Ѕвезда на тапет (Вес Андерсон)

  • Креатор на темата Креатор на темата RocknRolaa
  • Време на започнување Време на започнување
А го гледал некој воопшто Хулк со него?

Јас го имам гледано и ме бендиса. Ништо спектакуларно, ама 5 класи над тој Hulk од 2003-та. Изведбата на Едвард стандардно добра.
 

Јас го имам гледано и ме бендиса. Ништо спектакуларно, ама 5 класи над тој Hulk од 2003-та. Изведбата на Едвард стандардно добра.

Тоа ме интересираше. Јас го немам гледано филмов, прво зашто не сум некој вљубеник во ваков тип на филмови и второ зашто Нортон на пример не беше задоволен од проектот, и и покрај најавите за продолжение испрати писмо до јавноста во која меѓу редови кажа дека ја утнал работата со изборот на улогата. Имаше и чудење меѓу фановите од каде Нортон пак сега Хулк. И јас се чудев, зашто него го замислувам како тип на актер за сосема поинакви филмови и улоги.

Според мене Нортон немал добра улога уште од Небесно Кралство.
 
^
The Illusionist, па и Pride and Glory му беа доста добри....барем според мене.
А Хулк блокбастер како блокбастер, забава плус Нортон во него, мене барем ми беа интересни тие 2 саата.
 
Што да се каже за Нортон освен дека е брилијантен... со самата негова појава, веднаш го засакуваш. Во повеќето филмови не ни приметуваш дека глуми. Едноставен, генијален. Буквално СЕ може да изглуми. Секоја емоција ти ја доловува.

Катастрофална му беше улогата во Stone и слабо одглуми.
Нема врска... филмот беше лош, ама тој солиден си беше.
 
На подфорумов лека полека почнува да се гради култ околу ликот и делото на Мистер Нортон, не дај боже некој да се избаци со мислење дека не го бендисува како глуми, ќе го нападнете ко глутница кучиња.:pos:Не имплицирам дека јас сум членот што ќе го стори тоа, мене ми е мошне добар(:cautious:) и сметам дека е талентиран.
Е сега, сакав да истакнам уште една улога и филм кој не го спомнавте, а во кој се покажа одлично. The Painted Veil ! Може малку нетипична улога, за разлика од другите ликови кои ги играл, овде е доста воздржан и сигурно нема да го дочекате ''моментот на екплозија''.
Нешто ме интересира... зошто има глумено во толку малку филмови? Кога ќе ја погледнам филмографијата на актери кои се негова генерација, а се исто така одлични , они играат во дупло поголем број на филмови. Нешто го фаќа мрза или нашол занимација?:) Баш ме интересира дали има некој некаква информација.
 
Тибам темата... Ставате актер, го пофалувате, менувате актер, го пофалувате. Никакви дискусии не видов, сите си изнапишаа мислења која улога му била најдобра.

Може да се стави некој лош актер за да го хејтаме?

Или па да го ставиме БЕТМЕН
christian-bale-skinny.jpg
па можеби ќе излезе некоја дискусија за неговото ослабување. И се разбира, нема бегање од „Добро изиграна улога во д машинист, д престиж, американ сајко, ама мислам дека ја сјеба со бетмен“
 
Pluh, не зезај, се поткаравме малце за Том Круз, имаше хејтери и на Бред Пит, или ти сакаш крвои да течат?:icon_lol:
 
Нешто ме интересира... зошто има глумено во толку малку филмови? Кога ќе ја погледнам филмографијата на актери кои се негова генерација, а се исто така одлични , они играат во дупло поголем број на филмови. Нешто го фаќа мрза или нашол занимација?:) Баш ме интересира дали има некој некаква информација.

Има занимација.:) Нортон има фондација на која мислам дека главна преокупација и е спас на животната средина. Освен тоа мислам дека важи и како учесник во неколку други организации и фондации ( едната е основана од татко му). Во секој случај го почитувам неговиов избор да не глуми во пет филма во годината. Не се форсира, ама факт е дека минаа години откако снимил нешто
добро.

Тибам темата... Ставате актер, го пофалувате, менувате актер, го пофалувате. Никакви дискусии не видов, сите си изнапишаа мислења која улога му била најдобра.

Може да се стави некој лош актер за да го хејтаме?

Или па да го ставиме БЕТМЕН
christian-bale-skinny.jpg
па можеби ќе излезе некоја дискусија за неговото ослабување. И се разбира, нема бегање од „Добро изиграна улога во д машинист, д престиж, американ сајко, ама мислам дека ја сјеба со бетмен“

Плух не мислиш дека треба малку почит да имаш спрема луѓево овде? Ти имаше предлог го поставивме ( и патем баш на тој предлог имаше дури два или три поста), друг член сакаше да го ставиме Нортон и ете го на тапет. Ако не ти чини темата нема што да ја читаш и да мрчиш по неа. Кој ти брани да коментираш негативни страни на некој актер или режисер? Подобро земи учество и создади дискусија каква таква ако толку ти пречи муабетот, откако да паметуваш од страна колку не чинело тоа што го пишале другите.

Бејл не е сега тема овде. Ќе биде поставен понатаму.
 
Ај да го хејтаме Нортон да биде поинтересно... :vozbud:

Ви реков дека Нортон не е за тапет, сите го сакаат. Предлози од мене за понатаму:

Sean Fucken Penn
sean-penn-01.jpg


Cristopher Walken
Christopher+Walken+%25282%2529.jpg



James Dean
james_dean.jpg



Drew Barrymore
022212_Drew-Barrymore.png


Robert Downey Junior
7b27a48df1890916290f6b60670851e7.jpg


Charlie Seen
220px-Charlie_Sheen_March_2009.JPG


Keira Knightley
keira_knightley1_300_400.jpg


Mel Gibson

mgibson.jpg



Ако сакате квалитетна расправија :)

Јас не менувам ништо на темава оставам на Rocknrolaa и џимеј.
 
120215-ryan-gosling.380;380;7;70.jpg


Еве еден предлог и од мене, мислам дека човеков доста доби на популарност во последно време, а и на темава не памтам дека поминал од редот.
 
некој да направи листа со сите што се дискутирани до сеа?
и да седи на прва страна а и да се надополнува после секоја истапетирана ѕвезда.
 
некој да направи листа со сите што се дискутирани до сеа?
и да седи на прва страна а и да се надополнува после секоја истапетирана ѕвезда.

Добра ти е идејата и затоа го дополнив првиот пост на темава со сите имиња кои биле дискутирани овде. Листата ќе си ја дополнуваме како ќе ги дискутираме ликовите на темава.

Туку вака сега. Има одлични предлози за дискусија овде, ама билансов на дискутирани мажи наспроти жени е очаен. Само Хелена Бонам Картер била ставена на тапет од жениве и дискусијата и одзивот за неа бил очаен. Затоа решив да поставам една актерка која гледам дека пола ја сакаат, пола ја мразат. Бидете подготвени за огромно изненадување.

Wait for it....

Wait for it....

Tadaaaaaaaaaammmmmmmm

angelina-jolie.jpg


Анџелина Џоли.

Има доста за муабетење околу женава. Дали е преценета или потцената како актерка, дали има потенцијал за режија?
И помогна ли приватниот живот да се етаблира во Холивуд или талентот е повеќе заслужен за тоа? Може ли повеќе како актерка или лимитот и е достигнат?
Во која улога најдобро се покажала, а во која најлошо?
Ќе ја биде ли како Клеопатра?

Бујрум.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom