Јас мислам ако имаше малку морал и патритоизам во него после натпреварот со Бугарија кој носеше една поинаква тежина, беше момент кај шо мораше да си дајт оставка, поразот од Англија, и Пеп Гвардиола да беше тренер исто ќе поминеше таму.
Резултатски гледано ко шо пиша со играчите кој ни се на располагање реално дури и се надминавме во многу натпревари.
За репрезентација како нашава со играчи од 3т ешалон кој не само шо не ни имаат некаква статистика во клубовите каде шо играат, туку воопшто не ни играат во нивните клубови, да ја победиш Италија гости и нерешено дома, со Англија 1-1 дома, ите како не е мала работа.
Ко ќе читам каков хејт се добива за играчи како Николов и Здравковски кој не биле повикани, чиниш Модриќ не си го повикал.
Реално 95% од најдобрите се повикани, со исклучок на Ристовски и Адеми.
Моја лична замерка (не значи дека сум во право) е шо побрзо не ги повикуваат поталентираните играчи од у21 во сениори, туку се чека да го поминат целиот процес од во млади категории па до сениори, ми фалат моменти како на Елмас, Чурлинов, Барди кога уште на 17-18 години добиваа шанса во репрезентација.
Најдобар пример е кога се знаеше дека ги изгубивме шансите за пласман на ЕУРО, земи некој играч како Мартин Ѓоргиевски, Станковски, Стојчевски, Рамадани во сениори, искористиги тие натпревари да добијат искуство тие играчи, или на ново повиканите како Митровски дајму 90 минути место да го играш Ашковски секој натпревар од старт..