точно е дека гледам само што не на тарот, оваа година лично видов на јфк како 35 души ги поебаа за работа во сан франциско од зип, а коузон неам ништо лично гледано али од другари на другари и така натака и мнг луѓе се жалат! е сеа работата е дали ќе го прифатиш ко совет ова или пак ќе си разгледаш и распрашаш болје тоа е твоја работа, а ако мислиш дека јас лошо зборам и тоа не е воопшто докажи го спротивното, а ако ти сакаш да идеш преку нив и таму да гледаш на тарот за да заработиш нешто слободно повели....ахахахахаххахах поздрав!
Не сакам да правам никакви реклами, ама кога зборуваме треба она што го кажуваме да е поткрепено со какви-такви факти и информации.
Значи еве ги понудите од неколку агенции во Македонија:
1. КОУЗОН & JK Travel Студентски сервис -
W&T 2011 цена на програмата 858 УСД
Авио Карта 610 Евра
Вкупна цена
1688 Долари
2. НАРОМ ТРАВЕЛ
W&Т 2011 цена на програмата 1030 УСД
Авио Карта 850 Евра
Вкупна цена
2145 Долари
3. ЗИП ТРАВЕЛ
W&T 2011 цена на програната 1080 УСД
Авио Карта 870 Евра
Вкупна цена
2269 Долари
4. ВИКИНГ Травел
W&T 2011 цена на програмата 898 УСД
Авио Карта 779 евра
Вкупна цена
1962 Долари
5 Аурора студенти
W&T 2011 цена на програмата 920 УСД
Авио Карта 820 Евра
Вкупна цена
2040 Долари
Е сега, јас аплицирав преку Коузон дури и пред да ја видам оваа статистика. Преку Коузон имаат одено преку 20 другари/другарки и никој се нема пожалено до сега од условите
кои предходно им се кажани и претставени. Не гарантираат работни места на некои видни позиции, ама тоа што го гарантираат го исполнуваат. Е сега, Lifeguard или по забавни паркови е тоа, ама никој не те тера да ја прифатиш таа работа ако имаш можности за некоја подобра работа.
А ти тоа што го зборуваш е дека некој се жалел, ама не кажуваш конкретно за што. Дали бил изманипулиран и на кој начин? Значи кажуваш чаршиски муабети и со тоа создаваш една конфузија и за секој нареден потенцијален кандидат го отежнуваш избирањето на најсоодветната агенција, врз основа на чаршиски муабети.