Што докажува колкава компетентност имаш да кажеш дека некоја игра е "игра на годината". И точно тоа беше мојата поента.
Не планирам да се навредувам тука, јас ти кажав факти, ти ми реплицираш со психолошки анализи. Ако игра која нема подобрена графика, нема сосема нови анимации, звук, коментатори, стадиони итн итн, т.е. има само "подобрен", значи не револуционерен гејмплеј е игра на годината, тогаш очигледно е дека ништо друго не си играл.
Јас Forza 4 ја форсирам бидејќи дури и луѓето што не сакаат игри со возење, кога ќе ја видат, буквално вилица на земја им паѓа и сакаат да ја пробаат. И после прашуваат "абе зашто не се сите игри вакви?". Почнувајќи од феноменалната графика, преку ултра-деталните модели, 150те нови коли, еволуираниот начин на управување, од коска сменет кариера мод и уште Top Gear интеграција, би рекол дека Forza 4 ако ништо друго, има доволно факти да конкурира за игра на годината.
Ако некој не се сложува со мене, ќе ми пише и ќе си дискутираме зашто. Ако веќе пишам нешто, јас ќе стојам и ќе го бранам пишаното, нема да се вадам дека "тоа било само мое мислење". Едноставно друже, тоа е признавање дека немаш аргументи.