WWE

C

Castiel

Гостин
Ќе биде бољи оваа ВМ од таа лани како што тргнало..лани таа беше срање за мене, така да оваа треба да биде тежок очај да ме разочара повеќе од лани.

RTWM-во е очајно though.. пишувањата на феуд-иве се очај.

Ортон-Сет...после се што се случи го враќаат да му биде пријател за 2-3 недели и пак да се вратиме на приказната у Декември....ГЛУПОСТИ..

А и не можам па и да ги обвинам многу сценаристите кога:

Тејкер го нема
Леснар го нема
Стинг го нема

Како бе да букураш шоу кога 3ца од 3 различни "мејн евенти" на вечерта ги нема ? Глупости..

Мечов за интерконтиненталнава титула ќе биде кул...као МИТБ без МИТБ..ок

Иначе моја идеја за плот-твист што би сакал да се случи а нема шанса да се случи..

Шејмус-Сена
Рок-Русев да се десат некако на ВМ...ама знам дека нема Русев-Сена 2 ќе следиме и Сена ќе тепа...ептен сакаа да го заштитат Русев со тоа што имаа меч на Фест Лејн веќе....

Бетл Ројалон ми е тапа исто како лани чисто онака некои фацки да се појават и да земат плата...

Ако има таг меч ваљда ќе биде на Пред-шоуто а истите тие подоцна и ќе бидат во бетлројалот....иначе ваљда ќе има Пејџ/АЈ-Бела твинс, меч на Манија што исто ништо не ми значи...

Се зависи од Стинг-ХХХ и Ортон-Сет....ако двава меча се добри, ова ќе биде сасвим ок Манија.
и Бреј-тејкер може да е одличен меч...т.е зависи во каква состојба е тејкер...башка и за IC титулата ќе биде одличен меч со оглед на тоа кој се ќе биде во мечот...Сена русев не беше воопшто лош мечот на фастлејн...малку само да појачаат и тоа може да биде доста солиден меч...
така да ова би требало да биде многу подобро вм од претходната....
 
Член од
29 ноември 2010
Мислења
773
Поени од реакции
334
Дај не заебавајте... Годинава нема да има никакви шанси со ВМ 30. Минатата година го имавме Брајан кој беше зафркнуван од Ауторити 8 месеци, со најдобриот индивидуален настап на ВМ во историја ( победувајќи 3 члена на Еволушан ) и го имавме Брок кој го скрши стикот на Тејкер. Тоа се два легендарни моменти во ВМ.

Годинава е јасно дека ќе биде тапа. Тејкер/Бреј тапа ( и минатата година Тејкер неможеше да има добар меч а не па годинава со Бреј кој е 5 пати послаб во рингот од Брок ). Стинг/ХХх ( не треба да се објаснува - Стинг има над 50 години а ХХХ нема да може да направи добар меч ако се знае дека сега го нема за противник Брајан да го води во текот на мечот ). Сина/Русев ( доби 3.25 на ФастЛајн, најмногу шо ќе добие сега ќе биде 3.5 ). За мејн евентот ќе ми биде најинтерсно ( да видам како ќе го исвиркаат. Се надевам дека ќе има само чантови СМ Панк и Сезарооо нешто како на РР). Другите мечеви ќе бидат добри ама тоа нема никакво значење. Не знам зошто е битно дали Ортон ќе го победи Сет во моментов. Тотално нерелевантно и не може од тој меч да има нешто легендарно.

Ова е најлошиот RTWM во историјата а има голем потенцијал да биде и најлошата ВМ во историјата. Кога ќе видеш дека АЈ добива најдобра реакција од публиката и кога Панк кој е во УФЦ добива највеќе чантови, јасно ти е каде одат работиве.
 
Член од
13 јануари 2015
Мислења
1.044
Поени од реакции
983
Добро шоу :D Ренди на крај ѕверка :bravobe: редно време беше да го нападне и сега сум 100% сигурен дека ќе иамаат меч на Врестлеманиа.[DOUBLEPOST=1425987613][/DOUBLEPOST]https://www.youtube.com/watch?v=1Ej73ZNbMNY
Браво за ВВЕ за ова, целиот се наежив додека го гледав видеово а мора да кажам дека и за малку ќе се расплачев.[DOUBLEPOST=1425988580][/DOUBLEPOST]@Jan Polat @Castiel @dragonsky @fidanmk
пишете што мислите за РАВ како ви се допадна(нормално ако сте го гледале)?
 
Последно уредено:
Член од
19 јануари 2015
Мислења
16
Поени од реакции
2
Минатата година Wrestlemania беше легендарна поради тоа што конечно Daniel Bryan стана голема ѕвезда и го доживеа својот момент и Леснар ја прекина низата победи на Undertaker.Но нема потреба за песимизам,единствена работа што не е во ред оваа година е меин-ивентот но има уште време за да го направат поинтересен и секако безразлика кој ќе го победи Леснар или Реинс ќе биде прекрасно ако на крајот Сет искешира и биде првиот што искеширал на ВМ.Ривалството меѓу Ренди Ортон и Сет Ролинс е феноменално и ќе го крунисаат со легендарен меч бидејќи се огромни таленти во рингот.Бреј Вајат одлично го искреира ривалството со Undertaker иако тој Тејкер уште се нема појавено на Raw,со тоа Вајат докажува за каков талент се работи.Истотака голем плус е што конечно интерконтиненталната титула изгледа битна и се трудат да и го вратат престижот,сите што се во мечот се неверојатно талентирани,Брајан може да има уште еден ВМ момент,Зиглер е исто така фаворит а Амброуз доколку победи ќе биде отскочна даска за неговата кариера и бил одличен шампион,.Единствено ми е жал што не го форсираат ривалството меѓу Cody Rhodes i Goldust,нивниот натпревар се очекува веќе со години.И двајцата заслужуваат меч на ВМ и тоа би му помогнало на Коди да прерасне во поголема ѕвезда а Голд да се пензионира после тој меч.Како и да е уште не го добивам тој филинг како минатата година кога Брајан правеше чуда против Авторитетот но следните епизоди на Raw очекувам ривалствата да кулминираат и да не направат повозбудени за Wrestlemania!!
 
Член од
29 ноември 2010
Мислења
773
Поени од реакции
334
Р - Трут ќе победи. Не знам зошто ама гледајќи како заврши Смек Даун и како на Брајан му ги исклучуваат чантовите, имам некое чувство дека Винс ќе оди до крај со ова да го уништи Брајан.

А Ортон/Ролинс ако не е за куферот веќе нема смисла. Ортон целосно се одмазди, не гледам потреба од меч освен ако не е за МИТБ куферот. Исто и Русев/Сина веќе нема смисла. Русев се онесвести па само Сина да го освести и да направи овој да tap out :facepalm:
 
Што е ба работава против сина толку?

Башка на русев ова не му е прв tap out. Има и еден против Свагер во слична ситуација. Ама нели пошто не го напраи тоа Сина нема проблем ондак. И да кога можеше сина да се онесвести од русев зашто и русев да неможе од сина?
 
Член од
29 ноември 2010
Мислења
773
Поени од реакции
334
Што е ба работава против сина толку?

Башка на русев ова не му е прв tap out. Има и еден против Свагер во слична ситуација. Ама нели пошто не го напраи тоа Сина нема проблем ондак. И да кога можеше сина да се онесвести од русев зашто и русев да неможе од сина?
Кога? Немав гледано Рав со месеци па сега стиснав Русев тапс аут на Јутуб и се што испаѓа е Сина/Русев. За Свегер ништо.

А проблемот не е во онесвестувањето туку после тоа. Ако се останеше на тоа Русев да се онесвести тогаш ќе беа изедначени но сега работите се сменија. Разликата е во следново:
- Сина не се онесвести веднаш на ФастЛајн, Русев да.
- Во мечот Русев не го освести Сина за пак да направи submission.
- Сина не се "откажа".

Единствениот начин за ова да се поправи е Русев да победи на ВМ или пак Сина да се откаже во некоја наредна прилика ( што секако нема да се случи ). Ова е начин на кој се завршува еден фуед. Русев беше понижен и уништен од сена па затоа прашање зошто има потреба од меч на ВМ? Особено ако се знае дека Сина победува 95%?
 
На смакдаун беше кога има фјуд.

Нормално нема да се онесвести Сина веднаш пошто Русев и heel. Нормално беше heel тактика да користи за да го онесвести.

Како тоа Русев е понижен кога има победа врз Сина. Воопшто не е понижен. И да има потреба од меч на ВМ пошо wwe сака да го зголеми престижот на титулата. Да биде релевантна пак. Никој подобро неможе да врати релевантност на таа титула од сина. Така да воопшто не е лошо. И да победи Сина ќе бидат 1-1 и најверојатно ќе имаат 3 рабер меч каде што ќе победи русев. Така да одличен билд уп имаат со ликот на русев.
 
Кога? Баш барав и не можам да најдам. Сигурно било дарк меч или нешто слично. Јас не викам дека Сина требаше да се онесвести веднаш туку се прашувам зошто Русев се онесвести веднаш. А за хил ако зборуваме, не знам како може Сина да добие меч за титула после навредување на Лена ( и тоа е истотака безмислено ама не е најбитно).

Видовме како заврши минатиот обид на Сина да врати престиж на титула. Доби меч за титулата откако беше повреден 3 месеца, го победи ДелРио на 2 ППВ а Сандоу го победи за МИТБ куферот со една рака. А титулата на која требаше да и го врати престижот ( WHC ) веќе не постои. Не би ме чудело пак да биде истото па на СС да гледаме меч со Пеинс зa спојување на УС титула со ВВе титулата. А Русев нема да победи на следното ППВ туке ке заврши бетер од Бреј минатата година. И не знам зошто сакаш Сина да го врати престижот оти во овој момент со кого би имал меч? Бреј, после минатата година? Кога сега конечно пак успеа да си ја качи популарноста... Или пак хил трн за Брајан, Зиглер или Амроус? Никогаш нема да ми биде јасно зошто целата кариера на Русев се гради само за да изгуби од Сина на ВМ. Зиглер, Реинс, Амброус па и некој НХТ да го победеа да сфатев дека тоа ќе имаше значење за нивната кариера а Русев немаше да биде оштетен ама зошто му е потребна победава на Сина не знам...
 
Не беше меч...туку обичен напад исто како сина што го нападна сега.. Исто се деси само ти викам пошо беше Свагер на никој не му сметаше...ама нели пошто е СИна сите се бунат...

За WHC и донесе престиж и не е дека не постои веќе туку унифицирана е титулата со вве титулата. Него се иде на унификација на УС и IC титулата. Бреј воопшто не страдаше од тоа што изгуби од Сина. Виде компанијата дека одлична се покажа во фјудот па од тогаш е еден од најдобро изградените ликови. ИМа доста победи врз доста топ момци. Најдобар беше на РР дефинитивно. И има меч со тејкер на ВМ. Повеќе и да сакаше неможеше да добие.

А зашто Русев да е оштетен и да изгуби? има веќе една победа врз сина. башка плачеше IWC дека сина цело време е во мејн евент еве годинава не е ни приближно и пак смета. Што треба сеа Сина џобер да го напраат? И да сина е одбран за да го победи од проста причина што брок беше одбран да го победи тејкер на вм. Повеќе за верување е дека може да го победи отколку другиве. И поголемо значење ќе има за русев што едиствен кој што може да го победи е топ човекот во компанијата. На сина не му е потребна победата, ама на титулата и е потребна и те како. Најверојатно ќе има понатаму меч за унификација на IC i US титулата меѓу сина и брајан.
 
Член од
13 јануари 2015
Мислења
1.044
Поени од реакции
983
Sting and the Viper clean house: Raw, March 16, 2015
стинг и ортон еден спрема друг,Против ауторити
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Роман нема шанси против ѕверот..:sneaky:
 
Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
10.047
Поени од реакции
6.074
Ваљда е за тука, ипак за Wrestler-и се работи. :cautious:

Wrestler dies during match in Mexico

Не сакам да јадам бурек за некој кој што умрел во одреден спорт, но типов умрел буквално за НИШТО(јес да е забава спортов, ама ми нема никаква смисла).

Како и да е, RIP.

p.s. Ако не е за тука, нека се префрли некаде.
 
Член од
29 ноември 2010
Мислења
773
Поени од реакции
334
Најлошиот RTWM, најлошиот крај на Рав пред ВМ... Баш ме интересира каква ќе биде ВМ.

Не беше меч...туку обичен напад исто како сина што го нападна сега.. Исто се деси само ти викам пошо беше Свагер на никој не му сметаше...ама нели пошто е СИна сите се бунат...
И пак не го покажа. Ова го барам два дена и не можам да го најдам. Гледам само дека Свегер се предал против Русев на ППВ а нема ништо за Русев дека некогаш се предал на било каков начин против Свегер. И не знам како викаш никој не се бунел. Прати линк кога точно се случило тоа и ќе видиме дали се бунеле или не ( јас мислам дека ако Русев се предал на џобер како Свегер тоа е една од најголемата глупост ).

За WHC и донесе престиж и не е дека не постои веќе туку унифицирана е титулата со вве титулата. Него се иде на унификација на УС и IC титулата. Бреј воопшто не страдаше од тоа што изгуби од Сина. Виде компанијата дека одлична се покажа во фјудот па од тогаш е еден од најдобро изградените ликови. ИМа доста победи врз доста топ момци. Најдобар беше на РР дефинитивно. И има меч со тејкер на ВМ. Повеќе и да сакаше неможеше да добие.
Како донесе престиж кога ја имаше само еден месец? Единствената работа која ја направи е само што го уништи Сандоу кои дотогаш имаше добар фјуд со Коди. Пред да кешне, Сандоу беше еден од најинтерсните ликови во ВВЕ после тоа он изгуби меч од Сантино во 3 минути...Престиж можеш да донесеш ако имаш добри мечеви на секое ППВ, добри промоа и сл. И се иде на унификација е релативна работа во ВВЕ. Се идеше и на меч Вајат/Брајан на Фаст Лајн па на крај решија дека ке биде подобро наместо да направат Вајат да изгледа посилно за Андертејкер подобро ќе биде Реинс да победи над Брајан... Минатата година се одеше на Батиста да освои титула на ВМ па на крај Брајан освои. Се идеше на Брајан/Шејмус на ВМ па на крај Брајан освои титула. Таму нема никакви долгорочни планови и не знам зошто мислиш дека нема да гледаме Сина/Реинс за унификација. После победата над Брок сигурно дека Реинс нема одма да стане најпопуларен во ВВЕ а кога ќе се види дека он е еден неуспешен експеримент сите знаеме кој ќе биде тука да го спаси денот... Исто како минатата година кога сите сакаа Брајан/Ортон они одат со Сина/Ортон за унификација а знаеме како тоа заврши.

Бреј не само што страдаше туку и целата Вајат фемили беа buried. Вајат беше вториот најпопуларен лик пред мечот со Сина на ВМ а сега не е ни во топ 5. Имаше и анкета на ВВЕ за да се види дали го сметаат Вајат за закана на Тејкер а 85% гласаа не. Е тоа е последица од фуедот со Сина. Вајат имаше мисија да го уништи Сина а не дојде ниту метар блиско да го победи Сина освен мечот во кафезот ( што е веројатно и најлошото што му се случи ). Во 5 месеци долг фјуд Сина го доминираше во мечеви, со смешни промоа му го уништи целиот лик и сега може да се види дека 85% сметаат дека не е никаква закана за Тејкер. И не знам како беше “најдобар“ на РР, ако мислиш на перформанс воопшто може но ако мислиш да биде изграден јако тоа воопшто не успеаа. Сите што ги елеминираше беа џобери ( со исклучок на Брајан со кого требаше да има меч на ФастЛајн ) и беше елеминиран од 50 годишни Кејн и Биг Шоу. И баш поради тоа што има меч со Тејкер имаше победи ( против Амброус/Зиглер/Брајан ) инаку веројатно сега ќе беше во БатлРојал со Кејн и Хенри. А после поразот од Тејкер во недела веројатно ќе биде во midcardhell засекогаш.

А зашто Русев да е оштетен и да изгуби? има веќе една победа врз сина. башка плачеше IWC дека сина цело време е во мејн евент еве годинава не е ни приближно и пак смета. Што треба сеа Сина џобер да го напраат? И да сина е одбран за да го победи од проста причина што брок беше одбран да го победи тејкер на вм. Повеќе за верување е дека може да го победи отколку другиве. И поголемо значење ќе има за русев што едиствен кој што може да го победи е топ човекот во компанијата. На сина не му е потребна победата, ама на титулата и е потребна и те како. Најверојатно ќе има понатаму меч за унификација на IC i US титулата меѓу сина и брајан.
Русев нема да биде оштетен само ако изгуби. Он веќе беше оштетен со тоа што два пати се онесвести против него и притоа се откажа ( а Русев имаше само победа над Сина со помош на Лена ) па сега да биде полошо му ја тргнаа и Лана и му ставија некој идиот. Ќе биде оштетен со бесмислени промоа од Сина ( како тоа минатата година – дека Русев ја претставува Америка ) и веројатно со начинот на кој ќе изгуби на ВМ. Сина што не треба да биде во мејн евент е едно ( дури и ако има некој нормален меч со некој како Брајан/Ролинс или пак да имаше меч со Панк наместо Рок на ВМ 29 немам ништо против и да биде во ВМ) а тоа не значи секоја година треба да има победи над најдобрите млади хилови. Можеше да има меч со Тејкер ( он нека џобира за мечот со Стинг наместо Бреј) или пак ХХХ или може еднаш и да изгуби на ВМ од некој помлад. Единствените од кој загубил на ВМ се Ортон, Рок и Миз а нема пораз од некој талентиран и кој навистина му треба победа.
Брок беше одбран да го победи Тејкер само за да изгуби од Реинс година ( и плус Тејкер се согласи со тоа ). Пред тоа Брок изгуби од Сина, не победи чисто над Панк, изгуби од ХХХ на ВМ, победата на Екстрим Рулс против му беша ужасна. Ако не планираа Реинс/Брок веројатно Брок сега ќе имаше меч со Шејмус или Ортон. Брајан изгуби 2 Меча чисто ОД ДОЛФ ЗИГЛЕР за една недела. Ете колку се вреднува Брајан во моментов во ВВЕ а не знам како ќе биде некој што губи чисто од Зиглер да има меч за унификација со Сина.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom