@Македон1312 многу добро што го задржавме главниот играч,со Гарланд ако се иде паметно може да се земат два топ играчи,мислам дека знаат што прават.Мора и Мобли да го заджиме одличен играч како во напад така и во одбрана.
Добар тим склопивме/склопуваме, Мобли мора под секоја цена да остане, столб на одбраната, солиден е и во напад, сигурно ќе е стално топ 3 за ДПОЈ, ако си ја поправи малку и офанзивата, лесно ол-стар играч.
Штета и за Секстон и за Гарланд што не искочија тоа што го замислувавме. Ете Гарланд беше изабран и за ол-стар, ама некако не го исполни целиот потенцијал, а можеби и само јас сум имал преголеми очекувања од него. Секстон ми беше доста драг и ми беше нејасно зошто 2 драфта по ред бираме плеј, што им беше замислата не знам, доста играчи од нивните генерации што беа полошно избрани моментално се доста подобри играчи и од двајцата, поготово во класата на Секстон, Шаи, Брансон, МПЏ, а ги има и доста други. И со самото избирање на Гарланд следната година, некако стагнираше развојот на Секстон, се гушеа еден со друг и стално играше некој надвор од позиција. Златни шанси се пропуштија во тие 2 драфта, ама ете така требало да биде, кој знае дали би имале прилика да го гледаме Мичел во дресот на Кливленд да не беше избран Секстон. Најјакото сеќавање од Сексланд ми е дефинитивно газењето на Нетси, кога им дебитираше БИГ3 со, КД, Ирвинг и Харден, а Секстон сам им стави 40+, се сеќавам на утакмицата како вчера да беше.
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
По 2 3 дена повторно ги победивме семоќните Нетси, и така го разубавија тмурното време кое владееше во Кливленд таа сезона.
Со Мичел, секоја сезона е загарантиран ПО, со тоа и расте апетитот, штета што Ален се повреди во оваа сезона пред Бостон, он ни најмногу фалеше во тимот за нешто повеќе, плус што им фалеше и Порзингис ним. Но со тој ростер тој е плафонот прва, друга рунда евентуално да ни се деси среќа со повредите, па ние да останеме целосно здрави а другите тимови да ги уништат повредите, но во оваа сценарио има голема дистанцата помеѓу заблуда и реалност. Би сакал да го трејдаме Гарланд за нешто добро, но ќе видиме да ли ќе се најде некоја будала која ќе го земе покрај големата плата.