Work and travel USA

L

Luki Junior

Гостин
Нешто поконкретно не знаеш? Дали лесно можело да се најде втора работа (ако ја работеле),дали местата се раздвижени (пошто ја што гледав слики ми изгледаше како пустелија). :)
Еми они имаа по една работа и донесеа доста пари. Така как шо кажуват де. Говореа за саатнини по 14-15 долара... Шо си е доста... Плус на еденио му плаќале и за прекувремено.
 

Maryah.C

Be a bee
Член од
9 јуни 2006
Мислења
4.001
Поени од реакции
710
Извини што ќе коментирам на твојот пост ама се експерти на форумов
Од кај ти тоа виде дека се ти е пустелија на локацииве?? Отвори GOOGLE MAPS па го спореди со NYC и ти делуваше пустелија??/
Добро што очекувате SERIOUSLY??? Очекуваш дека ќе е населено е онака хаос како во NYC дека ќе живееш на Upper East Side ама ќе плаќаш кирија како да живееш во Вермонт т.е. 50$ неделно? И ќе имаш и куќна помошничка во таа цена а може и храна??

Ај дај сите малку пореално размислувајте и одлучете дали сакате да правите пари или сакате да си ги вратите парите што сте ги вложиле и да поминете топ лето
....
Знаев дека некој како тебе ќе ми се нафрли на постот. Оу је.
Да, мислев дека е нешто као NYC само не дека ќе живеам толку скромно како ти што ми кажа. Мислев дека ќе живеам во некој хотел со 5ѕвездици, дека секое сабајле ке ми носат доручек у кревет, ќе ми чистат, еднаш неделно ќе имам бесплатна масажа, џакузи у вц..абе милина. И да заборавив, мојата работа ќе биде да им давам заповеди кој како да ми угости.

Ти стварно помисли дека очекувам да е нешто како Њујорк, мислам она SERIOUSLY? :tapp: Видиш да не беше ти ќе отидев таму и уште прв ден ќе се разочарав. Фала на просветлувањето.

Ај сега да се вратиме у реалноста. Не, не очекував да е како Њујорк ниту пак ништо приближно. Споредував Myrtle Beach со некои места на Cape Cod(Truro,Wellfleet,Dennis итн) од сликите што ми излегоа на Гугл. И имаше разлика, голема. Искуцај па ќе видиш. Слушнав муабети дека добри пари се заработувале на Cape Cod ама ми падна чудно кога ги видов сликите пошто ми изгледаше како ненаселено место, без туристи, немаше слики од хотели, барови за разлика од Myrtle Beach.
Така да ако имаш искуство или знаеш некој што бил на местата за кои што прашав те молам сподели, други попувања не ми се потребни. Фала.:cool:
 
L

Luki Junior

Гостин
Океј. Моето беше прашање дали е такво какво што ми се виде, не беше тврдење.:)
Мариче, моме македонцко, нема да згрешеш ако идеш на Кејп Код. Или Барнстабл, или Провинстаун, или Мартас Винјард, или Нантакет.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
7
Поени од реакции
1
Луѓеее кажувајте некој искуство од Ocean City, Maryland.
Како е? Се наоѓа втора работа? Колку чини сместување одприлика?:)
 
Член од
29 август 2009
Мислења
326
Поени од реакции
23
Планирам да одам на источна обала од New Jersey некаде во регионот на Mасачусетс... Имам слушнато само за cape cod од таму..некое друго место каде што се заработува?..што би ми предложил некој од вас што имал искуство ?
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.430
Поени од реакции
13.826
Ameriquest Mk
‎***ВАЖНО***ВАЖНО***ВАЖНО***ВАЖНО***ВАЖНО***ВАЖНО***
Според новите правила на амбасадата, оваа година може да аплицираат и студенти кои се запишани на специјалистички студии. Воедно, може да аплицираат и студенти со презапишани семестри како и апсолвенти (доколку ги исполнуваат останатите услови). Се надеваме оваа информација ќе израдува дел од вас:)
 

Lady P

Само животот нема реприза
Член од
3 октомври 2009
Мислења
15
Поени од реакции
0
Не, реално, имаш идено?
Јас бев. Еве ти го моето искуство.
Бев платен 5 долари на саат, плус gratuities (бакшиш на сметка). Во просек ми доаѓаше 9.5-10 долари на саат. Неделно работев во просек 40-50 саати. (Дај објасни ми како ова е рмбање како вол, кога тука луѓето работат повеќе од 40 саати неделно, плус неплатена прекувремена работа, плус празници...). Кирија плаќав 85 долари на 2 недели, со платена храна (3 оброци дневно), плус кафетерија со кафе, млеко, житарки, леб, и неколку намази, за кризни моменти, отворена 24 часа. На располагања базент и кино, free of charge.
Донесов чисти 4000 долари дома, без да го сметам повратот од даноците, што ќе му дојде уште дополнителни 1000 долари.
Од таму донесов лаптоп, две камери, и многу парчиња облека (брендирана плус волмарт - три-четири пара фармерки, неколку блузи, 5-6 кошули, 2-3 саати, 5 пара патики и разни други глупости - слушалки, усб-а, елечиња.... ).
За шетање, бев во Филаделфија, Њу Јорк и Њу Џерси (на Jersey Shore).

И кажи ми, како не се исплаќа да одиш? Останав 2 лета во Македонија. Без работа. И да работев, пак исто ќе работев 40-50 саати неделно, и повеќе од 12000-15000 месечно немаше да земам.
Spell преку која агенција беше, каде работеше, детали??
 
Член од
24 ноември 2012
Мислења
2
Поени од реакции
0
Јас имам едно прашање, дали има некој кој бил во америка (добил виза) а не бил на саем со работодавецот односно немало саем, договорот бил само пратен во агенцијата и потпишан обострано?
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.430
Поени од реакции
13.826
Јас имам едно прашање, дали има некој кој бил во америка (добил виза) а не бил на саем со работодавецот односно немало саем, договорот бил само пратен во агенцијата и потпишан обострано?
Ги има многу вакви случаеви, работовацеот не оддржува саем и нема интервју со работодавецот, туку кога ќе пристигнеш во Америка ти кажуваат/се договараш што точно ќе работиш.
 
Член од
3 октомври 2009
Мислења
77
Поени од реакции
5
Ајде некој кој бил во Бизмарк преку Америквест да сподели искуство?? И дали не е касно до 25 мај да се стигне таму за да се најде втора работа?
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
704
Поени од реакции
260
Искуство некој со Arby's и Wendy's? Тие што биле во Wendy's кажуваат дека не се задоволни поради тоа што не им давале многу саати за работење..а Arby's било таман,зборувам за N.Dakota,некој инфо?
 
Член од
20 ноември 2012
Мислења
4
Поени од реакции
1
Еј абе во мака сум. Значи платив прва рата со Интракс, одбрав работа во Ocean Edge resort. Проблемов ми е денот Д во амбасада за виза, имам презапишано трета година (четири години ми се студииве) и ме копкат то за визава. Ми треба некој стрикно шо аплицирал за виза а презапишал година, дајте ми некоја информација дали познавате некој шо аплицирал во ваква ситуација ?

Во 2011 добив виза без никаков проблем, но тогаш немав презапишано година и затоа сега сум немирен.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom