REPORT: The Dallas Mavericks are showing interest in Spencer Dinwiddie and Dennis Smith Jr.
www.facebook.com
Ако успеат и двајцата да ги приберат , огромна длабочина во ростерот и дефанзивно ѕид ќе бидат. Може и Лука да го олабават регуларен дел на сезона на просек 33-34 минути играње.
Добар е потегот, им треба Динвиди баш како што викаш за Лука да одмори малку, а Денис замена за Андерсон шо го пуштија во Вориорси.
Ej Budi Hild odbil da odi vo Lejkers ceni deka pogolemi mu se sansite vo Voriors.
Реално, со оглед на тоа дека Леброн откако дојде во Лејкерс се заебава и поголеми му се.
Лани АД ја изгура цела сезона со повреди на препони, глуждови, грбот... никогаш не изиграл на тоа ниво цела сезона, најверојатно се надеваше дека ќе направат нешто ама сите други потфрлија.
Сезонава, не знам, ако не успеат да го донесат Дамар, цацко ќе им игра напад, мислам дека и АД нема толку да се замара + ко шо е склон на повреди...
Другите, се виде, без сериозно запнување од суперстари и од тренери ниту Дило ти игра, ниту пак Ривс (овај ги зеде парињата и го снема, буквално цела сезона беше под радар).
Кај Голден Стејт, ем си го опкружија тимот со дефанзивци, ем со добри тројкаши. Мелтон од Фила ич не е заебанција, кога Стеф ќе одмара тој ќе оди на терен и ќе ги ремети другите екипи, има и шут добар за 3 поени, одбрана игра супер, комплетен играч во секој поглед - се чудев во Фила зошто нема повеќе простор, повредата по заминувањето на Харден го направи своето ама јас таков играч не би трејдал.
Тука, може дури и во некои комбинации да игра во прв тим, Кер многу ротира состави. Го дадоа старецот Пол, видоа дека од Каминга свирче на бива, од Муди исто и сега со Подижемски, Мелтон и Бади Хилд се покриени од надворешни позиции + гледаат да ги трејдаат Муди, Каминга и Гери Пејтон II за да го донесат Марканен од Јута.
Мислам дека Јута сака уште некој пик во причата, затоа досега не го има трејдано, а не знам овие колку тоа имаат да дадат.
Доколку, сепак, успеат да го донесат и Марканен, по мене, тоа одма ги прај контендери за најмалку полуфинале, а можда и финале на Западот.
Го имаат уште Стеф, Мелтон да покрие + одбрана, Дрејмонд и Марканен под кош (Џексон Дејвис под кош, млад ама борбен, куца, лепи блокади, Луни колку да се најди 3-4 минути по натпревар, со него титули зедоа, дели лакти ич не му ја мисли), Хилд со Подижемски исто ќе се свичаат, Вигинс не го даваат, пошто очекуваат да има подобра сезона од лани, очигледно испаѓа дека колку-толку се покриени на сите позиции со резерва играч шо е битно за цела сезона. Марканен е сепак клучната фигура тука, ако го донесат, четврока шо можи сè да прај, плус мека рака има за тројка, уф, тимот е напакиран без разлика од кое место ќе влези во ПО да игра против било која екипа на западот.