Ѕвезда на тапет (Вес Андерсон)

  • Креатор на темата Креатор на темата RocknRolaa
  • Време на започнување Време на започнување
Сум објаснувал јас многу пати зошто некој актер е квалитетен, ама бидејчи Пен е предобар, мислев да скратам малце :D
 
Лејдис енд џентлмен време е на тапет да го ставиме Господ - ака, човекот кој ни самиот не знае во колку филмови годишно се појавува и колку филмови има во биографија ака Морган Фримен.

morgan-freeman-god.jpg


Морган Фримен, човекот со така фин глас што секоја авторитативна улога му лежи. Во биографијата ќе му најдете филмови како Seven, Million Dollar Baby (улога за која ќари Оскар), Shawshank Redemption и секако улогата на Господ во Bruce Almighty.

Фримен ви е синоним за хиперпродуктивен актер. Дури и на овие години работи повеќе од повеќето. Во просек вади по три филмови во годината.

Па ајде да видиме што мислите за Фримен. Игра ли еднодимензионални ликови или има нешто повеќе во него? Го претера ли со снимањето филмови? Која негова улога ви е најомилена, а за која мислите дека немало потреба да ја прифати?

И за крај.

 
Добар си е Морган, од тие што сум ги гледал најмногу впечаток ми оставил во Driving Miss Daisy, а од помалку познатите го препорачувам 10 Items or Less како лесно и симпатично филмче кај што се глуми самиот себе.
 
Не спомнувајте му го името напразно.. :D

Шта речи, calmness-от придобива, уште името на постер кога ќе му го видам, знам дека сакам да го гледам каков-и-да-бил-филмот.
 
Само едно би рекол за него, глума - без глума.
 
Добро што се сетивте на мене! :D (шега, шега:) )
Добар е добар...Супер одигра во „Ослободувањето/Искупувањето од Шошанк“, не беше лош и во „Семоќниот Брус“.Едно од најдобрите глумења му беше во „Седум“ - според мене.
Фримен ми е актер кој што има неверојатен талент и дарба што го прави константо добар во филмовите.
 
Едини посмирувачки глас од било кој акт на Морган е оној на Малколм како Алекс во Пеколен портокал.

Морган е ѕвериште од глумец, нема филм виден со него што не сум го испоштуел. Секоаш со тој смирен гест и во негативци и во позитвци одлично се уклопува. Ме мрзи да набројувам филмови пошо му нема крај.
 
Кај шо ја прочитав ѕвездава шо сте ја ставиле на тапет, почнаа мисливе да ми се со негов глас :icon_lol:.

Иначе дефинитивно е еден од најдобрите ако не и најдобриот актер за споредна улога во некој филм или во превод тука е негаде во филмот, се вртка, му дава на филмот кулнес, па кажува некоја мисла која немојт да ја заборајш ради неговиот убер прејак глас.
 
A сега, малку расизам :)
За разлика од повеќето црнечки актерски ѕвезди кои најдобро се снаоѓаат во акциони ликови со комична црта во себе, или обратно - комичари со тепачки афинитети или пак посебно= кловнови и јаки фаци, Фримен следи пат по кој црниве нешто поретко одат. Како Сидни Поатје пред него, како Дензел Вашингтон и уште по некој друг кој одвреме-навреме ќе го разбие наметнатиот стереотип (Мајкл Клак Данкан и др.) по него, го бива за нешто покарактерни улоги. И тоа ептен го бива.
Има нешто во неговиот глас и во појавата што остава впечаток на мудрост, на разумност и на стабилност, дури и кога глуми прилично мрднати ликови (Dreamcatcher). Има доста улоги и не можам да речам дека сум изгледал се`. Прв гледан филм, ми е секако оној за Робин Худ, со Кевин Костнер, а брилијантен е во 7 и во Искупувањето. Никаде не ми оставил впечаток на површност во глумењето, чинам дека е голем професионалец, или пак вешто глуми дека е, што имајќи му ја предвид професијата, се сведува на исто ;) независно од тоа дали глуми Бог, Арап. војник, цајкан или затвореник или нешто сосем десетто
 
Супер свежо видео. Погледнете колку само се труди да изгледа дека слуша. Некако кимањево со главава не е доволнo убедливо. :pos:
 
Seven = победа. Најдобар филм со него, скроз ме наежи кога го гледав, не дека слабо глумат Бред Пит и Кевин Спејси, но нели, да се задржиме на Морги. Стварно многу добри филмови има слободниотчовек, но еве, после Seven ќе ги ставам Shawshank Redemption, Lucky number Slevin, и Бетмените секако, иако кај нив има поприлично споредна улога.
 
Може следен да биде Марк Валберг? (ако не бил до сега)
Според мене еден од попотценетите актери. Нормално не може да биде на исто ниво со актери како Фримен,Лео,Нортон и компанија ама едноставно си гради солидна кариера, си бира филмови што му одговораат и ужива во тоа.
(ако се смета за актер од понова генерација можам да кажам дека ми е од поомилените актери од новава генерација)
 
Време е да го ставиме на тапет човекот кој важи за најголем спојлер во историјата на филмот. Го гледаш во листата на некој филм/серија и просто знаеш која е судбината на ликот кој го толкува. Кајганџии и кајганџии, еден и единствен:

Шон Бин

sean-bean-rip.jpg


Да се разбереме темава не е само да го ребраме човекот, туку и да го проанализираме. Како ви се допаѓа како актер, добро ли глуми како за спојлериста? По која улога ќе го памтите, кој е Шон Бин за вас - Нед Старк или Боромир? Може и некој трет, ваш избор.

И таман темава ќе ни послужи како збирштина на сите мемиња кои ги произведува неговиот лик и дело.

Бујрум.
 
Глумец, роден да игра секнд бест улоги.
Мене ми е ист и како Боромир и како Нед Старк.
 
Ај ваљда нема да умре темава.. гед ит..гед ит..гед ит..

Супер актер што да не му беа многуте умирања во популарниве серијали/трилогии/франшизи немаше да ја добие заслужената популарност. Може да глуми и херој и негативец, може да глуми и во фантазија и во драма. Нема што не може да глуми, убеден сум да има римејк на Тутси или Г-ѓа Даутфаер би бил супер и во таква улога. И Шон Бин за мене е 006. For England, James?

едит: А низ интернетов ќе биде запаметен како единствен човек што има две мемиња по него :D

38802276.jpg

http://imgur.com/gallery/r158a

kRGeN.gif
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom