Не, реално, имаш идено?
Јас бев. Еве ти го моето искуство.
Бев платен 5 долари на саат, плус gratuities (бакшиш на сметка). Во просек ми доаѓаше 9.5-10 долари на саат. Неделно работев во просек 40-50 саати. (Дај објасни ми како ова е рмбање како вол, кога тука луѓето работат повеќе од 40 саати неделно, плус неплатена прекувремена работа, плус празници...). Кирија плаќав 85 долари на 2 недели, со платена храна (3 оброци дневно), плус кафетерија со кафе, млеко, житарки, леб, и неколку намази, за кризни моменти, отворена 24 часа. На располагања базент и кино, free of charge.
Донесов чисти 4000 долари дома, без да го сметам повратот од даноците, што ќе му дојде уште дополнителни 1000 долари.
Од таму донесов лаптоп, две камери, и многу парчиња облека (брендирана плус волмарт - три-четири пара фармерки, неколку блузи, 5-6 кошули, 2-3 саати, 5 пара патики и разни други глупости - слушалки, усб-а, елечиња.... ).
За шетање, бев во Филаделфија, Њу Јорк и Њу Џерси (на Jersey Shore).
И кажи ми, како не се исплаќа да одиш? Останав 2 лета во Македонија. Без работа. И да работев, пак исто ќе работев 40-50 саати неделно, и повеќе од 12000-15000 месечно немаше да земам.