ИТ фирми и пракси во Скопје

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.928
Поени од реакции
35.800
Разликата е што иновации во ИТ имаш на дневно ниво.
Ако не си у loop константно да ќе бидеш прегазен од некој од Бангладеш.

Во електро, телеком па и обични инжињери немаш иновации волку често и тука е разликата. Да не зборам и дека тие индустрии се многу по строго регулирани со закон.

Од тука излегува зашто се ИТ платени повеќе. И не се согласувам дека на запад се платени исто како другите професии, има и таму од до, моеш да работиш за 60к бруто а моеш и за 160к бруто.
Автоматски споено мислење:

Едино место кај што претераа е Америка кај што зимаат и над 250к бруро, на страна други бенефиции како акции и сличнo.
Аман бе друже, како да работиме на друга планета. Де пиши какви иновации сте направиле вие во фирмата кај што работиш, и колку од кадарот е дел од тие иновации.

Еве живеам баш во таква западна земја и ти кажувам од прва рака, скоро сите инженери што работат во критични индустрии, или со потешка работа надвор, се подобро платени од ИТ. Доктори, особено хирурзи, во 1 месец земаат колку програмер во 3 месеци, адвокати, економисти во јаки финансиски компании, психијатри...
 
Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.552
Поени од реакции
5.897

Добро бе друже ако кај вас се платени помалце не значи дека сите ги плаќаат помалце, за тоа пишав има од до. Економисти у јаки фирми си пишал, а ИТ у јаки фирми? И неможеш да ми споредуваш хирузи што работат трети смени празници недели, ај тогаш и за нафтени платформи да збориме.

Иновации зборам на ниво на индустрија, вие колку сте направиле иновации како фирма?
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.978
Поени од реакции
12.526
Во ИТ досега не сум сретнал лојална фирма.
Во првата фирма кај што работев, почнав од кога беа 10тина луѓе, кога си заминав беа над 100. Фирмата си имаше свои продукти, не беше outsourcing. Работевме турбо, цело време со надеж (базирана на ветувања) дека кога фирмата ќе направи нешто големо, ние ќе добиеме парче од колачот. За жал, ништо од колачот :D. И ден денес, колегите што останаа таму се надеваат на акции, на % од проектите и слично, но колку што знам, ништо од тоа немаат добиено.
Сум го праел муабетот и со многу други колеги и почетоците на сите им беа горе доле исти. Има мала разлика кај тие што почнаа во големите компании, па се погодија на проекти кај што немале работа па беа од тие што играат пинг понг и пијат по 5 кафиња на ден.
Според мене, голем дел од програмерите се изгорени, и кога ќе слушнат муабети за лојалност, we are a family, итн, одма го гледаат тоа како red flag.
Сигурен сум дека постојат фирми кои сакаат да бидат лојални кон вработените, ама се многу ретки. Знам за фирма (не од ИТ) која на свој вработен кој долго време работи кај нив му плати операција од 100к+ евра. Човекот не беше некој незаменлив, туку едноставно газдите го засакале и го почитуваат. Ако претходно тој давал 100% за фирмата, сега сигурно дава 150%. Истото многу добро влијае кај другите вработени.
Ама не е лесно да се биде лојален од страна на работодавач. Еве пример, ми се има случено да работам со колега кој буквално изгина на еден проект, по 12 саати работеше за да го стигне рокот. Човекот се разболе (неповрзано со работата) и мораше да прави операција што чинеше некои смешни (за компанијата) 5-6к евра. Човекот работеше и после операцијата (иако официјално беше на боледување, на своја рака сакаше да ни помогне). Фирмата во најмала рака можеше барем тие пари да му ги плати. Ама што беше одговорот? И Цветко правеше операција пред 5 месеци, нему не му ја плативме како сеа оваа да ја платиме?
Или, како да даваме различни бонуси (според сработеното)? Некој ќе се налути, па ајде на сите исто.
Она што сакам да го кажам е дека за фирмата да биде лојална кон вработените, треба да изгради добара рамка за тоа. За утре кога ќе дојде Цветко и ќе праша "Зошто не сте лојални кон мене" да може да му образложи со аргументи зошто е тоа така.
Фирмите сакаат што е можно помалце да се замараат. Затоа во МК наместо бонус ќе те пратат на некој team building или на некоја конференција.
Кај мене ( Шведска ), стандарден бенефит при вработување се и еден куп осигурувања, исплата при случај на болест, повреда, боловање, смрт итн. Се исплаќа ист премиум на секој вработен, неповрзано со висина на плата или должина на стаж. Се друго што се наброја во темава ко “лојалност” е вклучено во договорот.
Има ситуации, иаме инцидент, треба да се фиксне нешо и да се остане до покасно. Ок, али секој си го зема тоа време назад. Иаме on call, платен. Али тоа вклучува само инциденти кои се случиле надвор од работно време. Инцидент во работно време кој те обврзува да останеш и да го фикснеш после работа, тоа си е екстра. И да знаеш дека нема Швеѓанец шо ќе ти остане после 17 да ти фикса нешо од лојалност или добра волја. До минута си следи колку сработил, па си зема време назад. Кога почнав во тимов, бевме тројца нови и еден сениор шо заминуваше на породилно за две недели. Дента пред да замине, се пошегував, викам ај ако нешо ептен заглавиме, ќе те бараме хехе. Типов се врти и мртов ладен ми вика, не смееш да ме бараш дур сум на платено отсуство.
А иам колега од Бразил, се вклучи од одмор да доврши еден таск. Уствари типов цело време е онлајн, прати шо се дешава. Менаџеркава ренде го направи, вика следен пат направи вака па ќе разговараме со хр.
И јас бев ваква, видов колку е саатот со време и сеа си терам ко колегава. Туш ладен.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.795
Поени од реакции
18.428
Аман бе друже, како да работиме на друга планета. Де пиши какви иновации сте направиле вие во фирмата кај што работиш, и колку од кадарот е дел од тие иновации.

Еве живеам баш во таква западна земја и ти кажувам од прва рака, скоро сите инженери што работат во критични индустрии, или со потешка работа надвор, се подобро платени од ИТ. Доктори, особено хирурзи, во 1 месец земаат колку програмер во 3 месеци, адвокати, економисти во јаки финансиски компании, психијатри...
Материјата со која работиш постојано се менува, да не речам од месец во месец, а да не збориме од година до година, постојано имаш нови major, minor & patch releases на фрејмворци да речеме. Доктор, психијатар и економист тешко дека треба да учат постојано to keep up.

Сетот на вештини со кои треба да располагаш за едно работно место е флуиден, не постои јасно оццртана граница - ко ти само ова и ова ќе го работиш, ако нешто не рaботи give it to the it guy, кај другиве професии ова не е така.

Кај мене ( Шведска ), стандарден бенефит при вработување се и еден куп осигурувања, исплата при случај на болест, повреда, боловање, смрт итн. Се исплаќа ист премиум на секој вработен, неповрзано со висина на плата или должина на стаж. Се друго што се наброја во темава ко “лојалност” е вклучено во договорот.
Има ситуации, иаме инцидент, треба да се фиксне нешо и да се остане до покасно. Ок, али секој си го зема тоа време назад. Иаме on call, платен. Али тоа вклучува само инциденти кои се случиле надвор од работно време. Инцидент во работно време кој те обврзува да останеш и да го фикснеш после работа, тоа си е екстра. И да знаеш дека нема Швеѓанец шо ќе ти остане после 17 да ти фикса нешо од лојалност или добра волја. До минута си следи колку сработил, па си зема време назад. Кога почнав во тимов, бевме тројца нови и еден сениор шо заминуваше на породилно за две недели. Дента пред да замине, се пошегував, викам ај ако нешо ептен заглавиме, ќе те бараме хехе. Типов се врти и мртов ладен ми вика, не смееш да ме бараш дур сум на платено отсуство.
А иам колега од Бразил, се вклучи од одмор да доврши еден таск. Уствари типов цело време е онлајн, прати шо се дешава. Менаџеркава ренде го направи, вика следен пат направи вака па ќе разговараме со хр.
И јас бев ваква, видов колку е саатот со време и сеа си терам ко колегава. Туш ладен.
Не секаде е ко во Шведска, да не речам повеќето случаи не се ко во Шведска, особено ако работиш римоут за стартап компанија.
 
Сите мора да учат, особено доктори ама неможеш да споредиш со ИТ, кај што секој ден се учи по нешто без разлика колку имаш искуство.

Ако не си од оние што вртат пинг понг и 10 кафиња у денот.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.795
Поени од реакции
18.428
Сите мора да учат, особено доктори ама неможеш да споредиш со ИТ, кај што секој ден се учи по нешто без разлика колку имаш искуство.

Ако не си од оние што вртат пинг понг и 10 кафиња у денот.
Никад не стигнав до тоа - да вртам пинг понг со 10 кафиња на ден иако познавав колеги што го правеа и секад им се дивев - како постигнуваат...
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.951
Поени од реакции
17.771
Сите мора да учат, особено доктори ама неможеш да споредиш со ИТ, кај што секој ден се учи по нешто без разлика колку имаш искуство.

Ако не си од оние што вртат пинг понг и 10 кафиња у денот.
Vo sekoj struka ima lugje so ucat postojano. I tuka ima lugje so ne ucat, turkaat nekako. Nema nikakva razlika, edinstvena pricina zaso it e poplateno e autsorsot. Eventualno dovolen broj od lugjeto kje svatat deka se sposobni da go rabotat ova i kje switchnat, i toa kje gi izramni platite. Ali mislam ima dovolno lufta, od 10tina godini minimum da pouzivame kako royality vo makedonija :D
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.795
Поени од реакции
18.428
Vo sekoj struka ima lugje so ucat postojano. I tuka ima lugje so ne ucat, turkaat nekako. Nema nikakva razlika, edinstvena pricina zaso it e poplateno e autsorsot. Eventualno dovolen broj od lugjeto kje svatat deka se sposobni da go rabotat ova i kje switchnat, i toa kje gi izramni platite. Ali mislam ima dovolno lufta, od 10tina godini minimum da pouzivame kako royality vo makedonija :D
И како туркаат ме интересира? Може некој што работел последно ангулар.јс пред 10 години, да работи ангулар сега без да учи?
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.793
Поени од реакции
26.354
edinstvena pricina zaso it e poplateno e autsorsot
Скоро и да нема индистрија во мк што не аутсорсира, па пак платите не се исти.
Автоматски споено мислење:

Кај мене ( Шведска ), стандарден бенефит при вработување се и еден куп осигурувања, исплата при случај на болест, повреда, боловање, смрт итн. Се исплаќа ист премиум на секој вработен, неповрзано со висина на плата или должина на стаж. Се друго што се наброја во темава ко “лојалност” е вклучено во договорот.
Има ситуации, иаме инцидент, треба да се фиксне нешо и да се остане до покасно. Ок, али секој си го зема тоа време назад. Иаме on call, платен. Али тоа вклучува само инциденти кои се случиле надвор од работно време. Инцидент во работно време кој те обврзува да останеш и да го фикснеш после работа, тоа си е екстра. И да знаеш дека нема Швеѓанец шо ќе ти остане после 17 да ти фикса нешо од лојалност или добра волја. До минута си следи колку сработил, па си зема време назад. Кога почнав во тимов, бевме тројца нови и еден сениор шо заминуваше на породилно за две недели. Дента пред да замине, се пошегував, викам ај ако нешо ептен заглавиме, ќе те бараме хехе. Типов се врти и мртов ладен ми вика, не смееш да ме бараш дур сум на платено отсуство.
А иам колега од Бразил, се вклучи од одмор да доврши еден таск. Уствари типов цело време е онлајн, прати шо се дешава. Менаџеркава ренде го направи, вика следен пат направи вака па ќе разговараме со хр.
И јас бев ваква, видов колку е саатот со време и сеа си терам ко колегава. Туш ладен.
Комунизам. Креираат мајндсет кој ќе ги уништи. И така чувството на одговорност во индустријава е никакво, ова ќе го доуништи.

чисто ме интересира колку време си у фирмата и кога последен пат ти е покачена плата.
 
Последно уредено:
Член од
17 август 2011
Мислења
9.951
Поени од реакции
17.771
Скоро и да нема индистрија во мк што не аутсорсира, па пак платите не се исти.
Автоматски споено мислење:

Комунизам. Креираат мајндсет кој ќе ги уништи. И така чувството на одговорност во индустријава е никакво, ова ќе го доуништи.

чисто ме интересира колку време си у фирмата и кога последен пат ти е покачена плата.
Ne e bas taka, ne se autsorsiraat na ist nacin. Konkretno za drugite inzenerski struki, nema nacin da rabotis direktno na zapaden pazar od tuka, vrzan si za lokacijata. Generalno IT e malce poise plateno i vo dosta zapadni zemji, ama vo procent, a ne duplo ili troduplo kako tuka.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.793
Поени од реакции
26.354
Ne e bas taka, ne se autsorsiraat na ist nacin. Konkretno za drugite inzenerski struki, nema nacin da rabotis direktno na zapaden pazar od tuka, vrzan si za lokacijata. Generalno IT e malce poise plateno i vo dosta zapadni zemji, ama vo procent, a ne duplo ili troduplo kako tuka.
Од прилика разликата е што за шивачници немаш потреба од квалификуван кадар и све можеш да бутнеш таму. Од друга страна нема отворено 2000 шивачници, за да се борат за вработени, секогаш наоѓаат вработени кои не само што работат за џабе, туку и се борат да го задржат работното место, пошто им прават разноразни психолошки финти. И трето е отворениот пазар, тоест многу лесно можеш да најдеш работа онлајн, а и многу лесно можеш да се преселиш.

Па сега имаме парадокс, кога знам доста луѓе кои се преселија во 2014-2019 кои земаат плати кои можеа и тука да ги постигнат и поготово во Европа (за разлика од САД) скоро и да немаат никаква можност да се движат нагоре во хиреархијата на некоја фирма, а недај боже да дојдеш до позиција што нешто одлучува. Значи тие луѓе што се преселиле пред 5-10 години колку што ги пратам, немаат можност да мрднат во хиреархија, на доста од нив работното место им е истото со години, а не верувам дека и добиле некакви покачувања.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.978
Поени од реакции
12.526
Скоро и да нема индистрија во мк што не аутсорсира, па пак платите не се исти.
Автоматски споено мислење:

Комунизам. Креираат мајндсет кој ќе ги уништи. И така чувството на одговорност во индустријава е никакво, ова ќе го доуништи.

чисто ме интересира колку време си у фирмата и кога последен пат ти е покачена плата.
3,5 години, последно покачување во април, иако бев една година на породилно, се вратив на работа во март. Ок е?
 
Член од
28 август 2013
Мислења
4.166
Поени од реакции
12.679
3,5 години, последно покачување во април, иако бев една година на породилно, се вратив на работа во март. Ок е?
Не е ок. Ми текнува на времето пред 15 години коа бремени жени одеа во една голема ит компанија во мк да работат се до породување, да ја поможат компанијата.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.793
Поени од реакции
26.354
3,5 години, последно покачување во април, иако бев една година на породилно, се вратив на работа во март. Ок е?
Не е прашањето дали ми е мене ок, туку дали ти е тебе. Очигледно е дека чим си таму ти е ок. Има луѓе кои се осеќаат добро во комунизам, јас на пример сакам повеќе динамика, повеќе се пронаоѓам во САД, бајаги се пошироки можностите отколку да ме предупредуваат да не се ангажирам во слободно време. Не сакам да ми ја убиваат амбицијата и ентузијамот.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.928
Поени од реакции
35.800
Добро бе друже ако кај вас се платени помалце не значи дека сите ги плаќаат помалце, за тоа пишав има од до. Економисти у јаки фирми си пишал, а ИТ у јаки фирми? И неможеш да ми споредуваш хирузи што работат трети смени празници недели, ај тогаш и за нафтени платформи да збориме.
Ете направи ти анализа да видиш каде ИТ се најплатени професии во државите.
ИТ во јаки фирми тука земаат од 150-250к (АУД) и тоа луѓе кои се маестро во својата професија, и не само што се нашле тука, туку луѓе кои се собирани од цел свет. Економисти ми се однесуваше во финансиски институции (не само банки).

Затоа и ти споредив со другите инженери, не со хирурзите, и пак рударски, машински, електраши, градежници, се подобри. Единствена област во ИТ која знае да има апла јаки плати (заслужено) се луѓе што се апла добри во internet security.

Земји каде навистина ти е платен ИТ ти се: САД (и генерално се почнува од таму), Швајцарија, Холандија, Скандинавските (особено Шведска), па после тоа ти доаѓаат Канада, Австралија, Германија, Израел, Англија, Ирска и тн. НО, она што пробувам да ти го објаснам е дека во сите овие, платите и на сите други инженери се во истиот, или сличен ранг.

Во ИТ во овие земји апла отскокнуваат генијалци, луѓе кои ти ги измислуваат овие продукти за кои паѓа на газ цел свет, за жал ваков кадар немаш во Македонија.

Иновации зборам на ниво на индустрија, вие колку сте направиле иновации како фирма?
Чекај малку сега, нели требаше да се добро платени програмерите оти прават иновации, затоа те прашав, каде се иновациите? Еве овде ова не пишува дека програмерите водат по патенти, па да се најплатена индустрија во светот:

Не реков дека имаме ние иновации, ти се запна, ние имаме наши продукти, но не ги сметам за иновации, ниту пак сум се обидел да патентирам и да си губам време, во некои сегменти сме подобри од слични решенија, но далеку од тоа дека би го нарекол за иновација (премногу лошо користен збор е ова, особено по порталите, али добар е за маркетинг ;))

Еве пример computer vision ти е апла жешка тема во моментов, решивме да правиме R&D во ова и веќе работиме одреден период, но и да сакаме да прошириме тим во Македонија речиси и да нема кадар што воопшто работи на оваа тема, а не пак да треба да не води во изработка на напреден продукт кој не постои на пазарот. Веќе склучивме договор со консултанти кои би ни помагале во одредени сегменти, но ниту еден не е ниту од Македонија, ниту во Македонија. Бугарите пример во оваа индустрија се понапред барем 5 години од нас, иако сме едни до други.

Материјата со која работиш постојано се менува, да не речам од месец во месец, а да не збориме од година до година, постојано имаш нови major, minor & patch releases на фрејмворци да речеме. Доктор, психијатар и економист тешко дека треба да учат постојано to keep up.

Сетот на вештини со кои треба да располагаш за едно работно место е флуиден, не постои јасно оццртана граница - ко ти само ова и ова ќе го работиш, ако нешто не рaботи give it to the it guy, кај другиве професии ова не е така.
Тоа не значи дека е направена иновација, туку дека се подобрени продукти кои биле пуштени на пазарот иако си имале проблеми/несовршености.
Во секоја индустрија има промени, можеби не на вакво ниво како тука, но еве земи еден механичар или попрецизно мехатроничар, секоја година излегуваат по 20-30 нови модели на возила, секое носи различни сензори, секое има различна архитектура, секое има различен софтвер. Не случајно и овие не се нафаќаат да поправаат секакви модели, така и во ИТ, ќе специјализираш само на неколку работи и ќе работиш со нив, некогаш ќе има помалку работа, некогаш повеќе, но во таа ситуација измените не се до толку големи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom