Како бе Том Круз не знаел да глуми?
Туку ај со ред. Том Круз, човекот кој сакаше да стане свештеник, а види до кај стигна денес. Том е еден од оние холивудски фаци кои се најмногу озборувани од своите колеги, но само зад грб, затоа што има толку силна репутација што никој не се осмелува да го критикува јавно. После толку јавни испади цела холивудска елита остана молчелива, дури чудно колку е тешко јавно да се проговори за него. А имаше скандали, дека е геј, дека бракот му е фарса, дека Сури не му е биолошко дете, рипаше по каучи, се срчка со Брук Шилдс откако јавно ја испонавреди зашто поминувала низ постпородилна депресија, ехе има доста материјал за него. Не знам колку сте запознати ама Том Круз важеше долги години за недопирлива јавна фаца, ама тоа беше пред една деценија кога публицист му беше една од најголемите ајкули во тој бизнис во Холивуд. Знам дека беше жена ( не можам да се сетам на нејзиното име) и дека многумина ја оквалификуваа како невидено опасен публицист, зашто со децении успеваше да ја сокрие контроверзноста на Круз. Ниеден магазин не смееше да објави ништо лошо за него, одма летаа тужби и така Том остана чист како солза и патем за тој период се стекна со реномето. Неговата најголема грешка беше што ја отпушти жената и како свој публицист ми се чини ја стави сестра му. И се отвори Пандорината кутија. Изгледа тек тогаш сфати Круз колкава грешка направил, ама немаше враќање и почнаа да го ругаат по телевизии и таблоиди. Валкани приказни излегуваа од секаде.
Туку за неговата кариера. Не знам како може некој да рече дека човеков не знае да глуми. Настрана приватниот живот кој очигледно многу му наштети на кариерата, Том знае да биде камелеон и има одиграно доста различни улоги. Вампир, Џери Мегваер, самурај, егоцентрична будала, убиец. Искрено мене барем ме импресионирал на неколку наврати. Не знам колку се сеќавате на
овој филм, ама благодарение на него уште како дете го ценев како актер. Нормално дека има човекот утки, ама сепак мислам дека поседува невиден квалитет и знае да извади максиуму од улога, ако сака да се посвети на глумата. Најголема будалаштина ми се чини му беше што влезе во Бонд филм. Не чекаше да добие улога на тепачиште, сам си создаде продукција и сам си го сними Невозможна мисија. Некако како да одбива да остаре.
Да не му беше приватниот живот толку контроверзен, посекако мислам дека ќе беше многу повеќе ценет.