Погледни ја сликата погоре ...
Истражувањето е направено од 08-ми Април до 27-ми Јуни (ден пред летот), период кој мислам дека спаѓа во висока сезона (ова може да го потврди
Tranquilis )
Цените се за лет без багаж, за едно лице.
Летот до Ајндховен беше одбран чисто случајно.
Графиконот го прикажува растот и падот на цените, директно добиени од сајтот на WizzAir.
Ако тоа не се релевантни податоци, кажи кои би биле.
Доколку мислиш дека има некој пропуст во ова истражување, слободно презентирај податоци.
Доколку некој сака да го продолжам истражувањето, одберете лет, на пример во ниска сезона (октомври-март) за да имаме подолг период за следење, и кажете ми, па ќе следам како се движат цените за тој лет, и на крај пак ќе направиме графикон.
Исто така, доколку сакате споредба со некоја друга компанија, можам и тоа да пробам да го додадам во графиконот.
P.S. Disclaimer:
Јас сум само про-"low-budget" компании, без никаква поврзаност со нив, само да ги има што повеќе.