Левичарски глупости.
Спомнуваат за плагијаризам во Библијата. Нема зошто да се збори за плагијаризам. Едноставно останатите народи, нивното пишување ја потврдуваат вистината напишана во неа.
Ова не е напад врз случувањата напишани во Библијата, како оние кои го направиле филмот и оние кои го спомнуваат сакаат да прикажат, напротив, филмот ја поткрепува нејзината веродостојност.
Филмов има потенцијал да го повтори успехот на кодот на да-винчи.
Сепак, не ми е јасно зошто толку напади врз христијанството, а врз исламот скоро ништо.
Немаат гз левичарите да го критикуваат?
Исто, не знам што се замараат толку луѓето дали 9/11 било дел на терористи или бил испланиран од некои кругови во САД. Тоа е сосема ирелевантно.
Она кое било и е важно е да се најде повод за напад и повторно освојување и реколонијализација на одредени земји во средниот исток, земји кои не сакаат да соработуваат.
Бидејќи причина има, нафтата е важна, без ефтина нафта, целиот развиток на човештвото е загрозен.
Средниот исток го има поголемиот дел од светските нафтени ресурси. Значи проблеми во тој регион, проблеми со извозот на нафта, предизвикаат застој на глобалниот индустриски развиток. Тоа е нешто што држава како Америка, како светски лидер и генератор на прогресот не смее да го дозволи. Дури може да се спори дека е неетички, таа да не превзема акција, кога е засегната светската (западната) благосостојба. Едноставно во некои случаи има оправданост за негирање и непочитување на граѓанските и човечките права, тие не се алфа и омега на човечката листа на приоритети на овој свет. Го сметам севкупниот развој на науката и технологиите како примарна цел на човештвото. Убаво би било и да се трудиме постапките да бидат цело време под некоја универзална морална капа, но понекогаш/секогаш постои и поголемо добро, поголема вистина за чие постигнување, не треба да се бираат средства. Бидејќи крајниот резултат ги оправдува истите.
На крајот, дали формирањето на држава на одредена територија и дава право на таа држава врз таа територија? Не сум согласен. Државите се вештачки творби, светските суровини се за општо човечко добро. А постапките на Америка се постапки во вистинскиот правец за постигнување на тоа добро.
Ако и покрај сите напори и добра волја и жртви дадени и пари потрошени не се реализира потребната цел, тогаш да се пристапи кон реколонизација, но сега со помош на целиот свет.
Америка да го земе Ирак, дел од Саудиска Арабија и дел од иранскиот гас, Кина и Русија Иран, Европа дел од Ирак.
Кувајт, ОАЕ, Катар и сличните нека останат сателити како и досега, тоа се држави кои не прават проблеми и не извезуваат нестабилност.
Сите задоволни.
Уцени, намалување на производството и вештачко држење на цената на нафтата на високо ниво, нема да се толерираат.
Нема што група на пешкироглави како ги викаат неуките американци, да го зезаат цел свет. Ако не се покорат, ќе бидат покорени.
Ај претерав со солуциите. Но останува едно. Од левичар, особено оние кои се палат на филмов, Човек не бидува.