Зошто атеистите се толку опседнати со Бог и религијата?

Беловата теорема зборува за локални скриени променливи, а мислам дека се согласуваме дека вплетукуваните честици го кршат тоа правило. Сепак, хаосот(ниту детерминизмот како негова карактеристика) не е спротиставен со ова.
http://news.softpedia.com/news/Cesium-Atoms-Tie-Quantum-Entanglement-to-Chaos-Theory-123681.shtml
may be... may have... may suggest... ќе видиме, ништо не укажува на некоја општоприфатена согласност за детерминизмот, мноштвото интерпретации се наклонети кон спротивното http://en.wikipedia.org/wiki/Interpretations_of_quantum_mechanics#Comparison_of_interpretations
 
даjте малку дискутираjте на разбирлив (по прост) jазик за нас смртниците кои не сме доволно едуцирани за оваа тематика а сакаме повеќе да научиме :)
(атеист here)

Дискусијата уопште не е сложена ако знаеш неколку работи. Изгледа така затоа што тие што ја прават сакаат да изгледаат елоквентно. Ова е цела финта. Имаш пет шест експерименти.
Едниот го нарекуваат double slit experiment.
Најпросто кажано. Има куп фотони што идат кон плочка со 2 дупчиња. Дали фотоните ќе идат лево или десно не се знае. Сеуште нема објаснување како електроните "го избираат" дупчето по кое ќе идат.
Едните тука викаат дека тоа докажува дека на квантно ниво(мноооогу мало ултра микроскопско), се е рандом и дека не постои причинител-последица.

Ние тврдиме дека постојат фактори кои одлучуваат кој електрон по кое дупче ќе иде само што сеуште не се познати.

Науката вика сеуште не е доволно испитано, не го побиваме тоа дека можеби постојат фактори но сега за сега импресијата е дека не се познати или е рандом.

Другите расправии се одвиваат за тоа на пример кога се распаѓаат атоми (радиоактивно распаѓање, слаби сили) рецимо знаеме дека ќе се распаднат 50 у минута. Само не знаеме кои 50.
Едните тврдат дека тоа е рандом.
Другите тврдат дека постојат фактори али не се познати.

Целата дискусија почнува од идејата на едните да докажат дека светот е тоа што мислат дека е и дека нивното мислење за светот го прави нивниот свет да е таков каков што сакаат и при тоа ја користат квантната физика како доказ за тоа, ако убаво сфатив. Грешката при сето тоа е што нивните неурони се премногу големи за да важи квантната физика за нив. Така што мислите припаѓаат во така наречената Њутнова физика, каде што се е предвидливо и познато. Од друга страна, за да има мозокот способност да ја менува реалноста треба да има ооооогроооомен енергетски потенцијал за да влијае на времето и просторот. При тоа мора да постои механизам кој ќе може да го изведе тоа. Да креира работи кои не се реални. Така што, дури и да постои рандомнес на квантно ниво, тоа нема врска со тоа дали можеме да ја менуваме физиката и реалноста со нашите мисли. Амин
 
Д Од друга страна, за да има мозокот способност да ја менува реалноста треба да има ооооогроооомен енергетски потенцијал за да влијае на времето и просторот.
Под претпоставка да имаш неограничен енергетски потенцијал, како ќе ја "скршиш" реалноста со мозокот? Со Тошоизам?
 
Под претпоставка да имаш неограничен енергетски потенцијал, како ќе ја "скршиш" реалноста со мозокот? Со Тошоизам?

Под услов да не ти се испржи мозокот ќе те стават во трафостаница.
 
Целата дискусија почнува од идејата на едните да докажат дека светот е тоа што мислат дека е и дека нивното мислење за светот го прави нивниот свет да е таков каков што сакаат и при тоа ја користат квантната физика како доказ за тоа, ако убаво сфатив. Грешката при сето тоа е што нивните неурони се премногу големи за да важи квантната физика за нив. Така што мислите припаѓаат во така наречената Њутнова физика, каде што се е предвидливо и познато. Од друга страна, за да има мозокот способност да ја менува реалноста треба да има ооооогроооомен енергетски потенцијал за да влијае на времето и просторот. При тоа мора да постои механизам кој ќе може да го изведе тоа. Да креира работи кои не се реални. Така што, дури и да постои рандомнес на квантно ниво, тоа нема врска со тоа дали можеме да ја менуваме физиката и реалноста со нашите мисли. Амин

И едните и другите имаат идеја да докажат дека светот е тоа тие што мислат, едните го користат Њутн, другите се референцираат на помодерни сфаќања и истражувања, првите ги оспоруваат своеволно, веројатно имале инфлуентен професор што им наметнал мислење дека детерминистичкиот хаос е алфа и омега. Имав случај у средно професор што тврдеше дека Ајнштајн е шарлатан (читал некоја си книга) и дека била достигната брзина од 400000км/с, некои му поверуваа и го сватија тоа озбилно.

И друго, ја сфаќам зошто имаш такво мислење за слободната волја ама не се залетуј :D Вашиот ви свети скептички пристап на објективност ви е полн со субјективни предрасуди :D Ако сте скептици, не треба да сте скептици кон се, или само кон она што се спротиставува со вашиот светоглед?
Невроните не се мисли, невроните не се свест. Тоа се класични примери на category error. Ни науката нема појма што се нит може да има во сегашнава физичка парадигма, затоа што е некомплетна во однос на реалноста. Дека немаме слободна волја е модерно научно перење на мозок (како живите уопште со таква мисла? o_O) ... иако имаме интуитивно знаење за тоа ама нели е илузија пошто субјективноста не е релевантна според вас :D a објективноста пак се базира на нашата субјективност преку 5те сетила што ги имаме. Можеби цело наше сваќање тогаш не е релевантно. Можеби сме во матрикс (http://en.wikipedia.org/wiki/Brain_in_a_vat) и цело време појма немаме што всушност се случува. Што е реалност? Дека слободната волја е изведена од физичките закони а не примарен закон на свесниот ентитет е само сегашна предрасуда на науката.

Да имаше малце по open-minded пристап и да можеше да ги погледнеш од друга перспектива работите ќе размислуваше малце поинаку... засега само би ти рекол да не леташ високо. По шорткат постапка можеш со lsd магични печурки и слични срања да сватиш некои ствари (така викаат) ама не би ти препорачал, а и сигурен сум дека нема да се осмелиш затоа што си скептик :D Со 100 години модерен технолошки напредок арогантно е да се занесувате, може многу лесно за 100 години да испадне дека сегашните сфаќања се голема делузија. Keep your attitude down-to-earth...
 
не реков дека сум идел

Keep that up. Освен ако немаш чудна желба од време на време да се будиш гол на подот, опкружен со свеќи и повраќаници. :)
 
Полека, полека, не ми префрлувај дека сум противречен, а притоа не „конташ„ што значат нештата за кои пишувам.

За Црквата, што значи и за мене, Христос Е Вистината! Кратко и јасно! Се‘ што е од Хртса Бога кажано, тоа е и вистинито! Се‘ што е од смртник кажано, тоа е дискутабилно...

Субјективно е сето „она„ кое е за мене прифалтиво или „она„ кое е од мене сторено или кажано, што не претендира да биде и норматив за вистинито(ст). Субјективноста е само моја вистина...Ствар укуса.

„Личносно„ е релација во која стапуваат два субјекти, на пример Бог Творецот и конкретен човечки субјект. Таа релација е личноста релација, не е нит‘ физичка нит‘ материјална, како што е личносната релацијата меѓу родителите и нивните деца, или помеѓу роднините. „Личносно„ не е „исто„ што и „субјективно„.

Контам многу добро, затоа и до сега едно прашање не си одговорил.. патем прочитај си многу добро што си пишувал од завчера....На два три пати мораше копи пејст да ти правам завчера што се си рекол.. и сеуште глеам немаш намера да прочиташ што се изнапиша, и колку само си контрадикторен сам по себе.. но ајде...

Патем ако Христос е Вистина.. размисли само колку евангелија има за Ристета во Библијата, колку само луѓе (и тоа црковни луѓе од 3 век од н.е. до денес) различно пишуваат што тоа Ристе наводно рекол, што тој проповедал и како сето тоа е толкувано.. И сигурен си дека тоа е она изворното на Ристе?
Патем, пред недела дена, ако паметиш, дури и ти прокоментира на тоа, преведоа фрагмент запис од папирус на кое е запишано евангелието на Исус, препишано во 3 век од н.е. каде што Исус изјавува дека бил женет. Како сеа тоа ти се поклапа во однос на вистината што Исус ја говорел? Претходно тоа не се знаело, се шпекулирало, и немој да ми кажеш дека ти, како тврдокорен „изворен“ христијанин не си се противел на таквите факти!

И да конечно, по не знам кој пат (или стварно не разбираш или имаш тежок лингвистички проблем) личносно е исто што и субјективно.. И сам го потврдуваш тоа, повторно...

Личносно„ е релација во која стапуваат два субјекти, на пример Бог Творецот и конкретен човечки субјект.“ Човек е конкретен субјект кој има личен однос со одреден предмет, жива материја, или еве спомна родител, т.е. и Бог- Творецот, што значи неговиот однос е субјективен.

Исто како што е и субјективен односот помеѓу Тебе и Мајка ти и Татко ти, и моите мајка и татко, исто како што и јас имам субјективен однос со твоите родители и ти со моите, по однос на тоа као ти гледаш кон моите родители, и како јас кон товите, односно при вербален и физички контакт какво е твоето/моето физичко и психичко доживување.
Исто ти е и со Господ - Бог.. така да не завлегувај во лингвистички форми, што и онака ти звучат смешно..

Немам никаков проблем со мојата вера. Ти имаш проблем со неразбирање на истата, а проблемот мене ни го припишуваш.
--- надополнето: 28 септември 2012 во 13:50 ---

Имаш проблем.. и тоа „личносен“..
А јас проблем немам со твојата вера, дали ти веруваш или не тоа е твој проблем, а ко што гледам којзнае и во што веруваш... Нит ми смета само што си ирационално инертен, и се занимаваш со полувистини убедувајќи дека црното е бело...

Е да де, физика и марксизмот се екслузива саде за „напредните„ атеисти, не?...:confused:

Тоа што човештвото го напишало и запишало, глеано историски, нема блага врка со она кое денешните атеисти го застапуваат како вистина: нивната вистина е поинаква од Вашата!

Што се однесува до „...логичкото образложување...„, тоа е тема која може да трае, но никако не може да се вклопи во модерниот светоглед, на кој самиот му припаѓаш.
--- надополнето: 28 септември 2012 во 13:51 ---

пффффф ексклузива.. Што да ти кажам брат, тоа што ти го сметаш кај мене за ексклузивност, тоа за тебе е незнаење, а тоа што општо се смета за здраворазумно, за тебе е очигледен луксуз... на жалост...:unsure:

Патем, шо ги напраи бе ова атеистиве, секта? Испаѓа сите оние на кои ти им препишуваш дека се служат со лаги се атеисти а? цццц аман бе мики!
Па црквата до сеа колку само излажала во име на Бог (по поп о, едно чудо луѓе на клада стаила, и едно чудо луѓе испоклала во име на Ристе предизвикувајќи крстоносни војни), како бе тие не се атеисти, а?
А впрочем тоа се е историски запишано, и тоа од самата црква, и сеа демек тоа историски глеано нема благе везе со она што го зборат атеистите? :facepalm:

Е ја, кажи ми, која е таа „отприлика „насока во која Светов се движи? Живо ме занима...
--- надополнето: 28 септември 2012 во 13:55 ---

Само, немој да се лажеш премногу, оти Светот е бино поинаков од начинот на кој самиот го гледаш, читај: онака како што Те научиле да го гледаш, а не онака како и другите го гледаат...
Ама тоа е доооолга тема.

Насока во која се движи светов?
Ништо посебно но помпезно.... , како до сега така и од сега, можда поише човекови права во иднина и тако даље, исчезнување на нации, више технологија, намалување на зависноста од парите, со оглед да технологијата ќе биде достапна до секој, климатски промени, се помала и помала приклонетост кон религијата, поише осврнување кон себе и заедницата, одумирање на бракот... отприлика тоа.. ништо посебно..

А светов си е таков каков што си е, не е нешто уаааааааааау, но не е ни тиња, .. со други зборови, што ќе посееш тоа ќе прожнееш.. its on your own...
 
MEDDLE де,

очекував ТВОЈ одговор на моето прашање, а не да ми цитираш како Маркс го замислувал општестевно уредување во „убавата„ иднина, разбираш...80% од она кое го напиша, исто како Маркс да го напишал а не Ти. Останатите 20% и тие не се Твои ставови, туку она кое и пијан-ќорав, може уште денес да го забележи.

Но еве, за почеток, за да не ми префрлаш дека не сум одговарал. Еве како Црквата ја гледна иднината, но не онаа Твојата, туку онаа која е од Бога допуштена и ветена, но сосема на кратко:
- Светов се ближи кон својот крај (но не ради Фукујама, нормално...)
- Богоотпаѓањето ќе доживее максимум во последните 3,5 г. од овој Свет, во времето од владеењето од антихристот.
- следува второто Христово доаѓање, Неговиот страшен Суд, и целосно возобновување на Светов/Вселената и се‘ во неа.
- следува бесконечниот ден Божји, во кој праведниците бесконечно ќе се уподобуваат кон Христа Бога.

Ојме понатаму со моите одговори...
--- надополнето: 29 септември 2012 во 03:04 ---
Па црквата до сеа колку само излажала во име на Бог (по поп о, едно чудо луѓе на клада стаила, и едно чудо луѓе испоклала во име на Ристе предизвикувајќи крстоносни војни), како бе тие не се атеисти, а?
А впрочем тоа се е историски запишано, и тоа од самата црква, и сеа демек тоа историски глеано нема благе везе со она што го зборат атеистите? :facepalm:
.

Посочи ми валиден извор, во које запишинако која Црква и колкумина заклала до сега...Нормално, без вооштувања дека Црквата жарела и палела, туку со конкретни случаи.
--- надополнето: 29 септември 2012 во 03:05 ---
Патем, шо ги напраи бе ова атеистиве, секта? Испаѓа сите оние на кои ти им препишуваш дека се служат со лаги се атеисти а? цццц аман бе мики!
.

Ц, тоа Ти го велиш, не јас.
Атеистите се луѓе, кои се‘уште не ги отвориле умојте и кон Божите вистини, а не само кон овосветовните.
--- надополнето: 29 септември 2012 во 03:09 ---
пффффф ексклузива.. Што да ти кажам брат, тоа што ти го сметаш кај мене за ексклузивност, тоа за тебе е незнаење, а тоа што општо се смета за здраворазумно, за тебе е очигледен луксуз... на жалост...:unsure:
.

За атеистите, здраворазмно е само она кое тиес амите го сметаа за здраворазумно.

Плус, во Црквата, под поимот „знаење„ е подразбира учење кое е непосредно од Бога објавено до Црквата, за разлика од атеистите, кои под поимот „знаење“ подразбираат паразитски примена информација, од туѓо исксутво, а примено како да е свое/нивно.

Ете, сега имаш престава и за разликата во поимањето на ист поим од Црквата и од атеизмот.
 
Под претпоставка да имаш неограничен енергетски потенцијал, како ќе ја "скршиш" реалноста со мозокот? Со Тошоизам?

Едноставно. Ќе предизвикам експлозија со доволно голем интензитет за да го сменам распоредот на целиот сончев систем. Тоест тогаш нема да биде сончев систем. Ќе биде збир од нефункционални вселенски тела. Знаеш како ќе ја сменам реалноста? Место Скопје ќе има прашина. Силите на гравитација ќе се сменат. Времето ќе се смени без нашата атмосфера. И просторот ќе се искриви поради наглата експлозија. Ако имам доволно голем енергетски потенцијал од друга страна имам и механизам со помош на кој ќе го користам тој енергетски потенцијал ќе имам способност со таа сила да ги распоредам атомите на Амди Бајрам во друга формација како на пример Ема Вотсон затоа што секако ќе го поседувам и механизмот за да го постигнам тоа со таква прецизност. Глеаш се е можно ако пристапиш со отворен ум кон работите.
 
Имаш проблем.. и тоа „личносен“..
А јас проблем немам со твојата вера, дали ти веруваш или не тоа е твој проблем, а ко што гледам којзнае и во што веруваш... Нит ми смета само што си ирационално инертен, и се занимаваш со полувистини убедувајќи дека црното е бело...
.

Туѓ став е е само туѓ став...Ова не го коментирам.
--- надополнето: 29 септември 2012 во 03:12 ---
И да конечно, по не знам кој пат (или стварно не разбираш или имаш тежок лингвистички проблем) личносно е исто што и субјективно.. И сам го потврдуваш тоа, повторно...
.

Веќе објаснив која е разликата меѓу „личносно„ и „субјективно„. Ти пак си тераш по свое, а јас ќе бидма тој кој нејќе да одговори на поставени прашања, така?....:confused:
 
И едните и другите имаат идеја да докажат дека светот е тоа тие што мислат, едните го користат Њутн, другите се референцираат на помодерни сфаќања и истражувања, првите ги оспоруваат своеволно, веројатно имале инфлуентен професор што им наметнал мислење дека детерминистичкиот хаос е алфа и омега. Имав случај у средно професор што тврдеше дека Ајнштајн е шарлатан (читал некоја си книга) и дека била достигната брзина од 400000км/с, некои му поверуваа и го сватија тоа озбилно.

И друго, ја сфаќам зошто имаш такво мислење за слободната волја ама не се залетуј :D Вашиот ви свети скептички пристап на објективност ви е полн со субјективни предрасуди :D Ако сте скептици, не треба да сте скептици кон се, или само кон она што се спротиставува со вашиот светоглед?
Невроните не се мисли, невроните не се свест. Тоа се класични примери на category error. Ни науката нема појма што се нит може да има во сегашнава физичка парадигма, затоа што е некомплетна во однос на реалноста. Дека немаме слободна волја е модерно научно перење на мозок (како живите уопште со таква мисла? o_O) ... иако имаме интуитивно знаење за тоа ама нели е илузија пошто субјективноста не е релевантна според вас :D a објективноста пак се базира на нашата субјективност преку 5те сетила што ги имаме. Можеби цело наше сваќање тогаш не е релевантно. Можеби сме во матрикс (http://en.wikipedia.org/wiki/Brain_in_a_vat) и цело време појма немаме што всушност се случува. Што е реалност? Дека слободната волја е изведена од физичките закони а не примарен закон на свесниот ентитет е само сегашна предрасуда на науката.

Да имаше малце по open-minded пристап и да можеше да ги погледнеш од друга перспектива работите ќе размислуваше малце поинаку... засега само би ти рекол да не леташ високо. По шорткат постапка можеш со lsd магични печурки и слични срања да сватиш некои ствари (така викаат) ама не би ти препорачал, а и сигурен сум дека нема да се осмелиш затоа што си скептик :D Со 100 години модерен технолошки напредок арогантно е да се занесувате, може многу лесно за 100 години да испадне дека сегашните сфаќања се голема делузија. Keep your attitude down-to-earth...

Штотуку ми кажа дека ако се дрогирам дека ќе сфатам што е слободна волја? Толку од муабетот со тебе. Али вака. Сакам да те лоботомирам. Живеј си послем со твојата свест пошто и онака мозок не ти треба. Moре се читаш ли што пишуваш. Даваш сугестија некој да конзумира супстанции кои воедно се дроги и според тебе физички за да сфати што е слободна волја и што е нефизичката свест. Знаеш ли колку фаци што кркале трипчиња и сакале да бидат спиритуалисти како тебе завршиле у лудница? Знаеш ли колку наркоманчиња добивале епилептични напади и трајни оштетувања на мозокот? Такви дечурлана што мислат дека го сфатиле светот зашто прочитале две три книги од Кастанеида. Нема потреба ти да ми даваш совети какви дроги треба да земам за да ја сфатам вистината. После 100 години ќе испадне дека сегашните сфаќања во голем процент можеби биле делузија. Ама нема сигурно твоите сфаќања за светот да се откријат дека биле вистината. Застарени сфаќања за духот и слободната волја, затоа што ти е страв да си го расипеш комфортот со идеја дека твоите одлуки се резултат на претходни фактори. Дека не можеш да мењаш ништо. Луѓето имаат нормална еволуциона алатка што се вика илузија за слободна волја. И не ми почнувај со муабетите за тоа што е реалност. Баш поради тоа што се што знаеме го примаме преку нашите 5 сетила, треба да не веруваме на нашите заклучоци за тоа што е реалноста. Затоа сине, постои работа како наука, која го исклучува човечкиот фактор и се базира на принципи ради кои ти имаш компјутер, у иднина кола и електрична енергија и антибиотици и ракети и генетски инжињеринг...... Од твоите верувања во астрална проекција немаш ништо освен илузии кои ти ги ствара твојот мозок. Затоа размисли малку. Дали твоите искуства со натприродното се илузија? Зашто им веруваш на своите искуства? Зашто религиозните луѓе им веруваат на своите искуства со Бог? Затоа што сакаат тоа што го веруваат да е вистина. Епа не е. Сам си кажа. Мозокот создава илузии. Затоа ќе се потпираме на научните методи кои не ствараат илузии.
 
Патем ако Христос е Вистина.. размисли само колку евангелија има за Ристета во Библијата, колку само луѓе (и тоа црковни луѓе од 3 век од н.е. до денес) различно пишуваат што тоа Ристе наводно рекол, што тој проповедал и како сето тоа е толкувано.. И сигурен си дека тоа е она изворното на Ристе?
Патем, пред недела дена, ако паметиш, дури и ти прокоментира на тоа, преведоа фрагмент запис од папирус на кое е запишано евангелието на Исус, препишано во 3 век од н.е. каде што Исус изјавува дека бил женет. Како сеа тоа ти се поклапа во однос на вистината што Исус ја говорел? Претходно тоа не се знаело, се шпекулирало, и немој да ми кажеш дека ти, како тврдокорен „изворен“ христијанин не си се противел на таквите факти!
.

Во Светото Писмо има онолку евангелија, колку што Црквата канонизирала: тоа се 4 евангелија, нит‘ 5 нит 3, нит‘ 56, туку токму 4. Се‘ што е надвор од таа бројка, се т.н. апокрифи, кои Црквата не ги прифаќа, туку Црквата ги препознава како еретички подметнувања.

Не постои „евагелие по Исус„. Лично, нема да се зачудам ако во скора иднина, прочитам уште некоја бласфемија на сметката од Црквата или до самиот Бог. Во последниве години, премногу зачестија тазе „отркиените„ докумнети, кои „као„ докажуваат „ова„ или „она, а кое Црквата одамна го има апсолвирано...

Денешното Свето Писмо, во оваа форма е обликувано кон крајот од 7-от век а не во 21-от, така да се‘ што некој слободоумен истражувач ќе „открие„ и ќе се обиде да и‘ го подметне на Црквата, тоа ќе биде само уште еден демонски напад и врз Црквата а и врз Христа.
--- надополнето: 29 септември 2012 во 03:21 ---
Контам многу добро, затоа и до сега едно прашање не си одговорил.. патем прочитај си многу добро што си пишувал од завчера....На два три пати мораше копи пејст да ти правам завчера што се си рекол.. и сеуште глеам немаш намера да прочиташ што се изнапиша, и колку само си контрадикторен сам по себе.. но ајде...
.

Да конташе токлу добро колку самиот велиш, ќе увидеше дека правам јасни дистинкцкии помеѓу категориите кои ги опишувам. Но еве, ќе бидам трпелив, а Ти почни да поставуваш прашања, ама со усул, а не во склоп од километарски постови....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom