Здраво дечки. Имам едно прашање на кое што на сите можни места каде што прашав добив различен одговор, па еве ќе се обидам и тука. Првпат ќе летам, па поради ниската цена го избрав визер. Поради тоа што се работи за само 3 дена, избрав да не плаќам за голем кабински багаж, туку да внесам само мал кабински багаж за кој што не се доплаќа ништо. Бидејќи ќе патувам во пар, а поради тоа што цените на храната во копенхаген се прилично високи, ми дојде идеа едниот ранец да го наполниме со облека а вториот ранец да го наполниме со храна. Меѓутоа, визер нема е-маил за контакт, туку само скапа телефонска линија, па бев приморан да најдам одговор дали е дозволено да се внесе толку храна во авионот. Прашував по разни форуми, прашував по туристички агенции, прашував по другари но од сите добив различен одговор. Најчест одговор што го добив е дека може да се внесе храна во количина колку што нормален човек може да изеде за времетраење на летот (на пр 2-3 кроасана). Вториот најчест одговор беше дека е целосно забрането внес на храна, освен храна за бебиња. Третиот одговор кој што го добивав е дека не постои ограничување, и дека може да се внесе и цел ранец со храна. Дали некој од вас пробал да внесе некое сигнификантно количество на храна горе во кабина со него (не збориме за чекиран багаж, туку само за кабински)? Доколку да, кој е лимитот, секако доколку има лимит. Ве молам споделете искуства