...Го нема Кими тркачот наш...
Пред фактите и Боговите молчат. Само што Кими не е Бог и ќе се јави со некоја добра досетка (што ние не ја знаеме) и ќе ни кажува зошто М5 била подобра за автопат. Како газето би му добивало масажа од 4-те масажери вградени во седиштето и како климата ќе му ги лади стапалата додека тој забрзува до 280км/ч.
До Кими: М5 е „бачко“ кола за оние со длабоки џебови и широки газови. Тјунрано (ПРАВИЛНО) Југо е кола од N категорија тркачко возило. Има разлика! И тоа Битола - Њу Јорк. Јас можам да земам Aston Martin и да речам дека BMW-то ти е кола што не вреди за ништо и за 10 години цената ќе му падне 90% а на мојата ќе порасне 90%.
BMW-то класично М5 во кривина ќе биде како слон во продавница за порцелан, не за друго, туку бидејќи е направено за комфор.
Ако сакаш комфор од спортска машина тебе ти треба BMW 520d. Имаш доволно коња 170...имаш комоција. Лупни пари на кожни седишта и уживај. Вистинските спортски автомобили се бескомпромисни. Гледај BMW DTM. Какво е? Да не има клима? Да не има убави седишта или убава внатрешност?!