Еве ја: она кое го напиша и самиот, тоа Маркс го напиша пред 150 г. а тоа е (според Маркс, нормално): дека идното општество (комунимзот де...) ќе биде бескласно (?), ќе биде без државата/државниот систем (демек, државата ќе била историски надмината, а стаена заедно со „..фурката и вретеното...„ во некој историски музеј....). дека бракот исто така ќе бил надживеана работа, дека распределбата на оптшественото богатство ќе се вршела по принципот „...секој според можностите, секому според потребите...„, дека средствата за работа ќе биле заедички имот и ќе биле едистствената работа со која ќе управувал човекот (наспрои безмилосната екслоатација во капитализмот...), дека луѓето ќе имале повеќе слободно време (демек, ќе се ослободеле од трудот/работата, затоа што средствата за работа ќе биле јааако усовршени и самодоволни, па луѓето од „...царството на нужноста (читај: работата), ќе прешле „...во царството на слободата....(која ли е таа?...), имањето повеќе слободно време ќе значело и повеќе можност за идеолошка надградба за луѓето (за комунстичката, разбира се...) и тн....
Уф, се уморив, ама верувам дека сум троа појасен....Ова кое пред малку го напишав, спореди го со Твојот претходен пост околу „изгледот„ од иднината.
--- надополнето: 29 септември 2012 во 18:53 ---
Не си јасен ама ич.... Извади ми цитат од Маркс, каде он ветува брда и долини, и извади ми цитат од Библијата каде не ветуваат брда и долини...
Не ме убедувај во нешто што не го знаеш, а тврдиш и расправаш ко да го знаеш...
Види сеа, ако не ме разбираш шо сум напишал, тоа не мој проблем, нели?...
--- надополнето: 29 септември 2012 во 18:57 ---
Те разбирам многу добро... имаш проблем со интелектуалната надградба, - интелектуално си инертен....
Ц, не мислам дека некој ме напаѓа, а и да ме напаѓа, немам проблем со нападот, оти нема да ми биде прв (а ниту последен) пат, некој да ме напаѓа ради мојата вероисповест, било на форумов, било „во живо„.
Секој кој Гоодбрал Христа за свој Бог и Спасител, јасно му е дека ќе биде и напаѓан и намразен.
Докази и поткрепи за мојата вера, пишувам 5 г. по ред на офрумов, значи, не ми недостасуваат.
--- надополнето: 29 септември 2012 во 19:05 ---
Е баш заради тоа што си интелектуално инертен, а се правиш нешто голем познавач на Маркс, Еволуцијата, Физиката, и сл и сл. па критикуваш се живо и дов што не е во согласност со твоето „личносно“ верување - е баш заради тоа те напаѓам.. а иначе верувај ти и во Чак Норис ако сакаш, ама ич гајле не ми е.. тоа си е твој проблем и твоја лична работа, како што е личен проблеми и ствар на еден одреден чоевк, што се нарекува и муслиман, или будист и сл ис.
Сеа јасно ти е?
Секако дека ќе ги бранам моите верски убедувања, оти ако некој е нападнат, нормално е да се брани. Природно, нели?...
Патем, моето учество на форумов, не го земам како можност за надмудрување со фоурмџиите-неистомисленици, туку како можност да посведочам за својот Бог и својата вера. Но, кој ја напаѓа, секако дека ќе возвратам. Имам разбирање кога некој поставува прашања во врска со мојата вера, но немам разбирање кога некој поставува прашања, а во ракавот веќе има свои, подгвотвени одговори за истите тие прашања.
Никад не сум напишал дека компјутерот е дело од капиталистите, иако има многу вистина во тој став. Комјутерот е дело од т.н. воено-индрустриски комплекс, кој, за да биде ислпатлив за вложувањата во неговото развивање, прво, им се доделува на армиите, а после тоа, по прометејскиот принцип, им се продава и на широките народни маси, како евтина забава, но и како можност за до сега невидена и лесна контрола на властите врз своето население.
--- надополнето: 29 септември 2012 во 19:06 ---
Ти не ги браниш тоите верси убедувања, ти не знаеш кои се твоите верски убедувања... А при тоа критикуваш овде се живо и диво што е во спротивност со твоите верувања - од компјутери, до маркс, до физика, до њутн, дарвин... и после се осеќаш дека некој тебе вербата ти ја напаѓа?! пфффффф не биди смешен.. ме боли ташакот - со проштење , во што ти веруваш....... Јас ја напаѓам твојата интелектуална инертност која ирационално напаѓа одредени еработи, без никаква рационална основа..
И патем, благе везе немаш што си пишувал, врти таму од пред три дена да си прочиташ што збореше за компјутерите - дело на капиталиститте ... не ги врти сеа зборовите за да звучат по прикладно....
Ти као св.Петар се понашаш, пет пати се откажувал од Исус, и тоа несвесно, а при тоа за секое откажување го тврдиѓш спротивното.. .. ахаххахахахахаха
Моето верување е константно, оти не е вразно со променливите вистини од овој Свет, туку е врзано со неминливите Божји духовно-етички вистини.
--- надополнето: 29 септември 2012 во 19:23 ---
Не е констатно, ама ај.. и тоа етиката и моралот со се нејзе.... ама ај... поконкретно, на пример, немој сеа да вадам како дрва и камења си фрлал на муслиманите.. Каде е таа етичка и морална доблест кај тебе како христијанин, сврти го и другиот образ, хуманистичкиот елемент, на твојата вера, и сл исл.. или на он-оф свич е а?
Еве, ќе бидам уште појасен, па ако пак не „копчаш„, тоа нема да биде мој проблем...
Имено, Црквата се раздвои во шизмата од 1054 г. а до тогаш, таа беше „...една, света, соборна и апостолска Црква....„. Причините за тоа раздвојување се таложени неколку векови претходно и тоа е цела засебна тема. Токму после тоа раздвојување, римската Црква (не источната православна Црква!) почна, т.е. продолжи со своите новотарии, како: воведувањето на монашките редови, почетокот и текот од крстоносните војни и папското поковителство врз истите, нападите врз Цариград, воведувањето на инквизицијата и пресметки со неистомисленците, (праволавната Црква никад немала инквизиција!), посочувањето на поедини жени за вештерки и нивно јавно спалување, етноцидот кој Пизаро и Кортез го чинат кон домородците од средна и јужна Америка со крст и меч во раката, појавата на робовладетелството кон африканските црнци, етноцидот на тасманијците и абориџините во Австралија, па се до ден-денешен, каде Папата Јован Павле „други„ не криеше дека е учесник во падот од комунзмот....И сега, ако имаш нешто „против„ против римската Црква, повели, обрати се до Бенедикт, а не како маалски пацер од 6-то одделение, да „набадаш„ површни школски погрешни информации, а да немаш абер што е Црква, и што таа сторила.
Не реков дека православната црква имала инквизиција.. но не ми е јасно зошто ја правдаш православната (која патем речено историски така се нарекувала уште од времето пред Никејскиот собир - името православна е само спојка на она што го застапувале - застапување т.е. славење на вистинските правци - нешто што во суштина и тоа како со време било менувано, а особено за време и по Никејскиот собир - затоа и се нарекува и уште ортодоксна), ко демек таа е нешто тотално поразлично од Католичката, а во суштина таа е само уште една опачина од истата паричка?
Пацер?!? Па имам и тоа како многу против тоа што Црквата (дали католичка или православна) го правела, а се со цел да ја заштити својата вера... А еве ти и подолу зошто (конкретно за православната црква)...
Што се тиче богомилите, и јас поставив прашање, во кое барав точни поатоци од обемот од „геноцидот„ кој православната Црква го има сторено врз нив, ама ниту еден атеист не писна во врска со тоа. Богомилите, 6-9 век, како и било која друга историски позната ерес, биле задница која ја напуштила и Црквата и црковно учење (исто како и: аривевците, несторијанците, николаитите и сл) и така, отпаѓајќи од вистината, тие се впуштиле во верување во својата ерес, па кој отпаѓа од вистината и од Христа, тој нема своја смисла во своето постоење и постепено изчезнува, исто како и сите други еретици.
Г.Острогорски - Историја на византија (III ВИзантија и Симеон Бугарски стр.325)
„Во времето на царот Петар во Бугарија, се јавува сектата на богомилите, апсолутно непомирлива кон официјалната црква /Кога зборуваме за официјалната црква, зборуваме за Цариградската патријаршиа - православната црква, која била институционализирана со власта т.е. Византиската империја/. Учењето на попотБогомил, основачот на таа ерес, поаѓа од науката на масалијанците и посебно павликијанците, кои византиската влада во поголеми маси ги преселувала во Тракија и кои подолго време живеле таму, во соседството со словенското население на Бугрија и Македонија. Како и павликијанството кое од своја страна влече корени од старото манихејство, и богомилството поаѓа од верувањето дека постојат две спротивно начела, доброто и злото, господ и сатаната, кои владеат со светот и чија меѓусебна борба го условува, човековиот живот и се што се случува во светот. Целиот видлив свет е сатанина творба и според тоа потчинет на злото. Како и нивните источни претходници, богомилите се стремеле кон чисто духовна вера и строго аскетски живот. Остро одбивале секаков надворешен култ, сите црковни обреди, па и целата организација на христијанската црква. Станувајќи против владеачката црква, богомилите се дигнале и против постојниот ред во светот, кој во црквата наоѓал најсилна потпора. ТОа било движење на протест против господата, моќните и богатите.“
Во својата книга „Црквата и сектите„. д-р Лазар Милин не крие дека источната православна Црква вршела убиства врз поедини еретици, затоа што тоа бил единствен начин да се спречи пребегот на верните од Црквата во одредена еретичка задница а со тоа и правец во пеколот, но нечесно е ако тие убиства врз поедини еретици се „надуваат до ниво‘ од геноцид.
--- надополнето: 29 септември 2012 во 19:26 ---
Аха, значи, голема работа што убивале така, спорадично, важно не праеле геноцд.. значи по тебе, чесно е убиството кон поедини лица - или помала група на луѓе.. нечесно е само како ќе се нарече тоа, а делото само по себе - пих кому му е гајле - важно нечесно е! .. пеки..
Ок, продолжуваме понатаму...
За да не се чудиш и не негираш од каде сите тие извори, еве што вели Острогорски на тоа, од каде се изворите за богомилството...
„ За постанокотна најстаата историја на богомилството најважни извори се писмото на патријархот Теофилакт (933-56) до бугарскиот цар Петар и посебно беседата на презивитерот Козма. За судирот меѓу источната и западната црква на Фотиј, известуваат актите на собирот од 869/70 и 879 г. како и писмат аи беседата на самиот патријарх ФОтиј и писмата на современите папи. Мошне се значајни повелбите на Василиј II од 1020 г. со кои се регулираат односите во Охридската архиепископија по покорувањето на Самуиловото царство; нивниот текст е зачуван во белешките на Михаило VIII од 1272 г.“
понатаму.. Мал исечок за војните што Алексеј Комен ги водел со Норманите, за потоа де се тепа со Печенезите, бидејќи биле сериозна напаст по Цариград т.е. Византија и црквата:
„Само што се ослободил од Норманите, Алексеј Комнен морал да стапи во војна со Печенезите. Опсноста од Печенезите, која што во текот на последните децении лебдела над Царството, се заострила уште повеќе со поддршката која што Печенезитте ја имале од страна на богомилите. Кризата достигнала врв кога Печенезите, по жетоките пресметки со царските трупи во 1090 година допреле речиси до смите цариградски ѕидини...... Од ова воинствено племе сега зависела судбината на Византиското Царство. Желно очекувани, Куманите, Печенезите и Узите стигнале во пролетта 1091 година и на 29 април во подножјето на Лебунион дошло до огорчена битка меѓу Печенезите од една и Куманите и Византијците од дрѕга страна. Печенезите претрпеле страотен пораз. Силниот впечаток што го оставила оваа битка се согледува во зборвите на Ана Комнена: „Цел еден народ кој броеше милијарди е уништен за еден ден.“... “
Еве што понатаму пишува Острогорски за палењето на богомилите...
„..И покрај таквите повремени нарушувања, меѓу световната и духовната власт, главно, владеела слога на соработка, заснована врз силните заеднички интереси. Така царот и црквата заеднички се бореле против еретичките движења коишто ја загрозувале црковната и државната организација и во таа борба иницијативата му припаѓала на царот. Богомилското двожење никнато во словенската средина на Балканот, постепено добило таков замав и стекнало толку многу приврзаници во Византиското царство, па и во самата престолнина, што царот сметал дека е потребно против оваа ерес да се употребат најостри мерки. Водачот на богомилите, Василиј, и сите негови следбеници кои што му останале верн на богомилското учење биле спалени на клада /Cf.D.Angelov, Der Bogomilismus auf dem Gebiet des byzantinischen Reiches (1948)/.
Како православен владетел и бранител на православието, Алексиј I Комнен, мошне активно учествувал и во судењето на„конзулот на филозофите3 Јован Итал. Како и неговиот голем учител и претходник Псел, и Јован Итал бил пламенен почитувач на Платон и нео-платонијанците, а ревносно го проучувал и Аристотела. Во Италовата личност античката филозофија која што господарела на највисоката филозофска установа, дошла до судир со христијанската вера. “
Доста ти е..
Ееее, полека, ако не можеш/не знаеш да одговориш, чесно е тоа и да го признаеш, а не вината да му ја префрлаш на поставувачот на прашањата.
„Не ми ја мати водата!„ -и‘ рече волкот на овчичката, Ти текнуе?
Нема ништо невистинито што не сум ти рекол тука... така да не се работи дали не можам или не знам.. се работи што ти не поставуваш тавки прашања - ти поставуваш блесави и глупави прашања, и ги браниш ирационално..
И не ти ја матам водата сам си ја матиш веќе 4 дена по ред..
--- надополнето: 29 септември 2012 во 19:27 ---
Чек, полека, каков крај, па нели глеаш дека штотуку се распишав?...
--- надополнето: 29 септември 2012 во 19:28 ---
ахахах Глеам како се распишуваш.. ... треба ли пак да вртам сеа од пред 3-4 дена и да ти праам копи пејст на тоа како ти размислуваш и како расправаш и какви прашања поставуваш?
ај бе не ме заебавај..
Не бегај, а баш почна да добиваш уште попрецизни одговори и немој пак мене да ме обвинуваш...
Не добивам никакви одговори.. .