Добро е што ваквите постови ќе стојат како репрезент за површното размислување.
И да,Македонијата дефинитивно има проблеми,и еден од нив е што секој граѓанин на секоја тема станува експерт,со поврзување на настани кои немаат логичка смисла.
Да го видиме генералниот проблем во твојата "теорија на заговор".
Која е целната група,за која се фалсификува состојба на "мед и млеко"?
1.Светската јавност.
И зашто владата би се мачела да прикажува дека нема проблем со заушки,кога тоа воопшто не би било последица од нејзини постапки,а ниту пак да биде обвинета за нивна појава.
2.Македонската јавност.
И зашто би се мачеле,и впрочем доведувале во ризик сите граѓани,ако они веќе ја знаат фактичката ситуација (дека очигледно ИМА проблем со заушки)?
Океј,нема да разглабам понатаму,сепак е ова Здравје.
Ама очигледно има политика и во болестите.
Затоа,користете го она што многу малку форумџии го применуваат :
Think before you post,not - post before you think.
Let's start from your bullshit talking... Упс, веќе почнав да звучам како тебе со англискиве излитени фрази. :kesa:
Прв кикс: напаѓањето за станување експерт. Колку шо памтам ти стана експерт за образование кога беа штрајковите, проба да продаваш експертиза по билјард (која на општо разочарување беше срушена од старт), експерт си за HDTV (докажано, со диплома и печат), а еве гледам имаш и аспирации за здравствено-политички докторат.
Теоријата на заговор, како што милуваш да ја викаш, е тесно поврзана со изборите кои следат за нешто помалку од два месеца. Дали мислиш дека на локалните избори владеачката партија ќе забележи ист успех при јавно мнение дека во државата се’ е во ред, или ако јавно излезе и каже дека нема пари, или поради било кои причини не е во можност да ја спречи рапидно влошената ситуација со епидемијата на заушки? Ако излезе министерот за здравство и рече: Ние немаме вакцини против заушки во залиха, плус претходното вакцинирање не беше добро спроведено и контролирано - нека се спасува кој како може, тогаш следува благ пад на рејтингот.
Значи, има потреба од „теорија на заговор“, ако не е оваа, може е друга. Сепак, простор за политичко искористување на моменталната криза со заушки, има, и тоа голем простор.
И да, еве ти ја назад изреката:
Think before you post, not - post before you think.
Фак, се навлеков на англискиве фрази, гарант некоја малолетничка ќе си фатам!
