Ѕвезда на тапет (Вес Андерсон)

  • Креатор на темата Креатор на темата RocknRolaa
  • Време на започнување Време на започнување
Кога еден актер од рангот на Расел зборува вака за своите колеги, не можеш да не го почитуваш:

#кампања #LesMis :)
 
Одиме со една дама.

Никол Кидман

Nicole-Kidman-53.JPG


Дел од оние жени кои важат за многу повеќе од убаво лице. Досега импресионирала мал милион пати и се уште го има тоа во себе, да го задржи вниманието на публиката.

Бира улоги кои опфаќаат широк дијапазон на публика, од деца, до возрасна публика.

Дел од нејзините најквалитетни филмови се: The Others, Dogville, Eyes Wide Shut и многу останати улоги кои со тек на време ќе станат култни.

Па што мислите за работата на Кидман? Кој нејзин филм ви допаѓа, а кој сметате дека и е промашување.
 
Во сите филмови ми е иста. Dogville е филмот, не знам дали таа одглуми најдобро во него, или па улогата беше напишана точно за неа.

Во секој случај пријатна е за гледање од причината што ја наведе Psyside. Со ова не сакам да и одземам нешто, не е ни лоша актерка и нема некоја посебна причина сега да се понашам како пак Кољо Кафез да дошол на ред...
 
Убава е. Добро глуми. Тоа и не е некоја пречеста комбинација. Бидејќи имам некаква чудна и постојана аверзија кон многу работи поврзани со Том Круз, а Кидман не е меѓу нив испаѓа дека типкава треба да ми е страшно симпатична. Dead Calm е еден од првите добри филмови кои сум ги гледал со неа, а не се сеќавам дали тогаш знаев за неа, т.е. дали тогаш беше филмска ѕвезда.
Не сум гледал премногу филмови, но во тие неколку гледани таа лично не потфрлила, дури и во оној филм за човекот-лилјак. Ете, еден погрешен избор на улога. И Practical magic е промашување.
За најпознатите улоги не би пишувал. Освен тоа дека The Others главната поента, со неколку незначителни измени, ја има преземено од епизода на Twilight Zone, која ја имам изгледано пред филмот (на Телма :)), па веројатно не го доживеав како што требаше.
 
Убава е, иако има и грди изданија...зависи од аголот и осветлувањето во нејзин случај (и сет шминка од 30 000$)
Важи за една од поквалитетните глумици што донекаде е заслужено, иако има спорни изданија. Но не е курчаторка приватно најверојатно, така да генерално оценката е позитивна.
 
Значи ова жениве тапа се за дискутирање. :icon_lol:

Туку време е за ново дете, а нема подобро име во моментов од Бен Афлек.

8e20a48bc3997d062a0f6a7067001ec3.jpg


Оскарот на Арго дојде ко кец на десетка за да го ставиме на дискусија. А и богами погоден е за дискусија со оглед на осцилациите во кариерата. После Оскарот за сценарио што го добија со Мет Дејмон за Good Will Hunting, отиде работата надолу па стана мета на исмевање и пример за тоа како не треба да се бираат улоги. Врвот беше Gigli, ужас од филм.

Може не е некој врвен актер, ама затоа излезе дека човекот е добар режисер. Арго не е единствениот доказ за тоа, тука се и Gone Baby Gone и The Town, а сигурно ќе има доста други во неговата кариера. Вчера блесна, па тоа ќе му биде поттик за уште поголеми проекти.

Ајде да видиме:
- Што мислите за неговата глума?
- Што мислите за неговата режија?
- Преценет или потценет?
-Ќе стане ли уште подобар или ова е се?
-Дали неправедно го третираа како пропалитет во Холивуд или навистина беше толку лош едно време?
 
Од мене доживотно поштовање имаат со Мет (they put them in a lot of movies together :) ) за Догма


Бен ко Бен, не е актериште пошто може да направи едвај неколку изрази на лицето. Но и каков што е далеку е подобар од Кољо Кафез. За сценарио и режија има невиден потенцијал со оглед на годините. Оваа година доби многу респект од филмската јавност и мислам дека дфинитивно ќе го гледаат со поинакви очи понатаму. За филмот кажав, таков филм не би требало да добива Оскар за најдобар филм (брза соредба со Ловот на Добрата Волја кој е филмиште со приказната, гумата и емоциите) но сепак е одлично филмче. Ја ценам посветеноста на детали во истиот, се гледа дека Афлек вложил многу многу труд.
 
Како режисер е одличен. Единствена замерка што ја имам е изборот на брат му за главна улога во Gone Baby Gone. Не го бива бре. Што го бираш..? Ти го уништи филмот со неговата глупава глума. Кај он, па и жена му во филмот. Дно.
2012 му е дефинитивно најдобрата година во кариерата. Неговата работа беше наградена од сите страни. Дали е ова неговиот врв? Не би рекол. Млад е и мислам дека има одличен потенцијал да стане уште подобар.
 
после арго, неговото допрва доаѓа, може како режисер да постигни многу, како глумец просек, ама како режисер може да блеска :)
добро и после Good will hunting се чудев на патот кој го почна али сега имам повеќе надеж :)
 
Актер во плејадата заедно со Никола Ристановски, Чак Норис (и не ми текнува баш уште кои) луѓе со иста фаца за секоја емоција....2/10 според мене....
Посебно ме иритираше со последниов филм Арго, во кој немам потреба да го коментирам како глумец, туку како политикант....и тоа продавач на ефтини приказни....најефтини...
Као дете, Виетнам беше тема во која американците праеа попара по тоа џунглите и беа најпаметни нормално, а „глупите“ Виетнамци гинеа како најглупи глупаци - епа денешниов еквивалент е Иран, земјата која допрва треба да се бомбардира и нормално, како да се испере мозок на наивен народ ако не преку филм, а кој ќе ја прифати улогата на раскажувачот на измислената прича ако не промашај од глумец као Афлек....па ни мање ни више оскар му дадоа :facepalm:
Не знам....може последново посебно ме изнервира, а и претходно немав некое добро мислење и затоа вака негативно пишувам....на крај краева, убеден сум дека пола од популарноста му е што и беше маж/дечко на г'злата него што има одиграно нешто у животот....
 
^ Дали ти тоа го навреди Никола Ристановски во постов? :eek:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom