WordPress

Kir4e

OdPrilep Ebago
Член од
1 февруари 2007
Мислења
269
Поени од реакции
5
Znaci Tuka mozi da diskutirame vo Vrska So WordPress.
 

Kir4e

OdPrilep Ebago
Член од
1 февруари 2007
Мислења
269
Поени од реакции
5
Dali ima nekoj sto raboti so wordpress ? :D
 

acermk

лавот во сенка
Член од
18 јуни 2009
Мислења
1.732
Поени од реакции
539
Темава ја отворам бидејќи сакам на форумов да се развие дискусија околу оваа блог платформа. Сакам во оваа тема да си помагаме околу проблемите со плугините виџетите и другите работи кои ги има во Wordpress. Иако постои една ваква слична тема која е за Блогови (општо) нема да штети оваа нова тема.

Општо за Wordpress


WordPress e open-source блог платформа изработена од PHP и MySQL која исто така може да се користи како систем за управување со содржини (анг. Content System Managment или скратено CMS). Содржи многу додатоци кои доаѓаат со самата платформа, и плус има можност за инсталирање на други додатоци и систем за управување со теми. Го користат 2% од 10,000 големи веб-сајтови и WordPress е најпопуларната блогерска платформа.
За првпат беше објавена во мај 2003 година од Мат Вуленвег, додека во септември 2009 беше користена од 202 милиони сајтови низ целиот свет.


Превземено од Wikipedia


Најновата верзија на Wordpress е Wordpress 3.0 излезена на 17 јуни 2010 година.


Како да инсталирате Wordpress


1. Спуштете го Wordpress.
2. Креирајте MySQL датабаза на вашиот веб сервер.(тоа можете лесно да го направите преку вашиот контролен панел)
3. Променете го името на wp-config-sample.php во wp-config.php.
4. Отворете го wp-config.php во некој текст едитор и ставете ги податоците од MySQL датабазата. Подетално за оваа постапка тука.

5. Поставете го Wordpress на одредена локација на вашиот веб сервер.
- Можете Wordpress да го поставите во root односно ако имате купен хостинг тоа е во public_html.
-Можете да го поставите и во некој поддиректориум односно во некој посебен фолдер (пр. www.vasdomen.com/wordpress)
6. Пуштете ја Wordpress инсталционата скрипта за да го инсталирате Wordpress.
- Ако сте го поставиле во root тогаш ќе направите вака: www.vasdomen.com/wp-admin/install.php
- Ако сте го поставиле во некој посебен фолдер тогаш ќе направите вака: www.vasdomen.com/wordpress/wp-admin/install.php


Тоа е тоа :toe: :)


Што се плугини?

Плугини си алатки кои ги зголемуваат можностите и функционалноста на Wordpress. Плугините ги има за најразлични намени. Тие нудат различни функции и карактеристики за да може секој коирсник да се прилагоди на нив.


Што се виџети?

Виџети се еден вид на плугини, дизајнирани за да обезбедат едноставен начин на организирање на различните елементи на странична лента без да мора да се смени кодот.

Ако треба помош пишете.
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
2.931
Поени од реакции
249
лошо е тоа што wordpress се користи и за css а нема многу темплејти за css сите се за блогови!
 

Cataclysm

Член од
2 февруари 2009
Мислења
220
Поени од реакции
646
WordPress е најдобрата платформа според мене, без разлика за сајт или блог.
Веќе има и наш преведувачки тим: http://wp.mk/prezemi/
 

acermk

лавот во сенка
Член од
18 јуни 2009
Мислења
1.732
Поени од реакции
539
Да да не сакав да испадне некоја реклама па затоа не пишав дека има и македонски сајт за wordpress инаку и македонскиот блогер сервис користи wordpress...
 
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.555
Поени од реакции
589
лошо е тоа што wordpress се користи и за css а нема многу темплејти за css сите се за блогови!
А? Мислиш CMS. И има доста шаблони. Само треба да побараш. И лошо е што се користат шаблони ;)
 

acermk

лавот во сенка
Член од
18 јуни 2009
Мислења
1.732
Поени од реакции
539
Иако Joomla според мене е главна за CMS сепак како што кажа Coolzrock има доста теми/шаблони за CMS во Wordpress и ако знаеш добро да го подесиш и средиш според мене мислам дека било која тема во wordpress може да биде користена за CMS...
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.714
Поени од реакции
1.314
Регистрирав вордпресс акаунт и одам во дашбоардот и таму никако неможам да ја најдам опцијата рачно да ги едитирам фајловите.
Чаре?
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Регистрирав вордпресс акаунт и одам во дашбоардот и таму никако неможам да ја најдам опцијата рачно да ги едитирам фајловите.
Чаре?
На WordPress.com/Blog.mk не можеш да ги менуваш датотеките, освен CSS кодот. За тоа прво ќе треба да идеш „Копирај“ на темата што сакаш да го менуваш CSS кодот, па ќе ја активираш и ќе ти се појави „Уреди“ линк. (Види слика)
http://lulzimg.com/i0/f9bcedb2.png



Инаку сите кои сакат да допринесат за развој на WordPress Македонија заедницата нека ме контактират преку контакт формата на сајтот... И доколку сте заинтересирани за соработка или пишување на написи на сајтот.
Исто доколку имате некој проблеми може да пишете на мејлот или овде на темава па ќе ви одговорам тука и на блогот, со цел доколку некој друг да има таков проблем полесно да му биде да најде солуција. Поздрав.

Едит:
Забораив да пишам... За да може целосно да ги менуваш темите, да инсталираш нови теми и додатоци и што ли уште не потребно е самиот да си инсталираш WordPress на сопствен хостинг. Тогаш имаш целосна контрола.
 
На врв Bottom