Заинтересираност на младите во Македонија за започнување сопствен бизнис

  • Креатор на темата Креатор на темата Word$haker
  • Време на започнување Време на започнување
добив совет од блиски кои имаат бизнис 20 години ... во моментов приватна фирма никако ...
 
За мал приватен бизнис најпрво ти е потребно место / локација, разбирам дека тоа спаѓа во бизнис планот. Но доколку започнување на мал бизнис го направиш со изнајмување на место локацијата знај дека уште од почеток си хендикепиран.

Како и да е, голем мераклија сум за започнување на мал бизнис... Сајбер Кафе да бидам по прецизен. Тоа ми е идеата, а исто така уживам во таа работа. Знам дека не е можеби нај атрактивното "нешто" во моментот, но како што ги наброја погоре 3те работи за успех, убеден сум дека:
- Добра идеја (ги имам многу за како да го живнам бизнисот/привлечам муштерии)
- Солиден бизнис план (немам солидна место локација)
- Напорна работа (жеден за шанса)

И скогаш доаѓам до заклучок дека е полесно започнување на мал бизнис со партнер и доколку немаш Кеш подобро ич не си фантазирај, а со банки подобро да си немаш работа.


Со оглед дека 95 % сите имаат компјутер дома те обесхрабрува идеата , но верувај понудата на онлајн модерните игри на денешно време можат да ти донесат солидна заработувачка. Блиску до моето маало има едно , абре партали прават , полно е и плус се чека на ред , зима типот 30 денари од саат и има околу 25 компјутери али во голема предност е што дуќанчето е негово. Млади деца пукаат кантер и дота по цел ден , барем сеа додека беа на распуст. Секако ако ова се нафатиш да работиш треба инвестиција , земај во предвид дека еден добар гејмерски компјутер не ти е испод 400 евра. Плус ако несакаш да даваш плати планирај да седеш најмалце по 13-14 часа дневно таму , али заработувачката на денови може да стигне и до 7-8 илади бруто. :) Исто така друга добра инвестиција е билијардот , барем не троши струја и многу помали се шансите за било каков дефект.
 
Заборави на капитал, мора да имаш нешто макар и минимално како би можел да почнеш.

Не заборавив на капиталот, напротив. Но, добрата идеја е прво и основно, без неа се паѓа во вода.

Е сега, вака околу капиталот. Можете, но и не морате да го имате. Ако имате, супер, ќе инвестирате од свој џеб.

Но што ако немате ни скршена пара? Седнете, загрејте го столчето, направете добар бизнис план и аплицирајте за старт ап субвенции, било кај нас, било во странство. Прочепкајте и прогуглајте на интернет, има стотици конкурси за нови стартапи. И што е најважно, средствата се неповратни, односно не мора да се заглавувате со кредити.

Еве на пример:
http://pretpriemac.mk/index.php/novosti/1638-hjundai-nagraduva.html
 
Со оглед дека 95 % сите имаат компјутер дома те обесхрабрува идеата , но верувај понудата на онлајн модерните игри на денешно време можат да ти донесат солидна заработувачка.

Напротив играњето во мрежа / LAN луѓето за тоа одат во сајбер кафиња и да се мајнат од дома да не ги слушат домашните како им баат над глава затоа што играле нон стоп. Инаку разбирам колку подобри и понови игри ќе има на компјутерите толку повеќе шанси некој да се врати повторно (тоа спаѓе во уредувањето и одржувањето на компјутерите и ОС). Инаку еве да ти откријам неколку интересни начини за кој имав размислувано: повеќето од муштериите што посетуваат Сајбер Кафулиња едноставно сакаат таму да се релаксираат да изиграат партија Дота 2 со пријателите или Фифа 1 вс 1 да се извикаат, а други се пак лежерни повеќе уживаат да ги гледат другите како играт по успат да си земат нешто за јадење. Што значи ако им овозможиш соба каде може да седнат да јадат ко човеци, а не над компјутер да ти прават неред... со склучување договор со некоја пицерија или сенвичара која ќе нуди поволно мени тоа ти е голем +. Исто така можеш да направиш деск каде ќе можеш слободно да си го донесеш сопствениот лап топ од дома и да играш без да дадеш ни денар...но тоа би требало да го избалансираш некаде до 5 лап топи за да не ти биде дупка во системот. :)
Како што реков има без број идеи да го наравиш Кафулето да заживее.
 
Бев и јас заинтересиран додека не сфатив како стојат работиве во нашава држава....
 
Да, заинтересиран сум. Затоа што и такво училиште завршив, Техничар за трговија и маркетинг. Решив да не продолжувам на факс на истиот смер, туку далеку поразличен и сега засега непознат за мене.

Како и да е во меѓувреме размислував, да го отворам дуќанчето кое што ми е во строгиот центар на градот (даено под кирија) да отпочнам со продажба на јајца. Порано го работеше и тоа дедо ми (ама не му беше примарна цел, повеќе би рекол како хоби или занимација).

Заработката секако не е многу голема, затоа што треба константно да вложуваш пари во влошки и конци, така да профитот ти е минимален. Ама за дете како мене, пред се неискусно во трогвијата кога имаш поткрепа од искусен човек, ми изгледа примамлива шанса.

Како и да е ова го планирам тек за идната година, па wish me luck. :D
 
здраво дечки ме интересира дали од некој од членовите е запознат со процесот на производство на адитиви за прехрамбената индустрија која што мислам дека сепак во македонија за држи добро.. пред околу две години учествував во производство на адитиви за брашно и леб и како инвестиција не ми се чинеше скапа.. само за пласманот тешка работа, доцнеа со плаќањето, увозот од странство.. како и да е добро би било да се поразговара на ова повеќе..

Оф топик : не отворив нова тема бидејќи мислам дека одговара оваа тема зошто сепак се работи за почнување на бизнис ..

се најдобро
 
да да ... поради истите причини што се спомнуваат на форумов од тие што искусиле ... инспекции, наплата итн.


Точно. И јас се осмелив, почнав нешто ама од инспекции и полиција неможам глава да кренам. Најголем рекетар е државава, ај тоа што плаќаш данок, туку и останатото ти го земаат преку казни, инспекции и еден куп други работи. Значи ја земаат и платата на вработените. Еве како имав 5 вработени, до 10ти во месец сите добиваат плата. Ама со инпекцииве не престанвет, мора по секоја цена да те казнат за нешто, па така ја земаат и тешко заработената плата на луѓево. Шо да прам ко ќе се немат пари. За една казна требит да се работит мин 4-5 месеци. Инпекториве ак не пишат казна тие ќе бидат казнати на плата. По рекетарски системов неможеше да се напрајт. Луѓето никој не ги фермат, ак се продолжит со ова темпо кога тогаш ќе изгорам и луѓето ке останат без работа. Порано инспекција имало 3-4 пати годишно. Сега јас имам 3-4 пати во еден викенд. Значи ок е да има инспекција ама во последно време е стварно ненормално.

Блиските убо ти рекле дека сега не е време. Само незнам зш и тие шо ја водат државава зошто не ја гледет пошироко сликава. Со инспекции, репресии и казни неможат да постигнат раздвижување на економијава, напротив ја умртвуваат. Еве една фирма има 4-5 вработени, сите земаат плата, платата ја трошат тука. Значи се шири куповната моќ, фирмата може да работи и 10 години, да плаќа данок, да се прошири и да има дупло поќе вработени и тродупло, а можи со казни и инспекции да се затвори за нецела година и сите да изгубат. Државата еднократно ке наплати казни во висина од 3-4000 евра и толку... капут, наместо да собира по толку данок од неа секоја година на долг временски период, плус придонеси за вработени и други работи.
Ама очигледно ни самиов врв не сака обичниот Македонец да крене уши и да стане економски независен....
Имам роднини странство што од порано сакаа да ме земат таму, ама јас нејќев зошто верувам во Македонија и дека животот овде мојт да е многу поубав. Ама тие надежи полека почна да ми ги труе самава држава...
 
Имам роднини странство што од порано сакаа да ме земат таму, ама јас нејќев зошто верувам во Македонија и дека животот овде мојт да е многу поубав. Ама тие надежи полека почна да ми ги труе самава држава...


исто и јас ... да додадам и поради партиски вработувања кои лично увидов како се прават ... се бркаат вработени за да се вработат партиски што трчале за збирање гласови
 
исто и јас ... да додадам и поради партиски вработувања кои лично увидов како се прават ... се бркаат вработени за да се вработат партиски што трчале за збирање гласови


Нека има и партиски вработувања, без разлика од која партија. Ама ако се зајакне приватниов сектор тогаш партиските вработувања ке станат по не очигледни зошто на пазарот ке се бара повеќе работна сила. Во моментов државава е единствен работодавач и зато сите трчаат по нив.
За да си член на некоја партија требит да ја сакаш таа идеологија према која се има насочено партијата. Десничарска, левичарска, централна. За жал кај нас нема веќе идеологија, се е чист интерес. Гарантирам дека 90% од членството на двете најголеми партии во Македонија нема појма од идеологија и која идеологија треба да ја негува неговата партија.
Ама не ги кривам луѓето, сите барат работа за да можат лебот чесно да си го заработат. Системот кај нас е лош уште од самиот почеток. Сега е полошо шо никој не ни помислува да го смени тој систем. Порано беше ЦК, после независноста СДСМ па сеа ВМРО. Се е исто само амблажата е различна.
Со репресија немат напредок, мислам на економска репресија не на политичка. Дотогаш ќе ја губиме Македонија на сите фронта, само шо сега нема други насилно да не распарчат, туку сами ќе го направиме сето тоа. Луѓето се слаби економски, на сите шо му се пружа шанса мигрираат странство и не се враќаат, наталитетот ни е во минус, морталитетот зголем, лека полека како шо порано згаснуваа селата, сега згаснуваат градовите. Страшно... И Скопје не е то шо беше порано.
Политика на држава треба да се креира унапред за 20-30 години минимум. Кај нас се гледа од денес за утре само...
 


Обичен преварант , ги има мал милион низ нетот.


ИСКОРИСТЕТЕ го ПЕРИОДОТ ДО 14-ти Септември ЗА ДА СИ РЕЗЕРВИРАТЕ
МЕСТО ВО ГРУПА по СТАРА ПРОМОТИВНА ЦЕНА од 20 000 ДЕН.
ВЕЌЕ НАРЕДНИОТ ДЕН, ЦЕНАТА СЕ ИСКАЧУВА на 27 000 ДЕН!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom