Ѕвезда на тапет (Вес Андерсон)

  • Креатор на темата Креатор на темата RocknRolaa
  • Време на започнување Време на започнување
Не сум ги гледала неговите филмови како режисер, така да тука нема да коментирам, но како актер е дефинитивно потпросечен, нема харизма некако... но, гледам дека му оди како режисер, па нека си продолжи во таа насока штом тоа му оди и нека се повлече од актерството.
 
^ Дали ти тоа го навреди Никола Ристановски во постов? :eek:
Навреда или оценка......кој како го доживува......
Неам ништо против двајцата......не ми се у favorites едноставно и тоа е тоа.....
 
Одиме со ново дете. Овој пат еден од оние актери кои не може да не ги знаете - Шон Пен.

sean-penn.jpg


Го викаат лошото момче во Холивуд, но со тоа нека се занимаваат таблоидите. Шон Пен за оние кои ја сакаат филмската уметност е класа актер. Речиси и да нема улога на која можете да се сетите, а во која не растурил. Освен тоа во својата биографија има еден куп различни улоги што му помогна да се докаже како актер кој може да одигра сешто.

Па да видиме. Која негова улога ви се допаѓа? Како ви се допаѓа неговата режисерска работа? Каде мислите дека утнал?
 
Еден од моите омилени актери.Мислам дека може да одглуми врвно било каква улога да му биде доделена без некаков проблем.Никогаш нема да му ги заборавам улогите во Mystic River,I am Sam Dead Man Walking. Еден од ретките актери кои што успеале да ме расплачат како мало дете:oops:


Капа доле!
 
Шон Пен е цар! Јас сум Сем, е можеби единствениот филм на којшто сум пуштил солза. И тоа можеби не поради приказната, која рака на срце беше тажна, туку поради тоа што Шен совршено ја долови. Одличен глумец, само некако во сенка последно време, на некои многу послаби, а поискомерцијализирани машки глумци.
 
Ма страшен актер е Шон Пен. Во Mystic river баш добро глуми. А и бааги е разбацан бе, досега тоа не сум го знаел.
 
Колку сака нека е лошо момче, али е страшно добар актер.

I am Sam и Mystic river би ги издвоила од тоа што го имам гледано од него. Посебно првиот. Немам коментар за глумата во филмов.
Еден од најдобрите во Холивуд, дефинитивно.
 
Типот е закон, има добри улоги и од тие што сум ги гледал би го издвоил Mystic River(2003) (y)
a ме изненади со неговото долгогодишното пријателството со скоро починатиот претседател на Венецуела Хуго Чавез.

„Денес народот на САД загуби пријател за кој не знаеше дека го има, а сиромашниот народ од целиот свет загуби шампион. Загубив пријател кого имав чест да го познавам. Моите мисли се со семејството на претседателот Чавез и со народот на Венецуела. Венецуела и нејзината револуција ќе бидат продолжени под водството на потпретседателот Мадуро“, рече Шон Пен во изјавата за Холивуд
 
Страшно добра глума во I am Sam и Mystic River, но и одлична трансформација во This Must Be the Place. Улогата на стар, изнемоштен рокер во slow motion mood одлично му прилега. Фацка е Пен. :)
 
Покрај I am Sam,Mustic River и Milk, добро т.е предобро ји одигра улогата и во Dead man walking.
А има еден не толку познат филм кој што многу ми се допаѓа и таму растури човекот.
She's so lovely е филмот (y)
 
дајте нешто Жоакин Феникс,Реј Лиота,Кристина Ричи,Кристофер Вокен,Гај Пирс,...нешто “неконвенционално“....
Оти сите знајме за Шон Пен ќе дој некој да не прсветли со еден многу прајслес пост и ќе речи ЅВЕР..и крај на приказната
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom