Заушки

во колку проценти од случаите се останува стерилен ? има ли такви податоци и како доаѓа до тоа некој да разјасни тоа малце :) само тоа е страшно во оваа бактерија што многу потресува :S :jaj:

Ko прво не е бактерија туку е вирус. Вирусот се вика мумпс.
Некаде кај помалку четвртина се префла инфекцијата и на тестисите, а од тие кои се погодени многу малку остануваат комплтено неплдни.
 
Вонреден рaспуст слабо а? :S Страв ми е во школо да идам сега :S
 
читам сега дека ќе ги вакцинирале децата кој не биле вакцинирани кога требало, но.. што ќе биде доколку тој што треба да се вакцинира, во него инкубира вирусот ? ке настанат ли некој компликации ?
 
И јас еве на бапка од нив.. Мамето усташко нивно.. И цело мое друштво паднаа под инвазијата наречена заушки.. Па помагајте луѓе!!
 
Симптоми на заушките се покачена температура, главоболка и оток со осетливост (најчесто еднострано) на задушните плунчани жлезди сместени на аголот од вилицата (пред, под и зад ушите). Поретко можат да бидат зафатени и подвиличните и подјазичните жлезди (едно или обострано).Кај момчиња по пубертетот заушките може да доведат до воспаление на тестисите поради големата температура која може да го изгоре семето.Други можни компликации се загуба на слухот и воспаление на мозокот и неговите ципи (менингоенцефалитис). Вирусот не се појавува веднаш туку неговата инкубација е 12-25 дена по експозиција. Ако се сомневате дака имате заушки најдобро би било да се консултирате со доктор, ништо не губите.И препорачливо е додека имате заушки да не се оптеретувате со други работи туку да одмарате и да му дозволите на организмот да си створе имунитет на болеста, и секако да внесувате многу витамини.
btw. не сакав да ве плашам туку само да ве информирам бидејќи и јас сум во критичната група -17 год. но мене тешко ме фаќаат болести :salut:
 
дај нека објава вондредна состојба....зш вака само појше и појше ке има...а тоа е што полошо за сите нас...недајбоже да мутирала болеста па да ги зарази и тие што прележале....ја лично иам прележано но сепак...стравот тука е ...и треба да се плашиме...!
 
Не бе. Еве сеа на вести викаат не е алармантно. Коа ќе го снема цел клас ќе речат грешка, ај сеа коа сте болни на распуст :baeh:
Само ако фатам тоа заушките мамата у пичка да им ја ебам боље 1-2 недели дома отколку сите 1 месец да се мачиме
 
во колку проценти од случаите се останува стерилен ? има ли такви податоци и како доаѓа до тоа некој да разјасни тоа малце :) само тоа е страшно во оваа бактерија што многу потресува :S :jaj:
АКО добиеш компликации, и не сториш ништо за тоа ( има соодветни лекови, само треба да го информираш лекарот ).
 
Ај ако може нека одговори некој на прашањето на DANTE, и мене ме интересира:)
 
Toa Злобница, Гаго или некој друг постручен најдобро нека го објасни и одговори, мада мене не ми мириса на нешто добро.

Кај мене во клас расте бројката на заушки, секој ден отсутен е +1. На нервна база веќе си чувствувам симптоми, дури кога ќе ја видам темава добивам реакции во жлездите :)
 
Какви симптоми имаше, дали имаше температури, ово оно додека беше болен и за колку време ти помина?:smir:
Бев отечен на десната страна (за среќа не ми отекоа тестисите). Па додека бев болен лежев многу многу а и треба да се леже бидејќи ако не мируваш може и тестисите да отечат (кај машките :D:D:D). Друго грлото те боле, јадење јок, пиеш витамини и антибиотици за отокот и исто имав и висока температура. И оздравев за 2 недели.
 
читам сега дека ќе ги вакцинирале децата кој не биле вакцинирани кога требало, но.. што ќе биде доколку тој што треба да се вакцинира, во него инкубира вирусот ? ке настанат ли некој компликации ?

Тешко тоа да настанат компликации, едноставно ќе се активира болеста како и да не си бил вакциниран, и во основа вакцината ќе биде за џабе.
Ептен ќе теба се исклучително различни подтипови на мумпс тој со кој си се заразил и тие со кои си бил вакциниран па евентуално само да ја отежни работата на имуниот систем, да наместо да произведува еден тип на антитела да произведува два типа. мада мислам дека ова е многу неверојатно.
 
И вакциниран мислам дека можат да се добијат заушки, но со послаб интензитет на болеста, ако ме сфаќате што мислам.
Конкретно пример шо го познавам, со примени вакцини имаше помал оток и болки при јадење и голтање. Точно 15 дена одмараше пред да оздрави. Без покачена температура, главоболки...или некакви други компликации.

Во контекст на темава:

Алармантна ситуација со заушките во Прилеп

Секој ден бројот на заболени од заушки во Прилеп се зголемува за 20-тина нови деца. Од почетокот на годинава заболеле скоро 300. 75% од нив се средношколци, односно оние деца кои во почеток на 90-те години не примиле вакцина, но има и голем број спротивни случаи.16-годишниот Христијан Божиноски иако ги примил и двете вакцини, заболел од заушки.
„Ми рекоа само дека имам заушки и ништо друго, а јас ги имам примено и двете вакцини“, вели Божиноски.
Досега во Прилеп се хоспитализирани 35 луѓе со компликации. Лекарите не знаат зошто и покрај вакцините децата заболуваат од заушки.
„Мислам дека во моментов се испитува дали вирусот евентуално мутирал, дали е комплетно нов тип на вирус или пак има пропусти во вакцинирањето“, изјави Емилија Костоска, лекар во Инфективно одделение Прилеп.
Граѓаните се во паника. Постојано прашуваат дали децата им се вакцинирани.
„Ревакцината кај некои од нив е изостаната затоа што таа е воведена во 1997 година како редовна ревакцинација на на децата“, рече Василка Младеноска, началник на Примарна здравствена заштита.
Од Заводот за здравствена заштита велат дека нивни екипи се постојано на теренот и ги евидентираат оние случаи кои заболеле, а не се пријавиле во амбулантите, а исто така се евидентираат и оние деца кои воопшто не примиле вакцина.
Дел од експертите предлагаат за да се стопира болеста да се прекине наставата во училиштата каде најмногу се заразуваат децата.
„Очекуваме бројот на заболени да расте со блиските контакти на децата во училиштата“, истакна Татјана Мургоска Станимировиќ, началник на Епидемиологија во ЗЗЗ - Прилеп.
Се очекува деновиве да се вакцинираат сите деца кои ја немаат примено вакцината.

Ебаго!!! :toe:
 
и у тетово глеам има неколку заболени ... идам до дуќан по мастики го глеам продавачот потечен у гушата :nesvest: и тоа е возрасен човек над 40 години .... ова 90% не е истиот вирус на заушки од пред 10 години.
 
Бев денеска на лекар докторот ми рече немаш ништо тоа само од шо си мислиш по психа те мава :jaj: вакциниран сум бил 2 пати :toe: ама ипак мене сумливо ми :@
од понеделник пак вакници или шо?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom