
(секако дека ќе ви се)

Прегледај го приврзокот 427830
Што треба да направи Давор Здравковски од Motherwell за да добие повик за репрезентацијава? Дечкото е топ, редовен стартер е во Шкотска. Се повикуваат играчи кои што се константни резерви во своите клубови или како во случајот на Алиоски кој што не играл 1 година да речеме.
 
Член од
14 декември 2021
Мислења
799
Поени од реакции
3.100

А бе ова само кај нас го има, мрдната работа, ми вика од втора турска лига играчи и играчи кои не играат за нивните клубови а од наша лига ни еден не се зема за репрезентација, во нашата лига како да нема квалитетни играчи. Трапановски треба трансфер да направи надвор за да го земат во репрезентација бидејќи претходно не го биваше изгледа ама оп сега одеднаж почна фудбал да игра. Цела држава ни функционира вака затоа ништо нема да биде од нас. Се да им ебам.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.272
Поени од реакции
5.525
Шуќур некој од федерацијава да си ја работи работата како што треба. Абре pin-pointing на секое едно дете што има македонски корен и до 3то колено и собирај ги ако играат редовно.

Тажно е за Здравковски што не го викаат а Зајков и без клуб беше викан. Шта речи. Миовски е чист показател дека Шкотската лига не е за потценување, уште помалце за дефанзивци. Се игра машки и грубо таму, да си редовен значи дека сепак има нешто квалитет у тебе.
 
Супер лига за развој на наши играчи, со врвни терени и генерално добра инфраструктура.
Иако нивната лига е за ниво поквалитетна од нашата, нашите играчи кога одат таму фудбалски делат од Шкотланѓаните, иако физички и кондициски тие се подобри.
Кај нас шо ќе ти е кондиција во МФЛ на терени како Маџари, Силекс, Чаир, каде што терените се катастрофални? 70% од времето е топката во аут, воопшто не се игра фудбал, се чека гол од прекин. Дури и ако си квалитетен играч, тешко можи да се покажиш тука, џабе и таленти ако немаме инфраструктура. Најбитна основна работа, 35 години уназад исти терени иста прича, 0 напредок.

Интересна статистика за Трапановски, лани во Шкупи на 33 натпревари 6 гола 6 асистенции.
Оваа сезона за Данди на 8 натпревари има 4 гола и 2 асистенции, со Бабунски најдобри играчи кој го носат тимот.
 
Член од
18 август 2019
Мислења
231
Поени од реакции
399
Да не знае некој кога ќе биде ждрепката за квалификациите за светското првенство и кога почнуваат квалификациите
 
Kajgana Shop

На врв Bottom