Wizz Air летови од/до Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Apple
  • Време на започнување Време на започнување
Истото ми се случи и мене, со тоа што мене ме контактираа да ми кажат, ми дадоа и опции дали сакам да ми ги рефундираат средствата, дали сакам да си одберам друга дата, а-у...

Ти сега си го видел ова претпоставувам, иначе се случи некаде после НГ.

А тоа дека се катастрофа, не држи вода и го пишуваш сеа дека си бесен што ти го реметат планот, а што те кошта картата до Париз 50еу повратна, тоа никому ништо :)

Не ти треба пријателот за да те земе од аеродром, качи се на бус, за 1 саат си у Париз, после таму ќе се снајдеш :)
Здраво. Вака: Нормално е да сум бесен пошто веќе земавме одмор и јас и женами од 2 и не е така едноставно да се променува, пријателот што треба да ме пречека ете поточно другар истовремено треба и да престојуваме кај него и не е само до париз туку ке бидеме во Amiens плус прв пат ни е и не е се така едноставно. П.С картите ме чинат 350 евра. за тројца :)[DOUBLEPOST=1393595250][/DOUBLEPOST]
Исказите во црвено не се вистинити.
Ако решиш да се откажеш, ќе ти биде вратена полната сума.
Ако сакаш да ги смениш летовите, ќе можеш да го сториш тоа бесплатно во периодот од +/- еден месец, без разлика дали новите летови се поскапи.
Телефонскиот повик до бројот кој е посочен во известувањето (кое треба да ти е пристигнато на регистрираниот e-mail или мобилен) се наплаќа по локална тарифа.

За жал, во ретки случаи мораат да се прават промени на редот на летање. Внимателно друг пат со плукањето.[DOUBLEPOST=1393591939][/DOUBLEPOST]

Провери пак, летовите оригинално беа понеделник / петок, се сменија во среда / недела, сега се вратија на оригиналниот распоред.

Малку ги искарав тие што се одговорни за ова, но понекогаш да се воведе нова дестинација треба да се направат оперативни компромиси.
Значи никогаш ама баш никогаш не сакам како што рековте да "плукам" по било кого ама неможе вака да си играат со нас (ај среда, ај пу пу не важи ај петок, се зафркававме ај вторник) исправете ме ако не е така :) и картите ми се купени на 05 фебруари значи не се пред нова година, организација е (дизниленди, средби, шетање сега се е пореметено) плус и другар ми зема одмор :facepalm:
 
Последно уредено:
Треба да е локална тарифа.
Промена на дати никогаш не се *очекува*.
Промената беше направена вчера, известувањето би требало да е или веќе испратено или во процедура.

Ај што ги сменија датите, ги сменија, ама и ден ми скратија? Колку се чека за refund?
 
Море сеа ме замисливте... да си ги проверам јас картите за моите да не им ги смениле па да ми дојдат порано :P :D

да надополнам само не е локална тарифа. Цената стои на веб страната.
Македонија 059030440 35.40 MKD * мин
 
Има друг број за вакви ситуации.
 
Има друг број за вакви ситуации.
Oкеј можеби, јас успеав само овој број да го најдам. А и лошо е немаат речиси никакви информации на веб страната :S Информации од стилот на тековни случувања :) Или и тоа не успеав да најдам :D
 
Oкеј можеби, јас успеав само овој број да го најдам. А и лошо е немаат речиси никакви информации на веб страната :S Информации од стилот на тековни случувања :) Или и тоа не успеав да најдам :D

Има информации за тековни случувања, ова со Скопје - Париз е од Април натаму.
Посебниот број е само за посебни ситуации - не може да се користи за други потреби, па затоа и не е објавен јавно.
Пораките со известување ќе бидат испратени од понеделник како дел од поголема група пораки во врска со промени во други делови од мрежата.
 
Дали има шанса Визер да пуштат лет Скопје - Барселона?
 
Ајде помош ако може значи тргнувам на 26 ти за Бергамо и сега ги испечатив картите , еден другар ми кажа дека морам да ги чекирам картите за да не плаќам пари на аеродромот а јас не знам како да го сторам тоа . Картите се идпечатени и на нив пишува колку куфери имам право да носам и сега дали некој знае како да го направам тоа .?
 
Повели овде имаме објаснето.
http://forum.kajgana.com/threads/Евтини-авионски-карти.5022/page-95#post-6038680

Ако имаш пак прашање пиши, убав пат :)
 
Повели овде имаме објаснето.
http://forum.kajgana.com/threads/Евтини-авионски-карти.5022/page-95#post-6038680

Ако имаш пак прашање пиши, убав пат :)

Покрај печатењето на картите, одкога ќе ги чекираш онлајн повторно треба да го печатиш чекираниот документ?

---

Пардон на глупото прашање, го видов објаснувањето на линкот - одкако ќе се чекира / пријавиш ти ја праќат картата. Благодарам :D
 
Последно уредено:
@Tranquilis дали визер ќе ги задржи овие денови за летовите скопје - бергамо? претходно беа петок и недела, сега среда и недела.... и да не има некоја шанса да се додаде плус некој ден? :D знам, барам преку леб погача...
 
Петок - Понеделник беше ;)

Зависи од тоа дали треба да се додаваат други летови на тој авион. Генерално не можам да дадам одговор на вакви прашања, затоа што работата е многу динамична и за промените обично се решава во рок од најмногу недела дена.

Не верувам дека ќе има додатни летови до Бергамо, барем не годинава.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom