ЗЕМЈОТРЕС!

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Пријатели, а добре ли сте? штети има ли нјакакви? Лоша работа... Сега казаха у нас по радиото - 285 југозападно от Софија

Сега эа сега нема никакви информации эа билокаква штета.
 
Па ако било тука од 6 до 7, требало рушевини да сме :nesvest:

Има две скали за мерење на земјотреси, Меркалиева и Рихтерова.
Рихтер е до степен 10, Меркалиевата е до 12.

Шести/седми степен според Меркалиева скала се манифестира со паѓање на објекти кои имаат слаби темели и со пукање на ѕидови. Од друга страна пак, шести/седми степен според Рихтер предизвикува колосални штети во радиус од 160 км од епицентарот.
 
Јакичко беше, али не ми се веруе дека напраило некоја штета. Кај мене се стресе масата кај шо ми стои компот :vozbud:. Мислам дека двапати здрма еднаш па по неколку секунди уше еднаш или грешка сум ?:kesa:
 
Епицентарот му бил у близина на Гостивар. Такво нешто прочитав прееска јас. Така да таму највеќе требало да се осети... Ако има некој од таму, нека збори :)

Има има- од убајни не здрма... Се блокирав не знаев како да реагирам во моментот дали да останам в кревет или да станам и се стркалам и скријам под кревет :nesum:
 
И во Тетово јако здрма, јас на приземје живам па осетив :S
 
Па ако било тука од 6 до 7, требало рушевини да сме :nesvest:

таа скала неке да е рихтер.. можда е некоја друга... пошо со 6 или 7 имаше да бидеме пепел
 
таа скала неке да е рихтер.. можда е некоја друга... пошо со 6 или 7 имаше да бидеме пепел

Не е Рихтерова, ете Јове погоре ми објасни...
Се работело за цифри по Меркалиева скала :)
 
Ја чим го осетив, што у живот не сум осетила земјотрес... :icon_conf Озбилно, 3 - 4 ги имало до сега, откако памтам за себе, и тоа два пати на школо бев од тие, паника дигнаа невидена, а не успеав никогаш ништо ни да почувствувам ни да да укапирам.
Слабо или јако не знам, али не беше баш пријатно у секој случај. Особено не се пријатни цифрите по вести. :icon_conf
 
Аман бе, што сте се испотресле сите? :)
Јас сум на 6 спрат у центар, осетив али ништо посебно :) Здрма малку ама не беше јако, ништо не мрдна дома (а обично се` крцка)
 
Зависи, има вертикално и хоризонтално бранување. Зависи како ќе се движат подземните води. Вертикалното бранување е многу поопасно отколку хоризонталното.
Не можам да го објаснам ова убаво затоа што бев копиљче кога бев на предавања на ПМФ, не се сеќавам убаво, ама сфаќате отприлика за што зборувам:)
 
И да, заборавив да допишам горе... штом земјотресот се означува со римски цифри, тогаш е пресметан според Меркалиева, штом е со нормални(арапски) тогаш е според Рихтер. Значи овој денеска бил 4.9 степени според Рихтерова скала, VI степен според Меркалиева скала.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom