NBA 2023/24

Koи тимови ке изборат плеј оф? (покрај фаворитите за титула)


  • Вкупно гласачи
    74
Статус
Затворена за нови мислења.

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.827
Поени од реакции
17.460
Добредојдовте љубители на најсилното кошаркашко натпреварување на планетава Земја.

Сезоната седумдесет и седум почнува вечерва со дуелот меѓу шампионот Денвер и Лос Анџелес Лејкерс во 1:30 по „наше“ време, а завесата на регуларната сезона ке се спушти на 15 април следната година. Како и секогаш и сега ке има новина, а тоа е нешто како Куп натпреварување кое ке се одржи од 3 ноември до 9 декември и на крај сите натпревари ке се сметаат во скорот од регуларната сезона.

Ол стар натпреварот оваа сезона е закажан за 18 февруари 2024. година во Геинбриџ Филдхаус во Индианаполис. Плеј-ин турнирот на кој ке ги дознаеме последните патници во плеј-офот ке се одржи од 16-19 април, а истиот ке стартува од 20. април. Финалето е планирано да почне на 6. јуни, а евентуалната мајсторка би требала да се игра седуманесет дена подоцна.

Најдобар стрелец, а воедно и најдобар играч во сезоната беше центарот Џоел Ембид. За најдобар играч во финалето е прогласен Никола Јокиќ. Најмногу скокови „собра“ Домантас Сабонис, а најмногу асистенции подели najdobriot igra4 bradata. Најдобар „крадец“ на топки беше Оу Џи Оуноби. Џарен Џексон го доби признанието за најдобар одбранбен играч, Паоло Бранчеро е најдобро руки, додека најголем напредок постигнал Лаури Марканен. Малком Брогдон ја доби наградата за најдобар шести играч, а Мајк Браун е најдобар тренер во регуларниот дел.

Јанис – Ембид – Тејтум – Дончиќ и Глигориус-Александер е најдобрата петорка.

Клиперси ја играат последната сезона во Крипто.ком арената, додека поради маркетиншки причини, Сан Антонио и Јута ги преименуваа салите во кои играат.

Како што сите знаеме Виктор Вембнјама е првиот избор на драфтот од страна на Сан Антонио.

Од активно играње се простија неколку значајни играчи:

На прво место Јудонис Хаслем кој целата кариера ја обележа во родниот град Мајами и со кој освои три прстени.

Екпе Јудо, Лу Вилиамс и Луиџу Датоме исто така имаа запазени моменти во кариерите во ова натпреварување и тие решија да ги „закачат“ патиките на клин.

Што се однесува до тренерски смени, се случија вкупно шест. Двеј Кејси премина во фронт офисот на Детроит, а место него дојде Монти Вилиамс кој го водеше Феникс. Во Аризона на негово место дојде Френк Вогел. Најголемо изненадување беше смената на Мајк Баденхолзер, Адриан Грифин место него ке ја води тренерската палка во Милвоки. И Док Риверс после неколку неуспешни сезони ја „плати“ сметката, а место него Ник Нурс ке ја води Филаделфија.

Промени имаше и во Хјустон каде Име Удока кој лани имаше скандал во Бостон го наследи Стефен Силас, а испразнетото место кое Нурс во Торонто го остави, го пополни Србинот Дарко Рајаковиќ.

Дали пак ке плаче Ембид по МВП и дали пак ке чоукне рано? Дали Денвер може пак до финалето? Ке гледаме ли Суперфинале на Истокот? Кој тим по вас е најсилен?

П. С. Во продолжение ке ви ги дадам тимовите.

П. П. С. Според некои мерења фаворити горе за влез во плеј-оф се Денвер, Феникс, Лос Анџелес Лејкерс, Голден Стејт, Бостон, Милвоки, Мајами и Филаделфија.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.934
Поени од реакции
34.274
Што се однесува до тренерски смени, се случија вкупно шест. Двеј Кејси премина во фронт офисот на Детроит, а место него дојде Монти Вилиамс кој го водеше Феникс. Во Аризона на негово место дојде Френк Вогел. Најголемо изненадување беше смената на Мајк Баденхолзер, Адриан Грифин место него ке ја води тренерската палка во Милвоки. И Док Риверс после неколку неуспешни сезони ја „плати“ сметката, а место него Ник Нурс ке ја води Филаделфија.
- Филаделфија (lucky bastards) завршија најголема работа, сега ако не напават ништо со тренерски гениј - слободно нека растураат тим и нека го почнат „процесот“ јово наново.
- Феникс со Вогел направија потег во сенка кој може да биде многу добар потег. Вогел е одличен дефанзивен тренер кој заедно со добри (офанзивни) асистенти може да биде многу добро комбо... Имаат топ хеви ростер, и појма немам кои рол плеери ги имаат (и најважно дали има дефанзивци за да го искористат талентот на Вогел). Не им посакувам успех (од познати причини, копилиња се топтан, ок минус Вогел).
- За Милвоки ќе се воздржам со коментар да ги погледам неколку пати против добри тимови, но вака од ракав мислам дека можеа подобар избор да направат. Многу тимови можеа, Ник Нурс беше веќе некое време слободен а јас да бев ГМ на Лејкерс ќе го донесев па колку сака нека кошта и кој сака нека јаде гомна бурек.


Добар увод во темата... Да се надеваме ќе биде и добра (и бериќетна) сезона. :D
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.481
Поени од реакции
7.959
Уште 7 дена до почетокот на новата сезона :)
Патем, фентази лигата е отворена, пишувајте ми за линк, кој сака да се приклучи :)

1697499803607.png
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.827
Поени од реакции
17.460
Западна Конференција

Далас Маверикс​

Доволно промени се случија во Далас за да му овозможат на Лука Дончиќ да влезе во борба за шампионскиот прстен. Кајри Ирвинг доби нов тригодишен договор. Од нови аквизиции доведен Грент Вилијамс од Бостон и Рашон Холмс од Сакраменто. Од повратниците тука е Сет Кари и Данте Егзум, кој дојде од Партизан. Дерик Џонс е уште еден нов играч. Големи очекувања има од Дерик Лајвли и Оливие-Мексенс Проспер.

Денвер Нагетс​

Можеби го освоија првиот шампионски прстен, но луѓето во менаџментот како да заспаа. Можеби поради големите трошоци на плати не можеа да ги задржат Брус Браун и Џеф Грин, но можеа да доведат подобри замени. Можеби имаше подобри опции од Џастин Холидеј. Освежување во тимот се и три руки играчи. Во Денвер очигледно сметаат дека имаат добра клупа, но сепак ке видиме дали ке донесат некој додека трае сезоната.

Голден Стејт Вориорс​

Како гром од ведро небо излезе одлуката Џордан Пул да го заменат со Крис Пол. Пул низ годините покажа дека е одличен стрелец, но во клучните моменти откажува. Крис Пол дојде во трејд за Бредли Бил во Вашингтон. Од финансиска страна исто мора да се каже дека се највеќе погодени со измените за колективен договор. Нов боат договор доби Дрејмонд Грин, а дупките во тимот ги пополнија со ветерани – Руди Геј, Кори Џозеф и Дариш Шариќ.

Хјустон Рокетс​

Решија на младите играчи да додадат и неколку ветерани. Фреди Ванвлит чинеше многу, но имаат место во селери кепот, па тоа нема да се осети финансијски многу. Секако и со Дилион Брукс ке имаат поголема цврстина. Џеф Грин и Џок Лендејл се нови аквизиции, како и Ејмен Томпсон изборот на драфтот. Плеј ин би била можеби некоја реалност за овој тим.

Лос Анџелес Клиперс​

Беа многу мирни ова лето Клиперси. Коби Браун го собраа на драфт, го доведоа младиот Кењон Мартин, а нови договори добије Расел Вестбрук и Мејсон Пламли. Потајно се надеваат дека ке дојдат до Џејмс Харден. Ке видиме дали ке дојде и како се вклопи Брадата со Џорџ и Ленард.

Лос Анџелес Лејкерс​

Минатата зима направија добра работа кога ги доведоа Руи Хачимура, ДиАнџело Расел и Џеред Вендербилт. Сите тие добија нови договори, како и Ентони Дејвис и Остин Ривс кој се наметна како трет играч во тимот. Јадрото на тимот од лани остана заедно, а додаден е Гејб Винсент кој лани имаше одлична сезона во Мајами, а Кристијан Вуд ке мора да покаже дека вреди тие пари што ги доби со нов договор пред неколку години. Ториан Принс ке биде користен во двата правца на паркетот, а Џексон Хејз во досегашниот дел од кариерата покажа доста блескави партии. На драфт го добија Џејлен Худ-Скифин и сеако мора да се истакне дека се посилни на почетокот од оваа, него претходната сезона. Дефинитивно не се во кругот на фаворити за освојување, но се фаворити од сенка.

Мемфис Гризлис​

Џа Морант направи голем проблем и на себе и на клубот, посебно што 25 натпревари ке мора да одмори поради своето однесување. Дилион Брукс, играчот со лошо реноме мораше да замине, а на негово место дојде Маркус Смарт . Доведен е и ветеранот Дерик Роуз од кого Морант може многу да научи. За крај Дезмонд Бејн доби договор тежок 200 милиони долари.

Минесота Тимервулвс​

Можеби проектот со Таунс и Гобер не испадна успешен, а смешно делува фактот дека на центарот Назу Рид му е даден нов договор и тоа, цифра која реално не ја заслужува. Ентони Едвардс доби нов договор, а нов договор доби и Никејл Александер-Вокер. Од нови играчи треба да се спомене Шејк Милтон и Трој Браун.

Њу Орлеанс Пеликанс​

Немаа нешто претерано работа во тимов оваа сезона. Херб Џонс доби нов договор, нови играчи се руки Џордан Хокинс и Коди Зелер. Во главно се се чека од Зајон Вилијамс.

Оклахома Сити Тандер​

Ни тие не го „шминкаа“ многу составот. Лани играа одлично и стигнаа до плеј-ин турнирот, а мали амбиции немаат ни ова година и тоа со право бидејќи околу Гилџес-Александар е составена добра млада екипа. Чет Холмгрен треба да е најголемо засилување оваа сезона, лани ја пропушти поради повреда, а беше избран како втор пик на драфтот. Василије Мициќ конечно ке зачекори на НБА терените, а уште еден играч кој пристигна е „летонскиот снајпер“ Давис Бертанс. Виктор Оладипо се врати исто така, но прашање е каква е неговата физичка спремност.

Финикс Санс​

Пред земјотресот на Истокот, се деси оној на Западот, а епицентарот беше во Финикс. Новиот сопственик реши да доведе нова суперѕвезда, а изборот падна на Бредли Билн на негово место во Вашингтон го пратија Крис Пол и неколку пикови. Исто така Деандре Ејтон го заменија за Јусуф Нуркиќ. Џејмс Џонс, мора да признаеме направи добра работа околу трите суперѕвезди. Ако се откажа од Ејтон, Нуркиќ, Грејсон Ален и Назир Литл се одличен додаток со уште неколку добри играчи на „минималец“. Прашање е само како Френк Вогел ке ги усклади трите супер играчи, т. е. дали тие може да функционираат заедно.

Портланд Трејл Блејзерс​

Менаџментот не ја исполни молбата на Лилард да замине во Мајами, туку стрпливо чекаа погоден трејд за својата прва ѕвезда и го добија од Милвоки. Џру Холидеј и неколку пикови беа одличен пакет за „Лилјакот“, а потоа одличниот дефанзивец го проследија во Бостон во замена за Малком Брогдон и Роберт Вилијамс. Исто така од Финикс го добија Деандре Ејтон во замена за Јусуф Нуркиќ. Скут Хендерсон се очекува да влета на местото на Лилард, Ејтон е конечно во средина кад ке нема некој голем резултатски притисок и ке го покаже своето занење конечно. Единствен лош потег беше новиот голем договор за Џереми Грант. Тој договор единствено може да се протолкува како начин да се задржи Лилард. Било како било имаат млада екипа со неколку искусни играчи и уште неколку пикови за сезоните кои следуваат.

Сакраменто Кингс​

Повеќе од одлично ја завршија лани регуларната сезона кога биднаа трети. Но во првиот круг налетаа на Голден Стејт и беа исфрлени од плеј-офот. На јадрото на тимот го додадоа Саша Везенков кој заедно су Крис Дуарте треба да претставува помош на крилните позиции. Нов договор доби и Домантас Сабонис, па оваа сезона не интересира дали и колку можат Кралевите.

Сан Антонио Спарс​

Не треба да кажуваме што а нив претставува тоа што го добија првиот пик на драфтот. Со доведувањето на Виктор Вембанјама се заврши се што требаше. Грег Попович оваа сезона ке биде растеретен од бркање резултати и ке го гради тимот околу Французинот, Келдон Џонсон и Девин Васел. Нов договор доби Тре Џонс, а од Кливленд го доведоа Џеди Осман.

Јута Џез​

Јута лани остана без четири големи играчи и таа транзиција ја помина одлично, кога до неколку кола пред крајот беа во борба за плеј ин турнирот. Во новата сезона им остануваат сите играчи, а го доведоа Џон Колинс од Атланта. Нов договор доби Џордан Кларксон, а исто така има и три нови руки играчи. Се на се не треба да не чуди ако направат пристоен резултат.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.116
Поени од реакции
83.691
зашто ти пишуе дека вечерва почиње?
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.827
Поени од реакции
17.460
Атланта​

Изгледа она финале на конференцијата пред две години за Атланта дојде прерано, па таа е во слободен пад. Тогашниот ростер не беше спремен за големи работи, а со оглед дека ги менуваат тренерите често, очигледно дека нешто во тимот не функционира. Најдобар доказ за тоа е праќањето на Џон Колинс во Јута, скоро па бесплатно и не доведување негова замена, а сите знаевме дека тој беше втората виолина во тимот. Пати Милс и Весли Метјуз имаат големо искуство и затоа се тука да помогнат. Дека имаат голема доверба во Дежонте Мари говори фактот што му е даден богат дофовор. Тре Јанг оваа сезона мора да докаже дека може тимот да го води кон зацртаните цели, а се очекува и Богдан Богдановиќ да добие поголема улога од лани.

Бостон​

Кога практично неколку дена пред почетокот на тренинг кампот во своите редови го донесеш еден од најдобрите играчи во лигата, а кој бил еден од носителите на играта во најголемиот ривал, тогаш е знак дела си направил добра работа. Милвоки мораше да се прости од Џру Холидеј, во желбата да го доведе Демиен Лилард. Холидеј е подобар играч од Смарт, поради кој се одрекнаа за да го доведат Кристапс Порзингис. Јасно е како ден дека „Келтите“ се посилни од лани и дека се надеваме на двобој меѓу нив и Милвоки во финалето на Истокот. Холидеј беше јагода на тортата со која управата реши да направи промени, а почетокот беше Порзингис. Можеби со Роберт Вилијамс ке имаа посилна центарска линија, но мораа да се одрекнат од неговите услуги на сметка на доведување на Холидеј. Ке видиме секако дали уште некој ке дојде на таа позиција, бидејќи не е лесно да се ослонат на Летонецот и Хорфорд. Првиот е „лесен“ на повреди, а Доминиканецот има 37 години. Секако Бостон има подобар тим него минатата година, само коцките да се поклопат.

Бруклин​

Мируваа ова лето, но и немаа причина зошто би работеле било што. После трејдот на Кевин Дјурент, ке видиме колку може Мајкл Бриџис и другарите. Нов договор доби Камерон Џонсон кој ја претставуваше САД на Светското. Доведени се и две руки играчи – Ноу Клауни и Дерик Вајтхед. На шут изгубија бидејќи си заминаа Џо Харис, Сет Кари и Пати Милс, но ниеден не се дел од новите идеи, да се состави млада екипа.

Шарлот​

Шарлот минатата сезона беше во огромни проблеми. Поточно Мајлс Бриџис ги имаше, за малку ке отидеше во затвор, но не отиде, но не играше цела сезона. Додаток беше и повредата на Ламело Бол, па пробаа да го ловат Вембанјама во замена за играње плеј ин турнир. За нивна жал дојдоа до вториот пик – Брендон Милер. Нови договори добија Бол и Пи Џеј Вашингтон, играч кој лани покажа дека вреди тие пари. Потпишаа со Бриџис на уште една година, па ке видиме дали ке игра воопшто. Пред неколку дена го раскинаа договорот со Каи Џонс, човек кој го избраа на драфт пред две години. Ке видим дали Бол и Милер може да ги извлечат од проблемите во кои се наоѓаат.

Чикаго​

Можеби четворката Бол-Лавин-Вучевиќ-Де Розан изгледаше добро во сезоната 2021/22, но лани со повредата на Бол се се уништи, поточно останатата тројка покажа дека не можат да се наметнат како главен фактор во НБА. Доста шпекулации имаше ова лето, дали Вучевиќ, Де Розан или Лавин ке заминат, но на крај Црногорецот доби нов договор и со тоа клубот ке настави со истим во борба за играње плеј оф. Бол е повреден, а негова замена ке биде Џевон Картер, а нови договрија добија Коби Вајт и Ају Досунму. Тие ке ја пополнат плејмејкерската позиција. Тие сметаат на внатрешен раст, пред се на Патрик Вилијамс, но немаше храброст нешто темелно промени.

Кливленд​

Една од ретките тимови во лигата со балансирана бековска/центарска линија. Најголем недостток минатата сезоан им беше тоа што немаше кој да постигнува тројки од крилната позиција. Проблемот е решен со доведување на Маркус Штрус од Мајами, а исто така пристигна и Џорџ Ниенг, човекот којп погодува тројки и игра одлични одбрани. Нв договор доби Карис Леверт, на хартја одлично се пополнети. Останатиот дел од ростерот е пополнет со Тристан Томпсон, Демијан Џонс, Тај Џером и Заир Смит. Кога ке се види се влегуваат како трет тим на Истокот.

Детроит​

И Детроит беше тимот кој се надеваше дека ке стигне до Виктор Вембанјама, но на крај мораа да се задоволат со петиот избор на драфтот – Усар Томпсон, кој е талентиран играч, но не е ни близу на она што го има Французот. Доведоа два добри играчи Монте Морис и Џо Херис, а не би не чудило ако го трејдуваат Бојан Богдановиќ за уште некој пик. Оваа сезона за Пистонс ке послужи како потврда да ли Кенингем и Ајви можат да го водат овој тим до некои поголеми успеси.

Индијана​

Убава кошарка играа лани, за малку не влегоа во плеј-ин турнирот, а Тајрис Халибартон покажа дека одлучно командува на теренот, со перфектно чувство за организација на нападот. Во таа ситуација не требаа некои коренити проблеми, но требаа да се закрпат дупките во тимот, па Брус Браун кој беше еден од клучните фактори во освојиување на титулата дојде за огромни пари. Сепак оваа не е голема штета, бидејќи ем имаат постор во селери капот, ем може да му го раскинат договорот следната година без обештетување. Доведен е и Оби Топин, некој кој во Њу Јорк на моменти покажуваше дека е талениран. На драфт бираа од осмата позиција и го одбраа Џарас Вокер. Се на се добра работа направил менаџментот.

Мајами​

Иако Демијан Лилард нив ги гледаше како единствена дестинација, сепак Пет Рајли и соработниците не направија ништо за да го доведат „Лилјакот“ и на крај тој заврши во Милвоки. Не доведоа ни едно големо име кое може да ги промени работите, а згора на тоа два клучни играча си заминаа – Гејб Винсент и Маркус Штрус. Вратен е Џош Ричардсон, а на центар е доведен Томас Брајант. Факт е дека тимот е послаб, а треба да видим и што ке биде со Тајлер Хиро, бидејќи беше некој кој беше споменуван во можниот трејд за Лилард.

Милвоки​

Демијан Лилард беше најголемата можна награда ова лето за Бакси. Колку и да беше добар Холидеј, факт е дека Лиалрд е подобар и ке донесе свежина во играта на Милвоки. Нови договори добија Крис Мидлтон и Брук Лопез, на бек е доведен Малик Бизли. Можеби во текот на сезоната ке биде доведен уште некој на ветерански договор, но и овака со Бостон се фаворити за место број еден на Истокот.

Њу Јорк​

Никси не претеруваат, полека го комбинираат тимот кој не е способен да се вмеша за титула, но е одличен да се вмеша во борба за титулата. Донте Дивиченцо е одличен тимски играч и тоа го докажа во Голден Стејт и Милвоки, а нема да не чуди и тука исто да покаже. Нов договор доби Џош Харт, а Оби Топин и Дерик Роуз добија слобода да бараат нови клубови.

Орландо​

Ни тие не работеа ништо ова лето, а не ни мораа. Имаат млада екипа предводена од Банкеро и Франц Вагнер и треба само да чекаат. Доведен е Џо Инглс кој ке им помогне при организирање на нападите, а доведени се и две руки играчи – Ентони Блек на шестото и Џет Хауард од единаесетата позиција. Хауард е дел од трејдот за Вучевиќ, а го добија и Вендел Картер кој е стартен центар. Исто така лани го добија Франц Вагнер.

Филаделфија​

Се уште е непознато што ке се случи со najdobriot igra4. Харден најави дека не сака повеќе да игра за Сиксерси, а Дерил Мори рече дека нема шанси да замене без права компензација, без разлика дали станува збор за Клиперси, Рокетс или било који тим. Доведени се солидни играч како Патрик Беверли, Дени Грин, Кели Убре и Мо Бамба. Пол Рид доби нов договор, а ке видиме и каква улога ке има Филип Петрушев. Ник Нурс го замени Док Риверс, но ке видиме пак на крај што ке се деси со Харден и целата таа фама. Секако повеќе доверба влева Нурс од Риверс и длабочината која носи клупата.

Торонто​

Се спомнуваа како можна дестинација на Лилард, но на крај не го доведоа, а останаа и без важен играч како Фреди Ванвлит. На негово место дојде Денис Шредер кој ја доби МВП наградата на Светското. Сепак има разлика измеѓу него и Ванвлит. Германецот повеќе го напаѓа обрачот, додека Фред е шутер за три, а така е и конципирана екипата, на ист профил играчи како Шредер. Џејлен Мекданиелс и Герет Темпл се одлични аквизиции, но сепак нема да го променат изгледот на тимот. Се најдоа во експеримент со ист профил на играчи (Паскал Сијакам, Скоти Барнс и О Џи Ануноби) како носители на играта и впечаток е дека не знаат како да излезат од тој експеримент кој засега се покажа како неуспешен.

Вашингтон​

Огромни промени се случија во клубот од главниот град на САД – Бредли Бил и Порзингис ги напуштија, а со тоа покажаа дека нема да бркаат големи резултати сезонава. Освен доста пикови, добија и добар играч – Џордан Пул во Голден Стејт покажа дека може да биде одличен стрелец, а сигурно тој ке покаже дека бившиот тим погрешил што го трејдувал за Крис Пол. Тај Џонс е уште еден добар играч, а знак прашалник е околу Данило Галинари после враќањето од повредата. Кајл Кузма доби нов и богат договор. Ова е сезоната во која Визардси ке се градат полека за сезоните што следат. А веројатно и ке губат доста натпревари.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom