Златко Калински

  • Креатор на темата Креатор на темата Partizanen banditen
  • Време на започнување Време на започнување
Абе не заебавајте, доволно е гласот да му го слушнеш и одма ти враќа спомени од првата Олимпијада и првото Светско што си го гледал. Од ЛШ кога фудбалот беше повеќе од пари, на Бразил на Роналдо од 2002ра, на силните Милан и Ливерпул, галактикосите на Реал, на сер Алекс Фергусон. Те потсеќа како дете колку си му се радувал на спортот, како си плачел цела вечер кога твојот тим ќе излезе од ЛШ и како животот бил многу поедноставен и безгрижен.


Нека му е со среќа пензијата.
 
Отсекогаш подобро коментирал атлетика и ОИ него фудбал...
 
И кога губи твојот фаворит од некој безвезен тим, и ти си нервозен и тераш се по дома до трето колено, кога ти се распаѓа животот ради таа утакмица, а ја чекаш и на тикет за тешки пари ама ништо не иде како што треба, и Калински вади нешто како "Велелетна игра на малиот Бари против џиновите од Англиската престолнина" ти доаѓа да се насмееш и забораваш на нервозите :)
 
Чудо е како одредени вести експресно се актуелизираат и со неколку share-ови на социјалните мрежи се ствара домино ефект - групно плачење, ексик веќе

10 милиони години никој ништо не кажал за Златко Калински и сега наеднаш страшно ни недостасува загреота лилееее шу ќе праиме без Златета божеее :place:

#pray #for #kalinski

п.с. Реално, незаменлив е пустии Златче
 
Последно уредено:
И кога губи твојот фаворит од некој безвезен тим, и ти си нервозен и тераш се по дома до трето колено, кога ти се распаѓа животот ради таа утакмица, а ја чекаш и на тикет за тешки пари ама ништо не иде како што треба, и Калински вади нешто како "Велелетна игра на малиот Бари против џиновите од Англиската престолнина" ти доаѓа да се насмееш и забораваш на нервозите :)
:pos:
Велелепна се вика бро. :D

Инаку не јадете гомна за Калински бе, дефинитивно најдобриот наш коментатор икада, гласот, поезијата, се што поседуваше беше специфично и одлично за увото на гледачот. Малце ме нервира што се крева волкава фама, божем умрел човекот... Природен процес си е тоа, не може вечно да коментира. Нека му е среќна пензијата и нека ужива во секој момент од неа.
 
Абе кој Златко не се глупирајте трагедија беше човекот, изгледа никогаш не сте гледале некој пренос на српскиот СпортКлуб, кои легенди се тоа, јас не сум сретнал досега толку стручни коментатори, секој може да треска глупости, но да даваш релевантни информации како на пример во стилот на Американските коментатори, Вишко, Баки, Говедарица, Ерцег, Дарко, Пралица, Гојко, Денис, колку само го прават гушт гледањето на било кој спорт на ТВ, буквално телевизорот ми беше постојано на СК пуштен, додајте го на тоа и спортсите студија на Драгана Косјерина (многу ми беше симпатична) и имате супер програма. А за Златко гуд риданце.
 
Дигаше атмосфера поготово за ЛШ. Можда не беше најсконцентриран на моменти, али праеше штимунг. Незнам зашто не остана уште со финалето да заврши кариера. Со среќа нека му е пензијата, си ја заслужи.


финалето е во јуни ке треба уште 1 плата за јуни да му дадат така
 
Значи Калински е од стариот ков на коментатори, не го спроедувајте со овие од СК. Он си коментираше у свој свет, својствен за тип на коментатори од минатите времиња. Нема збор дека овие на СК1 е ќејф да ги слушаш колку се спремни и све, али станува збор за друг тип. Диносауристе како Калински веќе ги снемува. Проблемот е што праиме со новиве наши кои апла везе немаат, не па да ги ставиш у ист кош со овие од СК1 што ги набројавте.
 
Вака тоа изгледаше и звучеше со Калински. Штета што нема видео од трката на стотка на ОИ 2012 во Лондон. Со она неговото " Боже мили" :)
Ќе ми недостига јбг. Штета што не му дозволија на Панчев да искоментираат еднаш за последен пат. Свесни сте дека нема никогаш повеќе дуово да го слушниме заедно да коментира?
 
Лацио - Реал Мадрид, од времето на Пандев во Лацио.

Лацио ЛШ немаше видено од незнам кога. Пред почетниот судиски свиреж во кадар ги даваат трибините - публиката насмеана расположена, разиграна.

"Празнична атмосфера во Рим. На гости дојде големиот Реал Мадрид"

Подобро кажано - здравје
 
Татко ми ептен си го поштува Калински. Во таму далечна 2003-4 кога почнав да гледам фудбал и ЛШ (сега веќе не), постојано гледавме заедно натпревари и со мерак го слушавме, човекот знае да ти створи емоции и ко нештото што го гледаш да е вауу, нешто најдобро моментално.
Калински си го сакаме битно, а оној бледион ко испиен што е во фацата, не ми текнува како се вика човекот, него постојано го мутираме.
 
Лацио - Реал Мадрид, од времето на Пандев во Лацио.

Лацио ЛШ немаше видено од незнам кога. Пред почетниот судиски свиреж во кадар ги даваат трибините - публиката насмеана расположена, разиграна.

"Празнична атмосфера во Рим. На гости дојде големиот Реал Мадрид"

Подобро кажано - здравје
Никад нема да га забрау муабет од исту утакмицу
"Пандеф,Пандеф.... и понатаму Пандеф.... волшебно се загради"


Какф цар, какф велемајстор,Ацо Шопоф може воду да му носи док трае утакмица, а на полувреме сам ке си стане да си напуни : D

Сс среќу пензиичка господине Калински!!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom