Зошто да не прифатам нешто не само од тебе, туку и од било кој, ако е издржано и аргументирано со факти?
Немам проблем со концептот на прифаќање на факти, или барем сакам да мислам дека немам.
Но што ти е тезата?
Неколку теми истовремено начнуваш, но дали нема да згрешам ако екстраполирам дека исхраната односно јадењето месо ти е основната дилема која ја дискутираш?
Ако е така, тогаш тезата ти е дека јадењето месо е општествено неодговорно?
Постои ли некоја тема за оваква дискусија, да се преселиме таму?
Или можеме и да отвориме нова тема.
Зошто овде, освен ако не дискутираме за наметнување на вредности за јадење/нејадење месо, сме офтопик.
Ако наеднаш (магично?) ја изгубиме интелигенцијата, најверојатно е дека ќе изумреме во една генерација. Еволуирани сме да го користиме умот, покрај телото. Спореди не со најблиските сродници со кои делиме повеќе од ~98% од ДНК - шимпанзата, и приматите општо. Тие имаат многу поголема сила, несразмерно на величината, и сепак сеуште се интелегентни, многу поинтелегентни од другите цицачи. Верувал или не, постои случај на шимпанзо кое го има научено јазикот на глувонемите! Се разбира со ограничен речник, но сепак. Дури ни приматите не би преживеале ако им ја одземеш интелегенцијата.
Се обидувам да ти објаснам дека еволуирани сме во вид кој не може да преживее без интелегенција. Не ти држи вода размислувањето дака некако магично ќе се претвориме во тревопасни животни, и така ќе преживееме. Тревопасните животни имаат по неколку желудници, имаат дигестивен систем, цревна флора и композиција со кои можат да ги добиваат сите нутриенти од трева/билки. Но ти си сештојад, омнивор. Според морфологијата на дигестивниот систем, поблизок си до месојад отколку до хербивор. Можеш да преживееш без јадење месо, но ти треба специфична растителна храна а не било кои билки или трева. Ти требаат овошје, зеленчук, кои никако/тешко ќе ги најдеш диви во природата. Си видел дива лубеница? Личи на краставица и скоро да нема фруктоза.
Тоа се фактите. Факти се без разлика како ти и јас ги перцепираме, и ни најмалку не им влијае тоа како ти и јас политички/идеолошки се декларираме.

Ајде забегавме, кажи дали има соодветна тема, или да отвориме нова.