jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.498
- Поени од реакции
- 27.314
Ок истата ми беше поентата, софтверските компании во Шведска ауторсираат на крајот, само незнам дали некој кај нас се нафаќа за 30 евра саат. Толку ако наплаќаш тешко дека ќе ти останат 30% профит.Не, телекомите се 100% различен концепт од тие што ти ги пишав, намерно беа изоставени, најлесни се за да стигнеш до луѓе кои имаат моќ за одлука кој ќе работи.
Другите индустрии што ти ги пишав, аутсорсираат луѓе и компании, но не директно. Пример, "нивното Мепсо" дава тендер, го фаќа тамошна компанија Х која може да покрие само мал процент и истата зема надворешни фирми за подизведувачи. Ако цената на саатот од нарачателот кон нив била 120 евра по час, истата кон фирма од Балканот во најголем број случаи ќе биде 30 евра од час. Кога ќе ги туриш сите трошоци, 2 месеци за кои ти мора да го платиш вработениот, на крај ќе треба да си пресреќен ако ти останат 30% како профит, и тие пари државата ќе ти ги оданочи со уште 20%
Ако ти е идејата да се продаваш, исто не е толку тешко, ние имавме понуда оваа година од американска фирма, им зедовме проект, кога видоа дека ги стигнавме сите рокови и со ист квалитет, ни дадоа предлог да не купат и да сме нивен главен подизведувач. Само, лично не сум сеуште заинтересиран за продажба, и ги одбив.
Иначе за аутсорс, ние на почетокот пробавме аутсорс баш во најгустото (февруари 2022), и на крај се откажавме пошто реално многу замарање ни е за не баш многу пари. А Башка што тогаш бевме малце луѓе и немавме баш време да се замараме со дополнителни активности. Сега од зимоска ни е во план пак да пробаме аутсорсинг чисто ради дисперзија, па ќе видиме како ќе иде.