Xbox360 гејмери

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Јас ја изрежав, си работи одлично. Само да знаеш, DISC 1 Е МУЛТИПЛЕЕР, а DISC 2 Е СИНГЛПЛЕЕР: :)
--- надополнето: Oct 28, 2011 7:39 AM ---

Ако фифа 12 е најдобар наслов, тогаш што со Forza Motorsport 4?
Фифа има премногу промени, и ми се допаѓаат, Forza 4 одвај чекам да се спушти да го пробам виста модот со кинектот.

Него за бт3 првото двд да не го спуштам а? А на кое двд се наоѓаат текстурите на за инсталација исто на второто?
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.673
Поени од реакции
52.557
Фифа има премногу промени, и ми се допаѓаат, Forza 4 одвај чекам да се спушти да го пробам виста модот со кинектот.

Него за бт3 првото двд да не го спуштам а? А на кое двд се наоѓаат текстурите на за инсталација исто на второто?
Јас како што прочитав, првиот диск е мултиплеер и HD Content, значи го инсталираш првото за HD текстури, а играш со второто.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069

Така е, ама само ако имаш ОРИГИНАЛЕН хард-диск со xbox-от. Значи 20 или 250 гига. Иначе не ги снима на USB, не ти дава.
--- надополнето: Oct 28, 2011 3:37 PM ---
За туѓи вкусови не треба да се дискутира...
Абе вкус е друга работа, тогаш не ја мешај во борба за игра на годината.
 
Undisputed

No pain, no gain.
Член од
24 ноември 2010
Мислења
20
Поени од реакции
2
Така е, ама само ако имаш ОРИГИНАЛЕН хард-диск со xbox-от. Значи 20 или 250 гига. Иначе не ги снима на USB, не ти дава.
--- надополнето: Oct 28, 2011 3:37 PM ---

Абе вкус е друга работа, тогаш не ја мешај во борба за игра на годината.
Ете затоа убаво ти реков за вкусовите не може да се дискутира оти ќе треба до утре да се расправаме,а причината е баш ради тоа што мислењата ни се различни ти мислиш дека форца 4 е најдобра јас мислам дека е фифа џои мисли трето и така натаму, значи тоа е мое мислење мое право и ти не треба и не смееш да се мешаш тука него толку разбираш!
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Ете затоа убаво ти реков за вкусовите не може да се дискутира оти ќе треба до утре да се расправаме,а причината е баш ради тоа што мислењата ни се различни ти мислиш дека форца 4 е најдобра јас мислам дека е фифа џои мисли трето и така натаму, значи тоа е мое мислење мое право и ти не треба и не смееш да се мешаш тука него толку разбираш!
Другар, не можеш да кажеш дека ФИФА е игра на годината. Тоа не е прашање на вкус, туку прашање на незнаење.

За тебе може ФИФА да биде најпосакуваниот наслов на годинава, зашто си запален за фудбалски игри. Исто, може да биде и најдобра од фудбалските игри (а ги има само две, неброејќи FIFA Street).

Ама ако кажеш дека ФИФА е игра на годината, значи xbox-от не го палиш за ништо друго освен ФИФА. Кога збориме за игра на годината, нема тука субјективност, мора да си објективен и да си изиграл се, да процениш повеќе факти и после да тврдиме ова-она.
 
Undisputed

No pain, no gain.
Член од
24 ноември 2010
Мислења
20
Поени од реакции
2
Другар, не можеш да кажеш дека ФИФА е игра на годината. Тоа не е прашање на вкус, туку прашање на незнаење.

За тебе може ФИФА да биде најпосакуваниот наслов на годинава, зашто си запален за фудбалски игри. Исто, може да биде и најдобра од фудбалските игри (а ги има само две, неброејќи FIFA Street).

Ама ако кажеш дека ФИФА е игра на годината, значи xbox-от не го палиш за ништо друго освен ФИФА. Кога збориме за игра на годината, нема тука субјективност, мора да си објективен и да си изиграл се, да процениш повеќе факти и после да тврдиме ова-она.
Како прво ниту сум бил запален за некоја игра ниту ќе бидам бар не како тебе, јас иксбоксот го палам еднаш во месецот а сепак сум ги изиграл мноштвото од игри а ти запрашај се кога последно си го изгасил, мислам по одговорот се гледа дека си некое ептен загрозено гејмерче и како второ немам намера понатака да се расправам(со тврдоглави) само сакам да сфатиш дека ниту моето ниту твоето мислење ќе ги направат фифа и форца игри на годината а секој има право на свое мислење!
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Како прво ниту сум бил запален за некоја игра ниту ќе бидам бар не како тебе, јас иксбоксот го палам еднаш во месецот а сепак сум ги изиграл мноштвото од игри а ти запрашај се кога последно си го изгасил, мислам по одговорот се гледа дека си некое ептен загрозено гејмерче и како второ немам намера понатака да се расправам(со тврдоглави) само сакам да сфатиш дека ниту моето ниту твоето мислење ќе ги направат фифа и форца игри на годината а секој има право на свое мислење!
Што докажува колкава компетентност имаш да кажеш дека некоја игра е "игра на годината". И точно тоа беше мојата поента.

Не планирам да се навредувам тука, јас ти кажав факти, ти ми реплицираш со психолошки анализи. Ако игра која нема подобрена графика, нема сосема нови анимации, звук, коментатори, стадиони итн итн, т.е. има само "подобрен", значи не револуционерен гејмплеј е игра на годината, тогаш очигледно е дека ништо друго не си играл.

Јас Forza 4 ја форсирам бидејќи дури и луѓето што не сакаат игри со возење, кога ќе ја видат, буквално вилица на земја им паѓа и сакаат да ја пробаат. И после прашуваат "абе зашто не се сите игри вакви?". Почнувајќи од феноменалната графика, преку ултра-деталните модели, 150те нови коли, еволуираниот начин на управување, од коска сменет кариера мод и уште Top Gear интеграција, би рекол дека Forza 4 ако ништо друго, има доволно факти да конкурира за игра на годината.

Ако некој не се сложува со мене, ќе ми пише и ќе си дискутираме зашто. Ако веќе пишам нешто, јас ќе стојам и ќе го бранам пишаното, нема да се вадам дека "тоа било само мое мислење". Едноставно друже, тоа е признавање дека немаш аргументи.
 
Многу работи кажа а уствари ништо не кажа друг пат изразувај се кратко и концизно биди појасен во она што сакаш да го кажеш прејди на главното отколку да луташ со одговорот никој не сака да чита состави и еве ќе ти стискам палци за Forza 4 да биде игра на годината само немој повеќе да ми реплицираш оти не мислам да го губам времето со недозреани очигледно игриве ти се се во животот!
 
"Да се изразувам концизно", кажа човекот кој не користи ниту точка, ниту пак запирка во своите реченици.

Еве ти концизно со факти, кои не успеа да ги воочиш во претходниот пост (се сомневам дека го прочита, бидејќи одговоров ти е генеричен/хејтерски кон мене, место кон постот):

Факти за фифа 12:

нема подобрена графика
нема сосема нови анимации
звук
коментатори
стадиони

Факти за Forza 4:

феноменалната графика
ултра-деталните модели
150те нови коли
еволуираниот начин на управување
од коска сменет кариера мод
Top Gear интеграција

Бидејќи си нов, ќе ти дадам совет. Ова е форум, место за дискусии. Ако овде пишеш нешто, слободен свет е, може кој сака да ти реплицира, да се согласи или да не се согласи со тебе. Јас ти реплицирав и ти наведов зашто не се согласувам.
Ако ти веќе сакаш да пишеш мислење и никој да не те чепка, те советувам тоа да го направиш на фејсбук, каде што ќе можеш да ги бришеш коментарите и да ја контролираш околината во која ги искажуваш мислите.

Овде не се тепаме, не се навредуваме, туку дискутираме. И бидејќи си нов, ваквите зборови како "недозреан" ќе пројдат сега, ама да ти дадам до знаење дека во цивилизирани дискусии (какви што пробуваме да оддржиме на форумот), не се толерираат.

Поздрав и се читаме по други теми. :)
 
Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Имам јас ама изгледа Џои нема :(
Немам бе ах ќе се отепам, ништо ќе ја играм на обичен телевизор да ми се чини дека е убава хахаха.

the gunstringer kinect игра, незнам дали си ја пробал, баш вечерва ја играв игричево е ФЕНОМЕНАЛНО еј. Уникатно и интересно за играње.
 
Член од
7 јули 2011
Мислења
24
Поени од реакции
0
Луѓе, ај ќе ве замолам за една услуга, почнав да станувам очаен веќе :)
Бев и по форуми да читам, и туториали гледам и се ама неможам да сватам како да го поврзам драјвот од xbox-от со PC-то (значи имам сата 2 кабел само неможам да сватам дали има некое конекторче за да го поврзам со другиот крај т.е. пц-то). Секаква помош е добредојдена, однапред фала! :cool:
 
Па што не прашаш јас така играм веќе 3 години.

Прво ти требаат неколку работи

Вакво нешто, за да можеш да го корстиш и пц-то и хобоксот истовремено.

xbox 360 vga кабел го пикаш едниот дел во xbox-от другото горе во vga switch-от. Тие што се краевите, ке си купиш и едно кабелче за аудио, и го редиш во пц-ти на аукс и си слушаш на звучници/слушали.

1000 денари, фулл хд резолуција не се маткаш лево десно се ти е при рака. Јас имам 24 инчен монитор и изгледа перфектно.
 
Член од
9 октомври 2010
Мислења
8
Поени од реакции
1
да не знае некој дали може да се игра Battlefield 3 на multiplayer пошо ми бара нешо online pass
 
Член од
7 јули 2011
Мислења
24
Поени од реакции
0
Дали е возможно да се флешова/смени firmware-от на Xbox360 DVD драјв сам? Гледав некои туторијали ама пиши дека е потребен некој посебен хардвер како Xecuter X360USB Pro и уште нешто. Некој? Фала!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom