Ѕвезда на тапет (Вес Андерсон)

  • Креатор на темата Креатор на темата RocknRolaa
  • Време на започнување Време на започнување
Според мене е одличен актер. Спаѓа во оние малку актери кои успеале да ме расплачат во поише филмови што значи дека знае совршено да ти долови емоции.
И морам да ја ставам зашто сценава е прекрасна.

Ќе го видиме уште малце у ЛМ како ќе се покаже... и не само него де. :D
 
Знам дека пее де, но сепак е на мета за пеењето. Уште пред да ги читам критиките во уши ми влезе делот на 3:00


Не ми се допаѓа воопшто, иако некои луѓе што го гледале филмот пишуваат дека бил сосема океј. (Деновиве во слободно време дремам по трејлерите и интервјуата и читам коментари од луѓе што го изгледале тазе, пошто ја знам приказата немам мака од спојлери).

За останатите има супер коментари во однос на пеењето, а и одлично ми звучат.

Пак ќе речам, не ми е тоа проблемот, туку како да го дигестирам како негативец...
 
Човече, па Расел Кроу пее со години. Има свој бенд, како може да е послаб од Ен Хатавеј за пеење (не ја вреѓам Ане чисто споредба правам)? Чудни муабети се ова. Башка на невидено, греота е да го кудиме за улогата во филмов. Критичари, митичари, знаат да јадат вафли колку да се каже нешто. :)
Ен Хатавеј всушност има многу убав (и школуван) глас, па споредбата не е баш добра. Но, мислам дека Расел Кроу ќе биде добар со пеењето во Клетници, без разлика на тоа што го кажуваат критичарите.

Како глумец многу ми се допаѓа. Инаку, и мене ми беше чудно кога видов дека тој ќе го глуми Жавер. На Џон Малкович му личи да го глуми тој лик, на Расел Кроу не баш толку. Очекувам да ми биде интересно кога ќе го гледам.
 
На Џон Малкович му личи да го глуми тој лик, на Расел Кроу не баш толку.
Ова е тоа. Не баш ич. Гледај го Џефри Раш во филмот од 1998, исто така одличен.
Јас се тешам со Том Хенкс, и него не сум навикнат да го гледам како негативец ама во Cloud Atlas беше закон во негативните улоги.
--- надополнето: 9 јануари 2013 во 22:41 ---
Патем, една од моите омилени сцени:
(И спојлер за тие што го немаат гледано.)
 
Јас го обожавам во улогата на Максимус во Гладијатор. Баш го има тој груб изглед како за улогава. Хоакин Феникс го одигра еден од најдобрите негативци кои сум ги видела на филмското платно, ама Кроу си беше Кроу.

 
The next three days, Beautiful Mind nuff said

TNTD е просечен филм, и далеку, далеку од најдобрите улоги на Кроу.....

На пример во BM, е како Алпачино за Патисон во споредба со она што го глуми во TNTD.

Нај-потценета улога > оваа.
 
Мое мислење е дека улогата во TNTD му е одлична, затоа што сакам такви улоги без многу текст само со емоции. Мислам дека беше тешка улога само тој ја направи да изгледа едноставно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom