ЗЕМЈОТРЕС!

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Уште на еден доста силен земјотрес се сеќавам, на 24 февруари 2004. Датумот го памтам зашто 2 дена потоа загина Борис Трајковски. 6-7 сабајле беше и потресот и звукот што го произведе ме разбуди од сон. И тој беше над 4 сигурно, само не верувам дека беше појак од тој 2016, зашто не се зборуваше многу потоа за него. А може и заради смртта на Трајковски не се зборуваше, не се сеќавам.
 
Истиот период имаше и еден земјотрес кој беше околу 9-11 часот. Бевме во школо, се тресеа прозори и клупи, мислиш ќе падне школото. Сите не избркаа од училниците, ептен ланика се крена. Седевме надвор на безбедна далечина и чекавме да падне зградата :D
Доаѓа тетка ми избезумена дека работеше во близина, цело школо надвор, братучед ми го нема. Си останал во мензата и лапал макарони од сите тањири што останале од другите што киднаа :D
 
За тој во 2016та што беше, попладневниот кај 15 и кусур беше најјак, чак и појак од оној сабајлето што беше. Паметам после имаше и трет вечерта наредниот ден мислам, Оливера Ќорверзироска имаше промоција на книга во Менада, коа здрма сите ускок надвор, ме гледа Игор од или-или ми вика не сум видел чоек толку брзо да излета преку врата. Памтам после се вратив, ми шкљоцаа забите, немав концентрација да ја допратам промоцијата.
Автоматски споено мислење:

Уште на еден доста силен земјотрес се сеќавам, на 24 февруари 2004. Датумот го памтам зашто 2 дена потоа загина Борис Трајковски. 6-7 сабајле беше и потресот и звукот што го произведе ме разбуди од сон. И тој беше над 4 сигурно, само не верувам дека беше појак од тој 2016, зашто не се зборуваше многу потоа за него. А може и заради смртта на Трајковски не се зборуваше, не се сеќавам.
Тој 2004та бев у школо, памтам скакање преку прозор директно на трева у двор. Сва среќа бевме на приземје.
Имаше и во 2002ра мислам, исто негде април беше, се враќам од средно чил аут музика оптегнат на тросед, кај 13 часот беше јако дрмна. Се сеќаам тоа беше прв пат да се соочам со таков јак потрес.
 
Значи минимум 1 година си помал од мене. :P
Една, толку мислам. Ти си бил гарант прва на факс тогаш. Памтам брат ми исто тогаш пошо беше на ПМФ го пуштија порано дома. Ама, мислам во тие 2-3 години што имаше земјотреси, немаше некои афтершокови кои би се паметеле. Оној 2016та беше цела серија.
 
Тој, ете, видовме, имал и бифоршок.

Се надевам не беше и ова денес бифоршок. :(
Toj 2016та беше скопски и беше ради срањана у црешево што се исподесија месец дена уназад со поплавите. Беше плиток и траорен.
 
Од тој во 2016 имав последици во главата некое време после тоа. Лето време беше и класика се главеше цела ноњ и тој во 7 беше во истиот момент кога легнав да спијам, буквално само што се испружив, од умор заспав, само што се будам, уште вода се немав напиено, доаѓа тој во 2:30 најјакиот. Буквално земјотрес ме испрати во сон, земјотрес ме пречека од сон. Месеци после тоа, кога ќе легнев во кревет осеќав земјотреси кои не постоеа, прво проверував темава и emsc да не имало нешто, а потоа се навикнав и игнорирав. До тој памтам ниеден немав почувствувано (освен еден можда рани 00ти кој ептен бледо го памтам), после тоа сите ги чувствувам, дури ете и непостоечките во мојата глава.
 
За тој во 2016 во 15 часот што се случи, мислам дека не постои човек што се има побрзо симнато од втори спрат до пред зграда од мене. Точно 0,0001 стотинка ми требаше за да го сторам овој подвиг, штета што немам никаков освен усмен доказ за тоа.
 
Abe da ne ripna od terasa? Za taka mi deluvash a od trauma duri i skali ti se videle :D :D
 
Земјотресот во 2016 го пречекав на балкон од зграда направена во 1957 година, која го има преживеано земјотресот од 1963 - со бебе во рака. И ич не ми беше страв пошто знаев дека нема да мрдне зградата :D Го памтам денот по тоа што после земјотресот цел факинг ден го поминавме во шетање со количка низ град, демек на сигурно.

Овој земјотрес не го осетив, возев.
 
2004 го памтам, копиљ 4то одделение, игравме со братучед ми ризик кај него. Патем живее до мене одма. Здрма јако, ние не мрднавме, мора да одиграме оти после сме втора смена во школо, нема време.
Мајка ми се утепала ѕвонејќи дома, јас лабаво вртам коцки. Никој не и кренал и одма такси фатила жената да види што се случува.
Кога виде што се случува, сукалото во рука и по мене. Од тогаш знам дека со земјотрес нема играчка :D
 
Де бе ве читам и не ми се верува колку паничите. Јас во кафана бев и на маса само една осети, а не бевме ни пијани.
 
Нели имаше и 2009 летото некаде кога цела држава спиеше по шатори надвор? Знам актуелно беше тогаш Шпанија гостуваше на градски кога ни ја свртеа утакмицата од 2-0.
 
Нели имаше и 2009 летото некаде кога цела држава спиеше по шатори надвор? Знам актуелно беше тогаш Шпанија гостуваше на градски кога ни ја свртеа утакмицата од 2-0.
Имаше, ама далеку беше од Скопје. Мислам дека во Валандовско беше епицентарот и тој дел на Македонија беше засегнат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom