Најлошиот RTWM, најлошиот крај на Рав пред ВМ... Баш ме интересира каква ќе биде ВМ.
Не беше меч...туку обичен напад исто како сина што го нападна сега.. Исто се деси само ти викам пошо беше Свагер на никој не му сметаше...ама нели пошто е СИна сите се бунат...
И пак не го покажа. Ова го барам два дена и не можам да го најдам. Гледам само дека Свегер се предал против Русев на ППВ а нема ништо за Русев дека некогаш се предал на било каков начин против Свегер. И не знам како викаш никој не се бунел. Прати линк кога точно се случило тоа и ќе видиме дали се бунеле или не ( јас мислам дека ако Русев се предал на џобер како Свегер тоа е една од најголемата глупост ).
За WHC и донесе престиж и не е дека не постои веќе туку унифицирана е титулата со вве титулата. Него се иде на унификација на УС и IC титулата. Бреј воопшто не страдаше од тоа што изгуби од Сина. Виде компанијата дека одлична се покажа во фјудот па од тогаш е еден од најдобро изградените ликови. ИМа доста победи врз доста топ момци. Најдобар беше на РР дефинитивно. И има меч со тејкер на ВМ. Повеќе и да сакаше неможеше да добие.
Како донесе престиж кога ја имаше само еден месец? Единствената работа која ја направи е само што го уништи Сандоу кои дотогаш имаше добар фјуд со Коди. Пред да кешне, Сандоу беше еден од најинтерсните ликови во ВВЕ после тоа он изгуби меч од Сантино во 3 минути...Престиж можеш да донесеш ако имаш добри мечеви на секое ППВ, добри промоа и сл. И се иде на унификација е релативна работа во ВВЕ. Се идеше и на меч Вајат/Брајан на Фаст Лајн па на крај решија дека ке биде подобро наместо да направат Вајат да изгледа посилно за Андертејкер подобро ќе биде Реинс да победи над Брајан... Минатата година се одеше на Батиста да освои титула на ВМ па на крај Брајан освои. Се идеше на Брајан/Шејмус на ВМ па на крај Брајан освои титула. Таму нема никакви долгорочни планови и не знам зошто мислиш дека нема да гледаме Сина/Реинс за унификација. После победата над Брок сигурно дека Реинс нема одма да стане најпопуларен во ВВЕ а кога ќе се види дека он е еден неуспешен експеримент сите знаеме кој ќе биде тука да го спаси денот... Исто како минатата година кога сите сакаа Брајан/Ортон они одат со Сина/Ортон за унификација а знаеме како тоа заврши.
Бреј не само што страдаше туку и целата Вајат фемили беа buried. Вајат беше вториот најпопуларен лик пред мечот со Сина на ВМ а сега не е ни во топ 5. Имаше и анкета на ВВЕ за да се види дали го сметаат Вајат за закана на Тејкер а 85% гласаа не. Е тоа е последица од фуедот со Сина. Вајат имаше мисија да го уништи Сина а не дојде ниту метар блиско да го победи Сина освен мечот во кафезот ( што е веројатно и најлошото што му се случи ). Во 5 месеци долг фјуд Сина го доминираше во мечеви, со смешни промоа му го уништи целиот лик и сега може да се види дека 85% сметаат дека не е никаква закана за Тејкер. И не знам како беше “најдобар“ на РР, ако мислиш на перформанс воопшто може но ако мислиш да биде изграден јако тоа воопшто не успеаа. Сите што ги елеминираше беа џобери ( со исклучок на Брајан со кого требаше да има меч на ФастЛајн ) и беше елеминиран од 50 годишни Кејн и Биг Шоу. И баш поради тоа што има меч со Тејкер имаше победи ( против Амброус/Зиглер/Брајан ) инаку веројатно сега ќе беше во БатлРојал со Кејн и Хенри. А после поразот од Тејкер во недела веројатно ќе биде во midcardhell засекогаш.
А зашто Русев да е оштетен и да изгуби? има веќе една победа врз сина. башка плачеше IWC дека сина цело време е во мејн евент еве годинава не е ни приближно и пак смета. Што треба сеа Сина џобер да го напраат? И да сина е одбран за да го победи од проста причина што брок беше одбран да го победи тејкер на вм. Повеќе за верување е дека може да го победи отколку другиве. И поголемо значење ќе има за русев што едиствен кој што може да го победи е топ човекот во компанијата. На сина не му е потребна победата, ама на титулата и е потребна и те како. Најверојатно ќе има понатаму меч за унификација на IC i US титулата меѓу сина и брајан.
Русев нема да биде оштетен само ако изгуби. Он веќе беше оштетен со тоа што два пати се онесвести против него и притоа се откажа ( а Русев имаше само победа над Сина со помош на Лена ) па сега да биде полошо му ја тргнаа и Лана и му ставија некој идиот. Ќе биде оштетен со бесмислени промоа од Сина ( како тоа минатата година – дека Русев ја претставува Америка ) и веројатно со начинот на кој ќе изгуби на ВМ. Сина што не треба да биде во мејн евент е едно ( дури и ако има некој нормален меч со некој како Брајан/Ролинс или пак да имаше меч со Панк наместо Рок на ВМ 29 немам ништо против и да биде во ВМ) а тоа не значи секоја година треба да има победи над најдобрите млади хилови. Можеше да има меч со Тејкер ( он нека џобира за мечот со Стинг наместо Бреј) или пак ХХХ или може еднаш и да изгуби на ВМ од некој помлад. Единствените од кој загубил на ВМ се Ортон, Рок и Миз а нема пораз од некој талентиран и кој навистина му треба победа.
Брок беше одбран да го победи Тејкер само за да изгуби од Реинс година ( и плус Тејкер се согласи со тоа ). Пред тоа Брок изгуби од Сина, не победи чисто над Панк, изгуби од ХХХ на ВМ, победата на Екстрим Рулс против му беша ужасна. Ако не планираа Реинс/Брок веројатно Брок сега ќе имаше меч со Шејмус или Ортон. Брајан изгуби 2 Меча чисто ОД ДОЛФ ЗИГЛЕР за една недела. Ете колку се вреднува Брајан во моментов во ВВЕ а не знам како ќе биде некој што губи чисто од Зиглер да има меч за унификација со Сина.