- Член од
- 17 јануари 2009
- Мислења
- 2.814
- Поени од реакции
- 4.667
Секако е една од најпознатите светски фаци. Има некоја специфична, ретка убавина. Знае да глуми, не дека не знае, но стана светски популарна со филмови во кои и не треба нешто многу да се труди во тој поглед. Можеби е малку преценета, но има талент. Мислам дека тој уште повеќе ќе дојде до израз нешто подоцна, кога ќе стане позрела, во зависност од расположението на Холивуд кој не гледа со наклонетост кон актерки во поодмината возраст. Сметам дека не ја бива за режирање. Можеби и за тоа и треба време и учење, којзнае.
Што се однесува до хуманоста, не би знаел што да кажам. Веројатно прави добри работи, кои другите ѕвезди ги прават помалку. Тоа не би требало да има некоја врска со нејзините актерски способности. Марлон Брандо не се прославил со посвојување деца, и далеку од тоа дека бил злато од човек.
Генерално, и за Џоли и за другите познати што се или сакаат да бидат хумани (се разбира, зборувам резервирано затоа што ни ги знам ни ги познавам и немам појма, како и најголемиот број од луѓето, какви се навистина популарните фаци) сум многу воздржан. За многумина од нив тоа е составен дел од работата, каприц и сл. Некој „случајно“ пушта во промет домашни порничи, друг јавно се бламира, трет е хуманитарец. Предизвик е и едно дете да има човек со нивната работа, а не пак шест (6). Ама што е тоа е, да не судам прерано. И за евентуален хејт има време.