Ѕвезда на тапет (Вес Андерсон)

  • Креатор на темата Креатор на темата RocknRolaa
  • Време на започнување Време на започнување
Зошто самиот е главен виновник?

Бидејќи Abre los Ojos за мене e култен филм, а американската верзија е многу лоша. Реков дека Круз е самиот главен виновник бидејќи тој, како иницијатор за римејкот, ги откупи правата за оригиналниот филм. Тоа е барем моето мислење.
 
Како бе Том Круз не знаел да глуми?:eek:

Туку ај со ред. Том Круз, човекот кој сакаше да стане свештеник, а види до кај стигна денес. Том е еден од оние холивудски фаци кои се најмногу озборувани од своите колеги, но само зад грб, затоа што има толку силна репутација што никој не се осмелува да го критикува јавно. После толку јавни испади цела холивудска елита остана молчелива, дури чудно колку е тешко јавно да се проговори за него. А имаше скандали, дека е геј, дека бракот му е фарса, дека Сури не му е биолошко дете, рипаше по каучи, се срчка со Брук Шилдс откако јавно ја испонавреди зашто поминувала низ постпородилна депресија, ехе има доста материјал за него. Не знам колку сте запознати ама Том Круз важеше долги години за недопирлива јавна фаца, ама тоа беше пред една деценија кога публицист му беше една од најголемите ајкули во тој бизнис во Холивуд. Знам дека беше жена ( не можам да се сетам на нејзиното име) и дека многумина ја оквалификуваа како невидено опасен публицист, зашто со децении успеваше да ја сокрие контроверзноста на Круз. Ниеден магазин не смееше да објави ништо лошо за него, одма летаа тужби и така Том остана чист како солза и патем за тој период се стекна со реномето. Неговата најголема грешка беше што ја отпушти жената и како свој публицист ми се чини ја стави сестра му. И се отвори Пандорината кутија. Изгледа тек тогаш сфати Круз колкава грешка направил, ама немаше враќање и почнаа да го ругаат по телевизии и таблоиди. Валкани приказни излегуваа од секаде.

Туку за неговата кариера. Не знам како може некој да рече дека човеков не знае да глуми. Настрана приватниот живот кој очигледно многу му наштети на кариерата, Том знае да биде камелеон и има одиграно доста различни улоги. Вампир, Џери Мегваер, самурај, егоцентрична будала, убиец. Искрено мене барем ме импресионирал на неколку наврати. Не знам колку се сеќавате на овој филм, ама благодарение на него уште како дете го ценев како актер. Нормално дека има човекот утки, ама сепак мислам дека поседува невиден квалитет и знае да извади максиуму од улога, ако сака да се посвети на глумата. Најголема будалаштина ми се чини му беше што влезе во Бонд филм. Не чекаше да добие улога на тепачиште, сам си создаде продукција и сам си го сними Невозможна мисија. Некако како да одбива да остаре.

Да не му беше приватниот живот толку контроверзен, посекако мислам дека ќе беше многу повеќе ценет.
 
Том е еден од оние холивудски фаци кои се најмногу озборувани од своите колеги, но само зад грб, затоа што има толку силна репутација што никој не се осмелува да го критикува јавно.

Освен Ricky Gervais :)
 
Том Круз беше толку популарен што најдобрата флиперница во градов го носеше неговото име. И има луѓе кои што неговото име повеќе им асоцира на флиперницата отколку на актерот, пример братучед ми :icon_lol:.
 
Том Круз не ми е еден од омилените актери. Кога ќе размислам, никогаш и не ми бил, дури и пред да дознаам за неговите проблематични верски убедувања, уште пред да почне јавно да се бламира со недоветни испади и ставови. Едноставно, некои фаци ни се одбивни, некои не. Не мора секогаш да има добро, издржано, рационално објаснување. Инаку, сметам дека не е лош глумец и има повеќе добри улоги. Како што напиша RocknRolaa, разновиден е, таа разновидност во глумата не е неуспешна и на крајот на краиштата, тоа е глума.
Сепак, јас не би го вброил во големите актерски легенди и мислам дека е малку преценет. Но, не е единствениот кој имал таква среќа.
Скокањето по кревети секако не му донесе престиж:)
 
Во времето пред шпанските и турските серии, сите знаеја кој е Том Круз и што е Топ Ган.
Види како перверзно се свртија времињата...
 
Преценет е да, ама далеку од тоа дека е Megan-Fox like. Ова за инат на Junior dos Santos or whatever his nickname is this week. :D

Во филмови како Last Samurai ми е премногу дрвен, а мислам дека една од улогите каде што највеќе се труди за глумата е Mission Impossible 3. Ќе ви звучи смешно, ама таму се труди и доловува трагични емоции колку толку, бидејќи целата фаца му е во кадар и нема каде да бега.

За повеќето други улоги, најубаво е опишано во една реплика од Sean, негативецот од MI: 2:

"The hardest part of trying to be you, was that I had to smile like an idiot every 10 seconds".
 
Во филмови како Last Samurai ми е премногу дрвен, а мислам дека една од улогите каде што највеќе се труди за глумата е Mission Impossible 3. Ќе ви звучи смешно, ама таму се труди и доловува трагични емоции колку толку, бидејќи целата фаца му е во кадар и нема каде да бега.

".

Ако сакаш да видиш како Том Круз одговара на емотивните улоги, и колку е способен за соживување во карактерите кои ги игра, заборави го Misson Impossible, и погледни ги Jerry Maguire & Magnolia, by far his best performance.
 
Круз е еден од оние актери кои се „означени“ кај „народот“ со една улога... како Џоли со Томб Рајдер, Шварценегер, Броснан, Ривс... Кога ќе го спомнеш Том Круз - сите ти асоцираат со Мишн Импосибл...

Пишав народот, пошто тоа се однесува на мнозинството, секако дека ние кои имаме изгледано повеќе филмови знаеме и други негови улоги, али воглавно „у светот“ сликата за Круз се добива преку МИ...

Другите филмови му се у длабока сенка.... еве да го споредам со Крис Бејл, и тој игра у триологија, но него никој не го „знае“ како Бетмен...

Мене Круз ми е океј, не ми е у омилените, но и не го хејтам. Во интеврјуто со Пит беа фантастични, во ТопГан, Магнолија... особено у последниов! Сеа како и многумина и он има глупи филмови...

А тоа со религијата мислам дека никако не треба да влијае врз неговиот актерски „профил“. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom