"Заборавени" играчи

  • Креатор на темата Креатор на темата The Dude
  • Време на започнување Време на започнување
Nigel-Reo-Coker-001.jpg


Факинг Nigel Reo-Coker! :cuc:

Мислам дека нема некој што прати премиер лига изминатава деценија а да не се сеќава на играчов. Прво у Вест Хем, после у Астон Вила. Не баш голема промена во однос на боите, бидејќи и двата клуба имаат речиси исти дресови и бои. :D

Сега има „само“ 29 години и игра во Ванкувер во МЛС. :)
 
lXxDzfb.jpg


Sidney Govou ... се сеќавам дека правеше растур некоја сезона во Лион во почетокот на милениумот... па отиде во Панатинаикос каде едвај постигнал 1 гол за цела сезона па во Евиан исто така 1 гол од 36 настапи... сега игра под аматерски договор со резервите на Лион....
 
Сисињо... едно време беше бек во Реал Мадрид и Рома.
После тоа сменил неколу тимови (на по ден-два), а сега гледам играл во турски Сиваспор.
 
Рикардо Кварезма -беше голем талент кој се претпоставуваше дека ќе стане еден од најдобрите фудбалери во светот,неговиот талент беше на исто рамниште на Кристијано Роналдо и фудбалскиот свет имаше големи очекувања од него. Замина во Барса каде не се покажа најдобро,и не ги исполна очекувањата,па се врати во Португалија каде играше одлично и почна да ги прикажува своите таленти.Трансферот во Интер се покажа како голема грешка во неговата кариера,италијанскиот фудбал не одговараше на стилот на играта на Рикардо,па оттука почна кариерата да оди во надолна насока,а во моментов е на печалба во Дубаи.

Еден од фудбалерите кои не го достигнаа зенитот на својата кариера.
 
Ломана ЛуаЛуа. Кога играше во Њукасл и Портсмут беше сосема солиден играч, еве сега гледам игра во Карабукспор. А (демек) има само 32 години.
Кога веќе ги спомнав Портсмут и Бенџани Мварувари (повтори го ова три пати набрзина) е за во темава. Блесна една полусезона и толку. Сега играл во некое квази тимче од Јужна Африка.
 
Хусин Карја, или како што го викавме ние Интерашите Харѓа, или скратено ’рѓа. Овој пред две години играше во Интер, после ако не се лажам направи трансфер во некој од помаливе италијански клубови и тотално го снема. Сеа читам дека моментално е слободен агент, а пред тоа играл во Катар, во Ал Араби. :D
 
Маркос Сена, играше среден ред на Еуро 2008 за Шпанија, кога го освоија. Играше и за Виљареал, кога играа во полуфинале на ЛШ. 37 години, многу добар играч од средината беше, сега игра во Њу Јорк Космос.
 
Хусин Карја, или како што го викавме ние Интерашите Харѓа, или скратено ’рѓа. Овој пред две години играше во Интер, после ако не се лажам направи трансфер во некој од помаливе италијански клубови и тотално го снема. Сеа читам дека моментално е слободен агент, а пред тоа играл во Катар, во Ал Араби. :D
Овој беше стандарден првотимец во Интер. :icon_lol:
На темава можат слободно да се додадат Ибрахим Афелај, Александр Хлеб и Алекс Сонг.
 
Ломана ЛуаЛуа. Кога играше во Њукасл и Портсмут беше сосема солиден играч, еве сега гледам игра во Карабукспор. А (демек) има само 32 години.
Кога веќе ги спомнав Портсмут и Бенџани Мварувари (повтори го ова три пати набрзина) е за во темава. Блесна една полусезона и толку. Сега играл во некое квази тимче од Јужна Африка.

Штотуку дојдов за Бенџани да пишам, пропаднал човекот.
 
Додека гледав хајлајтс од Ман Ј - Вест Хем ми текна на Дин Ештон и неговиот фантастичен гол на Олд Трафорд за кој доби аплаузи од самите фанови на Манчестер.Имаше повреда и мораше рано да ја заврши кариерата,гледам дека има само 30 години,штета,повредите го изедоа.

За оние кој не се сеќаваат еве го неговиот гол против Ман Ју.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Nro
мислиш повредаТА, Шон Рајт Филипс му го направи зглобот неподвижен и чао, имам мислам пишано, читав негово интервју, од што е ептен пропаднат не гледа фудбал ни на тв.
 
Себастијан дајслер најталентираното десно крило на германија член на баерн ама поради психички проблеми го снема
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom