Wizz Air летови од/до Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Apple
  • Време на започнување Време на започнување
http://wizzair.com/mk-MK/useful_information/baggage

@Tranquilis би сакал да те замолам да споделиш информација колку се ригорозни регулациите за величината на бесплатниот багаж. Ранецот на линкот долу е 3 сантиметри подолг од пропишаните 42 (поточно 45cm x 24cm x 30cm):
http://www.amazon.com/Mil-Tec-Military-Tactical-Rucksack-Backpack/dp/B0032T8JUO

Или можеби торбава голема 43х33х23 см:
http://www.amazon.com/American-Tourister-Luggage-Wheeled-Boarding/dp/B007UNSI0Y

Зависи од персоналот на аеродромот од каде што леташ. По правило, тоа не се вработени во Wizz Air, туку во хендлинг компанија на аеродромот и имаат генерални упатства. Зависи од нивната проценка на лице место.
 
Знаете дали варираат цените за летови, т.е. дали може да падне цената со тек на време?

Варираат цените , а ако нема заинтересираност за одреден термин на лет ја намалуваат цената.

Цената со тек на време може да падне (што е многу малку веројатно), меѓутоа може и да се ЗГОЛЕМИ (што е повеќе веројатно)! Зависи од дестинацијата, резервациите за летот, сезоната на летање и сл.! Што поскоро си купиш/резервираш карта за летот, тоа подобро. Колку повеќе се ближи денот на летот, цената на билетот се зголемува.

Moze da padne, ama na 14 dena pred letot glej da kupis poshto posle samo ke se nakachuva. :)

Ова е од истражувањето што го направив лани:

Чисто информативно, за тие што мислеа дека ако цената се покачи, нема шанси да се спушти, еве го резултатот на моето истражување во тек од 3 месеци, како се движеа цените за дестинација Скопје - Ајндховен, на 28.06.2013 и 01.07.2013:

4An6HK1.png

Истражувањето е направено од 08-ми Април 2013 до 27-ми Јуни 2013 (ден пред летот), период кој мислам дека спаѓа во висока сезона
Цените се за лет без багаж, за едно лице.
Летот до Ајндховен беше одбран чисто случајно.
Графиконот го прикажува растот и падот на цените, директно добиени од сајтот на WizzAir.
 
Мене ме занима зашо у септември картата од скопје до лондон е преку 300евра у еден правец ?
 
Мене ме занима зашо у септември картата од скопје до лондон е преку 300евра у еден правец ?

За 99% од ваквите прашања одговорот е „побарувачка„. Конкретно таа насока (сезоналитет) се забележува на скоро сите рути во мрежата, не е само Скопје-Лондон во прашање. Најизразена е кај рути со силен „етнички„ карактер. Тие летови најверојатно ќе бидат распродадени по цена повисока од моменталната и тоа понекогаш и недела дена и повеќе пред полетување.

Провери го билетот во спротивната насока во исто време и ќе забележиш голема разлика.[DOUBLEPOST=1396809808][/DOUBLEPOST]
Ова е од истражувањето што го направив лани:

Би било интересно да го повториш истражувањето за исти / слични датуми. Чисто FYI, можеби ќе забележиш нешто, колку и да е статистички занемарлив примерокот.
 
Мене ме занима зашо у септември картата од скопје до лондон е преку 300евра у еден правец ?
Многу едноставно - затоа што побарувачката е голема, им завршува летниот одмор на нашинците коишто работат во UK, па во тој период - крајот на август и почетокот на септември морат повторно да се вратат на работа! Туку, гледај купи си карта навреме, можеби ќе ги распродадат или ќе платиш многу висока цена за картата!
 
Не гледав за мене,ја не сум у мк.Само сметам дека 300евра се премногу за карта у еден правец со нискобуџетна компанија,без разлика на побарувачката.
 
Не гледав за мене,ја не сум у мк.Само сметам дека 300евра се премногу за карта у еден правец со нискобуџетна компанија,без разлика на побарувачката.[/quoteизволните критериуми.

Со други зборови..

Да беше цената 50 евра, летот веќе ќе беше распродаден и воопшто немаше да имаш можност да се прашуваш дали цената ти ги задоволува произволните критериуми.
 
Не гледав за мене,ја не сум у мк.Само сметам дека 300евра се премногу за карта у еден правец со нискобуџетна компанија,без разлика на побарувачката.
Ок бе брат, ама ајде де провери колку кошта карта од Скопје до Лондон со ВИСОКОБУЏЕТНИТЕ компании (јас веќе проверив за тебе - 400, 500, 600, 700, па дури и 900 евра во еден правец), и ќе заклучиш дека картата од 300 евра и НЕ Е БАШ ПРЕМНОГУ! Посебно тоа што со овие високобуџетните ќе мора прво да слеташ во Виена, Загреб, Истанбул, Белград, Љубљана и др., па ќе мораш да излезеш од тој авион, ќе дремиш на аеродромот неколку саати, па ќе се качиш во друг авион за крајната дестинација Лондон и летот од Скопје до Лондон така ќе трае 10, 12 па и 18 часа. А овде летот е директен (без 1 или 2 запирања) и трае околу 2 часа и 30 минути! :)
Единствена предност е тоа што со овие скапите карти добиваш храна и пијалок и што авионите се понови, меѓутоа нема белки да огладнеш за два и пол часа лет со евтините карти! :D
Скоро читав некаде во весник дека некои компании веќе размислуваат да не служат храна и пијалок само за да ја намалат цената на картата.
 
Последно уредено:

Се е тоа у ред ама не знам колку се сеќаваш коа почнаа да летаат у мк како се рекламираа 'карта од скопје до лондон за само 35 евра'.
Иначе има огромна разлика од нискобуџетна и високобуџетна компанија.И не знам како може да речеш дека не е премногу кога истиот месец у обратна насока е 50евра.
 
@Tranquilis фала за одговорот. Пред да ги нарачувам ранците, најпаметно ќе ми биде да поминам со едно метро до аеродромот (кога ќе има закажан лет од Wizz). Ако не се лажам, на чек'ин локацијата треба да имаат една метална конструкција со пропишаните димензии, и секоја торба/ранец што влегува внатре: ги исполнува прописите за бесплатен багаж. Мислам дека ранци нема да бидат проблем за пар сантиметри плус, пошто лесно се туткаат под седиште (за разлика од куферчињата, кои имаат ригидна конструкција).
Исто кога ќе купам ранците, можам да проверам на лице место дали ги исполнуваат условите.

...сметам дека 300евра се премногу за карта у еден правец со нискобуџетна компанија,без разлика на побарувачката.
Јас колку што ги разбирам работите, нискобуџетните авиокомпании работат на принцип 100% полнење на авионите, и со тоа исполнување на условот за рентабилно и профитабилно летање. Така имаат нешто понизок профит, ама посигурен бизнис.
Затоа картите прво им се навистина евтини (заради реклама и 100% полнење на авионот), па потоа како се купува одреден број од карти по ниска цена, така понатаму цената на картите рипа. Ако има голема побарувачка (обично кратко пред датумот на летот), цената може да испадне навистина висока.

Овој принцип на работа е сосема во ред, пошто барем има можност за евтино летање... ако планираш на време. Еве јас деновиве ќе купувам карти за Септември/Октомври, и дури и сега малку каснам со тоа ако ги сакам најниските можни цени.

Една работа што не ми се допаѓа кај Wizz, е величината на бесплатниот багаж и плаќањето на кабинскиот багаж (за во горната преграда). Тоа го нема кај RyanAir, EasyJet, Vueling... кои сите имаат бесплатен багаж до величина од 55x40x20 cm.
55x40x20 cm овака не изгледа многу повеќе од дозволената величина од Wizz, но всушност разликата е голема: 30литри волумен на наспроти 50литри. Прилично голема разлика.
 
55x40x20 cm овака не изгледа многу повеќе од дозволената величина од Wizz, но всушност разликата е голема: 30литри волумен на наспроти 50литри. Прилично голема разлика.[/USER]

Од сега до септември има време али сепак е 300евра(без такса и без багаж),за враќање за истиот месец е 50 евра.да е до 150 евра во ред,ама ова е 6 пати повеќе.
Јас летав со нив одамна,85 евра ми беше картата скопје-лондон комплет со сите трошкови и багаж,а ја купив картата 6 дена пред летот, а летот беше 1 недела пред нова година.
Иначе ова за багажот им е сменето али не знам од кога.порано не ставаа багаж под седишта,туку сите одеа горе у преграда,јас ранец за лаптоп ставав у преграда горе.
 
Една работа што не ми се допаѓа кај Wizz, е величината на бесплатниот багаж и плаќањето на кабинскиот багаж (за во горната преграда). Тоа го нема кај RyanAir, EasyJet, Vueling... кои сите имаат бесплатен багаж до величина од 55x40x20 cm.
55x40x20 cm овака не изгледа многу повеќе од дозволената величина од Wizz, но всушност разликата е голема: 30литри волумен на наспроти 50литри. Прилично голема разлика.

Има солидна разлика, воопшто не е исто.
Ама затоа чекираниот багаж е 32 кила и нема доплати за пречекорена тежина, за разлика од 15/20 кг кај конкуренцијата и доплата од 7-13 евра по кило.
Фино може цело семејство да се смести во еден. :cool:

Еднаш така доплатив ~150 евра преку easyJet. Ама не ми беше жал, заминував од Унгарија засекогаш па со мерак ги платив. :icon_mrgr:
 
Епа @galaxys нека биде глуп како цреп другар ти. :)
Нека види варијанта со преспојување. Еве предлог, со Wizz до Бергамо (Милано) и после конекција со RyanAir, EasyJet, Vueling. Гарантирам дека ќе испадне помалку од 100евра (можеби и под 70тина евра).[DOUBLEPOST=1396870661][/DOUBLEPOST]
Има солидна разлика, воопшто не е исто.
Ама затоа чекираниот багаж е 32 кила и нема доплати за пречекорена тежина, за разлика од 15/20 кг кај конкуренцијата и доплата од 7-10 евра по кило.
Фино може цело семејство да се смести во еден. :cool:
Секако, ама излегува дека практично си обврзан да доплатиш некои 2200ден по лет (а ако има преспојувања ова кумулативно се додава за секој одделен лет). Практично цената е скоро секогаш поголема за некои триестина евра. Освен ако не идеш на кратко патување во летно време, и/или можеш да се снајдеш со многу малку багаж.
Плус тие 15/20 кг се сосема доволно во повеќето случаи, верувам дека тие максимални 32кг на Wizz не ги достигнува скоро ниеден патник. :)

Не сакам да изгледа дека плукам по Wizz, напротив одлично е што летаат до Скопје. Нo мислам дека со овие рестрикции го губат делот од пазарот на патници кои редовно патуваат со кабински багаж (еве јас мразам да чекам багаж после лет, а имам и лошо искуство со изгубен багаж).
Или можеби ваквите рестрикции важат само во земјите каде не летаат други нискобуџетни комапании? ;)
 
Последно уредено:
Vanlok напиша:

Ех, камо среќа да беше ексклузивно нешто само за Македонија. Напротив, праксата е „водечка„ во цела Европа. :icon_lol:
Си имал ситуација да не можеш да си го ставиш багажот над седиште затоа што веќе после пола качени патници се е преполно? Знаеш колку време се губи додека сите се сместат потоа? Да не ги ни спомнувам неажурните хендлинг агенти кои пуштаат да им се протне секаков багаж па потоа кабинскиот персонал мора да се снаоѓа како знае и умее.
Во секој случај - Нешто се губи, нешто се добива ;) Нивото на „сигурност„ во тврдењата кој какви услуги користи сепак ти е последица на индивидуална перцепција и потреби. Секако, моменталното решение е најзгодно за фамилии, а такви има многу.

Патем речено, таму каде што повеќето гледаат „обврска„ за плаќање и дополнителни трошоци, јас гледам можност за штедење и прилагодување на услугата според сопствените потреби. Малку треба време да се навикнеме на концептот и разбереме која е вистинската цена на патување и придобивките од овој начин на работа, сепак само пар години е присутен во Македонија. Се уште голем број се водат од медиумски форсираните минимални цени.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom