Се надевам дека некој ќе ми помогне. Вака сега, се работи за страна во која има производи на зеленчук и овошје. Начинот на кој ги имам организирано е во постови, и секој пост (или група на постови) се од некоја категорија. Она што клиентот го сака е под секој пост да има копче "Question" и да го редиректира на соодветна страна каде што ќе ги даде сопствените информации. Но исто така сака, најдоле да ги има соодветните информации од тој производ, и кога ќе го испрати корисникот прашањето, во маилот на фирмата, најдоле да ги има информациите за кој производ станува збор.
Дали има некој некаква идеа како да го направам тоа? Мене идеа што ми дојде е, кога ќе кликнам на копчето да земам со JavaScript сите податоци да ги сместам во сесиска променлива, и после исто со ЈС да ги додадам во контакт формата.
Ако имате подобра идеа слободно добро би ми дошло