Woke и cancel култура, SJW, safe spaces, политичка коректност...

  • Креатор на темата Креатор на темата Sussaro
  • Време на започнување Време на започнување
Зошто ги дискриминираш глупите тролови... Нели и тие имаат права? ;)

Како што гравитација е дел од Физика, така полот на живите суштества е домен на Биологија.
Во спротивно ако полот се одредува со човечкото право, тогаш зошто не и гравитацијата? И Физика и Биологија се науки.
Колку што знам во правниот систем немаме закон за гравитација така да. А дури да имаме закон спротивен на гравитацијата никој не се буни. Очигледно си ја имаат мувата на капата за полот и родот.
 
Последно уредено:
А дури да имаме закон спротивен на гравитацијата никој не се буни. Очигледно си ја имаат мувата на капата за полот и родот.
Не туку за едниов природен закон, за Биологијата и половите едноставно можат да се лажат себеси. За другиот природен закон, за гравитацијата, ако болесници од дисфорија се обидат да скокнат од зграда како Супермен, природните закони веднаш ќе ги соочат со реалноста.
 
Procitaj go mislenjeto na @Спојлер od pred nekolku strani.

:(

Не му пишувам повеќе ништо, иако е крајно иритантен. Психолошките пореметувања не се нешто со кое што некој од страна треба да се заебава.
 
Но од друга страна, дали како негови сожители му помагаме ако макар повремено не му укажеме на заблудите на кои си ги заснова вредностите и ставовите? Најпосле спомнатите ментални проблеми веројатно баш од тоа настанале, со одредена резерва за можни физиолошки, диетални или генетски прекурсори.
 
дали како негови сожители му помагаме ако макар повремено не му укажеме на заблудите на кои си ги заснова вредностите
Мислам не, сите сме склопиле слика за светот и битисуваме со уверување дека е точна, во реалност филтрираме информации во своја полза, бираме ставови кои не правдаат. Промена на парадигма не може со муабет туку нешто треба да ти се случи како последица на тоа што си ти. Оваа перцепција си ја базирам на лично искуство, некој ќе го осети порано некој подоцна но мислам дека е основата на нашата природа, сеуште не сме еволуирале во вистински свесни и доволно интелигентни битија за да поточно процесираме причина и последица, можеби сме преодна фаза во тоа. Пример овие веганите се поздрави, пандемијата ептен лесно ја поминаа ( имаш и студии за тоа ) ама ние се фокусираме на дебата дали било етички и зошто, почнуваш ментални гимнастики се со цел да си ја оправдаш зависноста од вкусно месо а игнорираш базичен факт на причина и последица во природата - поздрави се.
 
Но од друга страна, дали како негови сожители му помагаме ако макар повремено не му укажеме на заблудите на кои си ги заснова вредностите и ставовите? Најпосле спомнатите ментални проблеми веројатно баш од тоа настанале, со одредена резерва за можни физиолошки, диетални или генетски прекурсори.

Џабе е, 100% му е кажано дека зборува глупости, и само го повторува истото како папагал.
 
Ниеден човек не е остров и ако ништо друго тоа за што Стев цврсто ги затвара очите, тоа сепак може на некој друг овде да му помогне. Така да сметам дека дискусијата не е бесполезна иако можеби е бесполезен обидот Стев да стане посвесен за реалноста за која има заблуди. Иако дека за смена на парадигма најчесто е потребно реалноста поединецот да го удри по глава, за тоа целосно се согласувам.

За исхраната нема да коментирам. Не е дека е целосен офтопик (не е) ама не сакам да дигресирам во таа насока. едит: Научните сознанија се премногу поделени и спротиставени за да бидат бинарно конклузивни. Ставовите на луѓето се премногу поларизирани, дури и трајбалистички. Не сум сигурен дека објективна дискусија е можна, а освен тоа тогаш секако работата ќе отиде во офтопик.
 
Последно уредено:
Стев да стане посвесен за реалноста за која има заблуди
Па нема, како што нема ни ти да станеш посвесен за реалноста дека ние сме биле всушност плен во природата, не предатор, не ловец. Доколку го прифатиш тоа ќе си во синк со тоа што е твојата природа и законите за твојата врста. Но ти нема, кој сум јас будала на форум да ти го кажувам ова, уклучуваш механизам на одбрана кој го игнорира најбитното шо напишав - здрави се, пандемијата не ги коси. Ако сите бевме тоа немаше да има локдаунс, пропаѓање бизниси, кризи во системот, оптоварено здравство. Значи можам да застапам теза дека јадењето месо е општевствено неодговорно бидејќи во вакви ситуации ни го руши системот. Преедноставно е ама не го гледаш и во овој пасус ја користиш интелигенцијата да го избегнеш сето ова.

За исхраната нема да коментирам. Не е дека е целосен офтопик (не е) ама не сакам да дигресирам во таа насока. едит: Научните сознанија се премногу поделени и спротиставени за да бидат бинарно конклузивни. Ставовите на луѓето се премногу поларизирани, дури и трајбалистички. Не сум сигурен дека објективна дискусија е можна, а освен тоа тогаш секако работата ќе отиде во офтопик.
Замисли ако одеднаш ја изгубиме интелигенцијата како ќе се храниме? Целта на ова шо го пишувам не е заради веганизам туку дека дебата за суштински работи не е баш возможна пошто сите сме во својот бајс. Џабе е, се што можеш е да најдеш некој со слични перцепции. Конзервативци и либерали - двете хемисфери на мозокот - различно ја перцепираат реалноста но единствено заедно ја комплетираат - тоа го вика науката.
 
Зошто да не прифатам нешто не само од тебе, туку и од било кој, ако е издржано и аргументирано со факти?
Немам проблем со концептот на прифаќање на факти, или барем сакам да мислам дека немам. :)

Но што ти е тезата?
Па нема, како што нема ни ти да станеш посвесен за реалноста дека ние сме биле всушност плен во природата, не предатор, не ловец. Доколку го прифатиш тоа ќе си во синк со тоа што е твојата природа и законите за твојата врста. Но ти нема, кој сум јас будала на форум да ти го кажувам ова, уклучуваш механизам на одбрана кој го игнорира најбитното шо напишав - здрави се, пандемијата не ги коси. Ако сите бевме тоа немаше да има локдаунс, пропаѓање бизниси, кризи во системот, оптоварено здравство. Значи можам да застапам теза дека јадењето месо е општевствено неодговорно бидејќи во вакви ситуации ни го руши системот. Преедноставно е ама не го гледаш и во овој пасус ја користиш интелигенцијата да го избегнеш сето ова.
Неколку теми истовремено начнуваш, но дали нема да згрешам ако екстраполирам дека исхраната односно јадењето месо ти е основната дилема која ја дискутираш?
Ако е така, тогаш тезата ти е дека јадењето месо е општествено неодговорно?

Постои ли некоја тема за оваква дискусија, да се преселиме таму?
Или можеме и да отвориме нова тема.

Зошто овде, освен ако не дискутираме за наметнување на вредности за јадење/нејадење месо, сме офтопик. :)

Замисли ако одеднаш ја изгубиме интелигенцијата како ќе се храниме? Целта на ова шо го пишувам не е заради веганизам туку дека дебата за суштински работи не е баш возможна пошто сите сме во својот бајс. Џабе е, се што можеш е да најдеш некој со слични перцепции. Конзервативци и либерали - двете хемисфери на мозокот - различно ја перцепираат реалноста но единствено заедно ја комплетираат - тоа го вика науката.
Ако наеднаш (магично?) ја изгубиме интелигенцијата, најверојатно е дека ќе изумреме во една генерација. Еволуирани сме да го користиме умот, покрај телото. Спореди не со најблиските сродници со кои делиме повеќе од ~98% од ДНК - шимпанзата, и приматите општо. Тие имаат многу поголема сила, несразмерно на величината, и сепак сеуште се интелегентни, многу поинтелегентни од другите цицачи. Верувал или не, постои случај на шимпанзо кое го има научено јазикот на глувонемите! Се разбира со ограничен речник, но сепак. Дури ни приматите не би преживеале ако им ја одземеш интелегенцијата.

Се обидувам да ти објаснам дека еволуирани сме во вид кој не може да преживее без интелегенција. Не ти држи вода размислувањето дака некако магично ќе се претвориме во тревопасни животни, и така ќе преживееме. Тревопасните животни имаат по неколку желудници, имаат дигестивен систем, цревна флора и композиција со кои можат да ги добиваат сите нутриенти од трева/билки. Но ти си сештојад, омнивор. Според морфологијата на дигестивниот систем, поблизок си до месојад отколку до хербивор. Можеш да преживееш без јадење месо, но ти треба специфична растителна храна а не било кои билки или трева. Ти требаат овошје, зеленчук, кои никако/тешко ќе ги најдеш диви во природата. Си видел дива лубеница? Личи на краставица и скоро да нема фруктоза. :)

Тоа се фактите. Факти се без разлика како ти и јас ги перцепираме, и ни најмалку не им влијае тоа како ти и јас политички/идеолошки се декларираме. :)
Ајде забегавме, кажи дали има соодветна тема, или да отвориме нова.
 
Зошто да не прифатам нешто не само од тебе, туку и од било кој, ако е издржано и аргументирано со факти?
Немам проблем со концептот на прифаќање на факти, или барем сакам да мислам дека немам. :)

Но што ти е тезата?

Неколку теми истовремено начнуваш, но дали нема да згрешам ако екстраполирам дека исхраната односно јадењето месо ти е основната дилема која ја дискутираш?
Ако е така, тогаш тезата ти е дека јадењето месо е општествено неодговорно?

Постои ли некоја тема за оваква дискусија, да се преселиме таму?
Или можеме и да отвориме нова тема.

Зошто овде, освен ако не дискутираме за наметнување на вредности за јадење/нејадење месо, сме офтопик. :)

Ако наеднаш (магично?) ја изгубиме интелигенцијата, најверојатно е дека ќе изумреме во една генерација. Еволуирани сме да го користиме умот, покрај телото. Спореди не со најблиските сродници со кои делиме повеќе од ~98% од ДНК - шимпанзата, и приматите општо. Тие имаат многу поголема сила, несразмерно на величината, и сепак сеуште се интелегентни, многу поинтелегентни од другите цицачи. Верувал или не, постои случај на шимпанзо кое го има научено јазикот на глувонемите! Се разбира со ограничен речник, но сепак. Дури ни приматите не би преживеале ако им ја одземеш интелегенцијата.

Се обидувам да ти објаснам дека еволуирани сме во вид кој не може да преживее без интелегенција. Не ти држи вода размислувањето дака некако магично ќе се претвориме во тревопасни животни, и така ќе преживееме. Тревопасните животни имаат по неколку желудници, имаат дигестивен систем, цревна флора и композиција со кои можат да ги добиваат сите нутриенти од трева/билки. Но ти си сештојад, омнивор. Според морфологијата на дигестивниот систем, поблизок си до месојад отколку до хербивор. Можеш да преживееш без јадење месо, но ти треба специфична растителна храна а не било кои билки или трева. Ти требаат овошје, зеленчук, кои никако/тешко ќе ги најдеш диви во природата. Си видел дива лубеница? Личи на краставица и скоро да нема фруктоза. :)

Тоа се фактите. Факти се без разлика како ти и јас ги перцепираме, и ни најмалку не им влијае тоа како ти и јас политички/идеолошки се декларираме. :)
Ајде забегавме, кажи дали има соодветна тема, или да отвориме нова.
Не не, сакав само да ти доловам дека џабе е муабет, иако комн сенс ти кажува кој е поздрав, пред тебе е, повеќе од јасно е ама ти нема да го видиш. Ко ќе добиеш удар Жан Митрев и колегите ќе ти кажат да мавнеш мрсно, цигари, алкохол. тогаш ќе видиш колку си омнивор, не со дебата на форум. Ни ја не сум веган само се трудам да сум пореален со себе. Фактот шо живо месо не сум способен да јадам ми кажува многу за мојата природа.
Пак, не е за месото муабетот туку дека на крај ќе ја користиме интелигенцијата за оправдување на нашата дисфункција, ти ја гледаш чисто во воукерите но не и во себе, така и они ја гледаат твојата без свесност за својата. Врста во дисфункција сме, во дисбаланс со тоа што е природно за нас и тешко ни е да си признаеме, можеби треба да ги доживееме екстремите за еден ден да научиме како треба.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom