Другарчево само шо го среди југото, го фати мерак да купува за трки спремно и го продава неговото.
Централна брава и аларм, седишта од BMW 3 со airbag-ови, ксенонки, ауспух од инокс, и да не зборам шо уште не. Југото е коска, и другаров е у голема загуба што го продава, али тоа е, касно му текна.
Еве линкови, ѕирнете го , ако има заинтересирани нека се јават.
http://www.pazar3.mk/ViewItem.aspx?itemId=749277
http://www.avtooglasi.com.mk/oglas/detali/14572-Zastava-Yugo
значииииииии... многу сум алергичен кога ке налетам на вакви продажни цени.....
му ставал ова му ставал она... што и да напарвил југово не вреди за 3000 евра... кога ке го продаде ела нека ми каже.... од старт да ја земе секирата и да мавне точно на средина за да ја преполови цената, па евентуално да се испазари за 1350-1400 да го продаде пошто годината 2003 му го дозволува тоа колку толку... знае ли другар ти за 3000 евра каква кола се носи со се сите давачки? а не југо... бог да чува... имало аир бегови и тоа 3... ако недај боже се мавнеш со него аирбеговите не само што нема да ти помогнат во југо, туку може и да те дотепаат...
еве ти ценовник на уградените материјали што ги наброја:
-централна брава- 2200 денари
-ксенонки...? баш ксенон или ксенон лајт сијалици? ако се овие вториве тогаш тоа е околу 800 денари
-седишта од БМВ? 100 до 150 евра?
-ауспухот од инокс во тетово е 1500 денари + заварување и сечење на стариот уште 300... ај 500 нека биде, јас частам... ако е од инокс, ако не е наварено само додавчето на крајот, како што и ми изгледа тогаш 150 денари кошта...
еве јас ке кажам
МОЕ ЛИЧНО ВИДУВАЊЕ И УБЕДУВАЊЕ... АКО ГРЕШАМ ПОПРАВЕТЕ МЕ
И ЌЕ СЕ ИЗВИНАМ ОДМА
немој да дискутираме можда дека имало коска предница и добри амортизери... тоа си е тековно одржување... ако купувам кола со разјебана предница, му ја спуштам цената од старт за расипаното, а во југото има доста одржување, поготово ако малку го стискаш, тогаш доаѓа до израз онаа српската народна поговорка: КУПИ ЈУГО ДА ЈЕ*Е ДУГО...
а бандажите бај д веј се чиста мизерија, ај добро не се оние железните, тоа малку носи некој поен, маската е од нај старите, стандард жмигавци, фарови и штопови, стандард висина, значи не е спуштано иако пишува дека ставал некакви амортизери спортски, нема затемнети стакла, нема рол бар, нема сончев кров, нема халогени, нема неонки, шалт таблата му е стандард инаку би виделе слика одма, задни седишта стандард, нема тегови, нема балансери, нема исфрлено хладњак за масло, нема спојлери ни заден ни бочен и нај веројатно во моторот нема ништо чепкано, бидејки ако имаше, ке читавме или ке гледавме слики... што има ова југо за тие пари? што толку многу го кошта и во дупка иде со таа цена? ок.. има плин кој што он го платил 600 евра... сега за 550 евра се става плин на мулти поинт мотори, а за југо нов плин е 350 евра, значи неговиот го сечеш на пола, пошто не е нов нели... еве ради плинот да извади и над 1500-1600 евра и ако има прави ксенон сијалици кои коштаат околу 150 евра за двата фара ке дигне уште 100 евра погоре, значи МАКСИМУМ 1750 евра и тоа само кеифлија на такво средено југо... реално дискутирам, бидејки сум познавач на приликите со цените. редовно ги следам и кога ке видам напумпана, ма
препумпана цена од кожа се вадам, затоа и ваков пост следеше од мене... уште еднаш се извинувам ако повредив нечии чувства, ама ова е мое мислење...
се у свему, југово од надвор изгледа солидно и доста добро сочувано. секако вреди за да си го купи некој и да си се возика онака лагано, доста долго ке го истера, ама за 3000 евра не вреди ни од далеку.... за тие пари мечка се носи со се комплет папирологија да средиш тука... или мондео или нешто така, а не југо... само будала ке се залета и ке го купи за тие пари...